
Aкцијата за чистење на училишните дворови
На ден 10.10.2019 нашето училиште ООУ ֦ Дане Крапчев ֞ активно се вклучи во акцијата за чистење на училишните дворови која ја организираше општината Гази Баба заедно со ЈП Комунална хигиена -Скопје. Акцијата за чистење на училишните дворови се одвиваше во периодот од 11:00 до 12:00 часот во која беа вклучени сите ученици од 2 до 9 одделение.На учениците им беа поделени медицински ракавици и ќеси за отпад. Учениците го собираа сметот кој зад себе го оставаат несовесните минувачи во целиот училишен двор. Собрани беа околу 12 црни вреќи мешовит отпад.
По завршување на еко акцијата учениците и наставниците од нашето училиште положија свежо цвеќе пред бистата на Дане Крапчев во пресрет на утрешниот државен празник 11 Октомври -Денот на народното востание