Препораки до родителите и учениците

Почитувани родители и ученици!!!

Поради новонастанатата ситуација, сепак децата треба да продолжат да учат и додека се дома. Една од мерките кои ги усвои Владата на Република Северна Македонија за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата. Децата од не посетуваат настава во своите училишта. Но, тоа не значи дека воспитно-образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови. Следете ги препораките и насоките од Владата на РСМ, препораките од Здравсвените установи и Министерство за здравство, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, општина Гази Баба, како и насоките од нашето училиште преку платформата Учи од дома. Воспитанието и образованието е процес, кој секогаш во соработка со Вас сме го практикувале. Родители, ајде и овој пат да им помогнеме на децата да продолжат со учење дома во периодот додека училиштето е привремено затворено. Ви благодариме на соработката!!!

По препораките на Министерството за образование и наука и БРО, наставниот кадар на ООУ„Дане Крапчев“ Скопје, ја изготви оваа платформа со насоки како и електорнски материјали за УЧЕЊЕ ОД ДОМА. Активностите во моментов се ажурирани за период од 11.03.2020 до 20.03.2020 год. Со кликање на хипер линкот„Активности за период од 11.03.2020 до 20.03.2020 год.“ – автоматски ќе ви се отворат материјалите за самоучење (презентации, наставни листов, едукативни игри, видеа….).

Од понеделник 16.03.2020 на МТВ отпочна емитување на образовна програма за учениците од 1,2,3 и 4 одделение со почеток од 10:30 и ќе трае до 13 часот.

Ученици искористете го методот за самоучење, истражување, пребарување на интернет, експериментирање……. и следете ги насоките зададени од наставникот! Седете дома и слушајте ги родителите!