Денес нашето училиште беше весело, распеано и шарено. Принцови, самовили, кловнови и јунаци од цртаните филмови ни го разубавеа денот. Наши гости денес беа и дечињата од градинката ,,Искра” со нивната наставничка Марија. На дефилето беа избрани десет најкреативни маски на кои им доделивме пофалници и награди. Благодарност до сите креативни ученици и наставници за вложениот труд.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СО НОВИ КРЕАЦИИ НА СЛЕДНАТА АПРИЛИЈАДА







