
Меѓународен ден на пешаците – 15 октомври
Реалирано на 15-10-2018
Цел на активноста : –
- Да се подигне јавната свест за придобивките од пешачењето
- Да се подигне свеста на пешаците како учесници во сообраќајот
- Да се подигне свеста за безбедноста на пешакот во сообраќајот
Целна група: ученици, наставници, вработени во нашето училиште и локалното население
Опис:
Учениците се јавија во улога на носители на оваа кампања преку изработка на репрезентативни материјали во вид на флаери преку кои апелираа подигнување на нивото на безбедност на пешаците како учесници во сообраќајот , како и истакнување на придобивките за здравјето од пешачењето.
Тие изработија пано на кое ги истакнаа безбедносните проблеми со кои се соочуваат пешаците, но и придобиките од оваа активност.Исто така тие поделија флаери на паркираните возила во околината и локалното население околу училиштето со цел да ја подигнат јавната свест за пешачењето.