
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС И ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ НА ТЕМА 8 МАРТ – ДЕН НА ЖЕНАТА
По повод празникот 8-ми Март – Денот на жената во нашето училиште ,,Дане Крапчев” беше организиран литературен конкурс. Право на учество на конкурсот имаа сите ученици од нашето училиште, а учествуваа 29 од нив со лични литературни творби.
На денешното литературно читање кое се одржа во просторијата на училишната библиотека во присуство на неколку наставници, директорката и библиотекарот со почеток во 12.00 часот, преку поетски и прозен литературен мозаик учениците ја покажаа почитта и љубовта кон своите мајки, баби и наставнички…
За оваа пригода беа доделени награди (книга) за најуспешните литературни творби во предметна и одделенска настава и тоа:
I награда за личната творба ,,За жените” – Илина Тодева IX 1 одд.
I награда за лична творба ,,Мајка” – Кирил Недев IV 4
II награда за личната творба ,,Мојата мајка” – Ања Јованова V4 одд.
Библиотекар – Жаклина Атанасовска