Кошарка

Денес, 22.03.2018, во спортската сала  „М.А. Ченто“ а во организација на нашето училиште се одржа Државното првенство во кошарка за женски од основните училишта.

Федерацијата на училишен спорт на Македонија  искажа задоволство од успешната  организација на  првенството.

Многу сме горди на нашите  кошаркарки кои го заземаа третото место.

ПЛАСМАН

🥇1 место ОУ ,,Јосип Броз Тито” – Струга
🥈2 место ОУ ,,Ванчо Прке” – Делчево
🥉 3 место ОУ ,,Дане Крапчев” – Скопје
🏅4 место ОУ ,,Кузман Шапкарев” – Скопје

20 март- Меѓународен ден на Франкофонијата

Над 270 милиони франкофони на петте континенти во текот на месец март го слават францускиот јазик преку разни конкурси за пишување состави, поеми, литературни средби, преку приредби, филмски фестивали, гастрономски настани, уметнички изложби…

И нашето училиште се приклучува кон прославата на Франкофонијата.

На 21 март, во училницата по француски јазик, се одржа презентација за Франкофонијата во светот, а потоа преку интерактивен квиз учениците низ забава ги проверија своите познавања но и научија нешто повеќе за Франкофонските земји и нивната култура.

На 30 март ќе продожиме со франкофонски игри, а во следниве три седмици и талентите за уметност ќе творат на тема Франкофонија. Активностите ќе ги заокружиме со учество со заедничка приредба со повеќе основни училишта во Скопје каде ќе бидат изложени и цртежите од наште уметници.

This slideshow requires JavaScript.

Натпревар по информатика – информатичко размислување 2018

Од годинава, за учениците од IV до VII одделение се организираше  натпревар во информатичко размислување.

Натпреварот се спроведе на општинско/регионално ниво. Се одржа на 11 март 2018 во просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет.

Се натпреваруваа: Никола Наумов од IV одд.  Нина Ристиќ од  VI одд. и  Јане Ѓорѓиевски од  VII одд.

Јане Ѓорѓиевски го освои првото место во категорија – ученици во  VII одд. а

Никола Наумов го освои второто место во категорија – ученици во IV одд.

Им посакуваме успех и на Државниот натпревар.

Регионален натпревар по Физика

На 10.03.2018 год. се одржа Регионалниот натпревар по Физика. Нашите ученици 
Јован Јанковски и Ивана Додевска на истиот освоија 3- то место со тоа се пласираа на Државниот натпревар по Физика. На Јован и Ивана и нивниот ментор наставничката по Физика Јулија Јанкуловска им посакуваме успех на Државниот натпревар.

Зошто се слави 8-ми Март?

Меѓународниот ден на жената е светски празник кој се одбележува на секоја година на 8. март. На овој празник се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, на иницијатива на социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената бил одбележан на 28. февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година, под закрила на Втората интернационала во Копенхаген, била  одржана Првата меѓународна конференција на жените, на која било одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но не бил утврден точен датум. На 19 март 1911, празникот по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири.

8. март за прв пат бил прогласен за државен празник, по победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Но, сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник.

8 март е државен празник во неколку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан,Виетнам, Кина. Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената.

http://www.crnobelo.com/novosti/svet/992-zosto-se-slavi-8mi-mart

Резултати од општинскиот натпревар по математика

На општинскиот натпревар по математика земаа учество 21 ученик од IV до IX одделение. На истиот беа постигнати следните резултати:

Алексеј Стојановиќ       V одд.                   II место

Тамара Вељковиќ          V одд.                   III место

Анастасија Тодевска     VI одд.                  III место

Јана Благојевиќ               VI одд.                III место

Јане Ѓорѓиевски              VII одд.               III место

Петар Ристовски             IV одд.                 пофалница

Ангела Милановска      VI одд.                  пофалница

Ема Димитровска           VI одд.                 пофалница

Марко Смилевски          VII одд.                пофалница

Павел Наневски              VII одд.                пофалница

Ивана Додевска              VIII одд.               пофалница

Владимир Грујовски     IX одд.                  пофалница

Матеј Трајчевски            IX одд.                 пофалница

Им посакуваме успех и на регионалниот натпревар!

Голем одмор на МТВ 1

На 27.02.2018 учениците од нашето училиште ООУ,,Дане Крапчев,, учествуваа во емисијата ,,Голем одмор,, на МТВ 1. Гостувањето беше по повод 40 години образовно-воспитна дејност на нашето ООУ,,Дане Крапчев,,- Скопје.

Учениците го престставија училиштето во најдобро светло. Направија една ретроспектива на училиштето од 1978 година па се до денес , а сето тоа беше документирано и со фотографии. Ги истакнаа освоените награди и проектите кои се реализираат во нашето училиште , кои сите не прават особено горди и ни даваат сила да чекориме кон понатамошни успеси.

Програмата беше збогатена и со учество на :

  • Првачињата – кои настапија со ритмичката точка од патрониот празник на песната ,,Првачиња колачиња,,
  • Учениците од IV одделение – со ритмичката точка од патрониот празник на песната “Better when I’m Dancing“
  • Триото Атанасиј Соколов (електрична гитара) , Иван Лозаноски (електрична гитара)   и Миа Мустафа (вокал) ученици во IX одделение, кои настапија со изведба на неколку музички композиции од познати автори. Музичко трио кое многу ветува, и за кое многу ќе се слуша во иднина.

Учениците пак од V одделение , работеа во креативните катчиња и создаваа свои дела. Едната група Никола Христовски, Андреј Бојкоски и Теона Димишковска беа конструктори кои создаваа предмети според дадени шеми. Додека пак другата група Јована Ѓорѓиевска, Нина Јовановска и Ева Митевска  беа креативци кои создаваа торбички , перничиња , ташнички изработени од најразлични материјали.

Ликовното катче со своите интересни изработки го збогатија Делфина Саравинова и Анастасија Јовановиќ.

Капитените на екипите Леонид Велковски и Мирна Мемиќ преку одговарање на прашања од квизот им донесоа победи на своите тимови.

Насмевките на лицата на учениците и целиот тим кој ја прифати одговорноста да се справи и со овој предизвик говореа за успешноста на овој настан.

This slideshow requires JavaScript.