Резултати од училишниот натпревар по математика VI-IXодд.

Училишниот натпревар по Математика се одржа на 05.02.2021

Ученици и освоени места:

VI одделение

Давид Арнаудов – I место

VII одделение

Никола Милосковски – I место

VIII одделение

Алексеј Стојановиќ – I место

Теона Димишковска – II место

IX одделение

Јана Благојевиќ – I место

Ангела Милановска – I место

Христина Јовановска – II место

Анастасија Тодевска – II место

Катерина Андова – III место

Бојана Џопевска – III место

Честитки!!!

По повод роденденот на нашиот патрон ДАНЕ КРАПЧЕВ

По повод роденденот на нашиот патрон, учениците направија видео преку кое ќе ви го претстават животот и делото на Дане Крапчев, а исто така ќе прочитаат и многу творби напишани за него.

Учениците од шесто до деветто одделение твореа и на тема: „Ја сликаме иднината“. Еве некои од нивните слики. Се надеваме дека ќе ви се допаднат и дека ќе уживате во нив.

Февруари-месец на училишни натпревари

Февруари е еден од најинтересните месеци во текот на учебната година.

Февруари е месецот кој сите ученици, сите родители и сите наставници со нетрпение го очекуваме. Фервуари е месецот кога учениците имаат шанса да го покажат воето знаење и да бидат “Најдобри меѓу најдобрите”.

Тоа е всушност добро познатото мото на нашите училишни натпревари кои традиционално секоја учебна година се одржуваат токму овој месец. Оваа учебна година ќе бидат спроведени on-line,  од нашите топли домови па упатуваме еден апел до сите ученици кои сакаат да учествуваат да бидат во контакт со своите наставници-предметни или одделенски за да ги дознаат сите потребни информации.

Веруваме дека се ќе помине во најдобар ред, а на учениците им посакуваме успех и добар резултат.

Натпреварите во предметна настава, од VI до IX одд. ќе се одржат во следниве термини:

05.02.2021, Петок-Математика

08.02.2021, Понеделник-Биологија

09.02.2021, Вторник-Природни науки

17.02.2021, Среда-Географија

18.02.2021, Четврток-Хемија

19.02.2021, Петок-Историја

22.02.2021, Понеделник-Француски јазик

23.02.2021, Вторник-Физика

24.02.2021, Среда-Информатика

25.02.2021, Четврток-Англиски јазик

26.02.2021, Петок-Македонски јазик

Изработки за предизвикот „Претстави ја 2020г. на креативен начин“

Пред почетокот на распустот општина Гази Баба објави голем предизвик до сите ученици и наставници на креативен начин, по свој избор, да ја претстават изминатата 2020 година.

Во продолжение изработки од нашите ученици:

Ања Јовановска

Христијан Стефановски

Ангел Николов

Сејла Косовиќ

Христина Јовановска

Катерина Андова

Анастасија Тодевска

Ана Марија Митреска

Алексеј Стојановиќ

Алексеј Стојановиќ

Најдобрите на полугодие!

Учебната 2020/21 година е во многу нешта поразлична од сите досега. На почетокот на оваа учебна година се соочивме со еден голем предизвик – учење on-line т.е. учење од далечина. За негова реализација беа вложени големи напори и сега по завршувањето на првото полугодие може да се констатира дека се се одвива во најдобар ред и доста успешно. Анализата на успехот на учениците на крајот од првото полугодие ни покажува дека процесот на учење и стекнување на нови знаења продолжува и покрај се и дека учениците во текот на оваа полугодие навистина успешно се прилагодиле и покажале солидни знаења по предметите што ги изучуваат. Учениците од I до VI одделение се оценуваат со описни оцени, а учениците од VII до XI одделение се оценуваат со бројчани оцени.

Според покажаниот успех и примерно поведение во првото полугодие пофалени се следните ученици:

Михаела Димчова VII-2, Јана Саздовска VII-2,Сара Ангелова VII-3,Петар Ристовски VII-3 и Ања Јовановска VII-4; Теона Димишковска VIII-2, Никола Христовски VIII-2, Алексеј Стојановиќ VIII-3, Јана Смилевска VIII-3, Бојана Петровска VIII-3, Тамара Вељковиќ VIII-3; Јана Благојевиќ IX-1, Ема Димитровска IX-1, Душица Лозановска IX-1, Катерина Андонова IX-2, Христина Јовановска IX-2, Ангела Анѓелкоска IX-3, Јана Кметовска IX-3, Нина Ристиќ IX-3, Јована Цветковска IX-3, Теодора Велковска IX-4, Сара Гичевска IX-4, Лорина Јакимовска IX-4, Љубица Стаменковска IX-4, Анастасија Тодевска IX-4.

Направивме ранг листа според средниот просек на паралелките. Еве ги најдобрите паралелки во првото полугодие:

1. IX-2 одделение со среден просек 3,96

2. VIII-3 одделение со среден просек 3,88

3. IX-4 одделение со среден просек 3,86

Нашето училиште е гордо што има вредни ученици, мотивирани за работа и успех.      

Среќен нека ни е почетокот на второто полугодие!

Голем предизвик од општина Гази Баба

Дојде и зимскиот распуст кој по напорната работа во првото полугодие, сите едвај го чекаат – учениците, наставниците и родителите . Препораките се да останеме дома и да внимаваме на нашето и на здравјето на другите. Затоа општина Гази Баба има голем предизвик за сите вас. Имено, сите заедно (ученици, наставници и родители) да ја претставите изминатата година на свој начин – единствен и оригинален, преку изработка на постер, брошура, карикатури, песна, анимиран филм, стрип, претстава …..

Изработките треба да се достават најдоцна до 25 јануари.

Ви посакуваме на сите релаксиран и креативен зимски распуст  исполнет со убави спомени.
Новата 2021 година да ви донесе многу здравје, среќа, успеси, радости….

Општина Гази Баба

Отворен ден за граѓанско образование 2020

Отворен ден за граѓанско образование, на еден поинаков начин-ХУМАНОСТ и во време на пандемија. Бевме креативни и хумани, успеавме да предизвикаме насмевка на лицата на најмалите ученици во нашето училиште и највозрасните граѓани во нашата населба. Хуманоста е добредојдена и се памети во секое време. Помагајте и бидете хумани, можеби некаде, некому му е потребна токму Вашата помош!

И за крај нека ни е Среќна 2021 год. Ви посакуваме многу здравје, среќа, успеси… Останете ни во добро здравје, чувајте се и бидете хумани!!! СРЕЌНА НОВА 2021 година

Еразмус+ проект BAR CODE

Нашето училиште е еден од партнерите во Еразмус+ проектот Best Achievable Results in Coding – Најдобри можни резултати во кодирањето, или скратено BAR CODE. Партнери во овој проект се училишта од Србија, Португалија, Турција и од Литванија, која е координатор на проектот. Платформата Етвининг ќе се користи во сите фази од проектот кој се состои од 5 мобилности и 21 локална активност. Преку овој проект учесниците ќе научат повеќе за кодирање, едноставно програмирање, структура на податоци и алгоритам, и тоа ќе може да се интегрира во наставата. Наставниците ќе можат да користат кодирање како алатка за настава во области како што се етика, математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование. При тоа сакаме да ги скршиме предрасудите на наставниците и родителите во врска со примената на иновативни наставни методи, да сфатат дека целта на иновативните практики не е да губат време, туку да го направат учењето потрајно и поефективно. Со помош на знаењата добиени како резултат на овој проект ќе овозможиме нашите ученици да се подготвуват за живот како индивидуи со вештини од 21 век.
Веќе реализиравме две on-line средби со нашите партнери, првата да се запознаеме, а на втората зборувавме за задачите. Прва задача беше учениците да изработат лого за проектот. Добивме многу предлози, потоа наставниците вклучени во проектот, врз основа на претходно определени критериуми издвоија 5, направија електронски прашалник и сите наставници во училиштето гласаа. Се избра предлогот на Алексеј Стојановиќ 8-3.

Големо БРАВО за сите ученици кои дадоа свои предлози. Навистина беше тешка задача да се избере само едно лого.

На следниот ЛИНК може да ги погледнете сите предлози за лого