еТвининг проект Let’s Take Climate Action

Група ученици од VII одделение со наставничката по Англиски јазик Катерина Лукарова учествуваат во еТвининг проект Let’s Take Climate Action. Целта на проектот е подобрување на јазичните вештини на учениците преку реализација на најразлични активности со нивни врсници од повеќе држави. Исто така учениците ги подобруваат и своите компјутерски вештини со употреба на Web 2.0 tools коишто ги користат за нивните изработки-постери, видеа, квизови, презентации итн. Се организираат и видео средби на Zoom, панел дискусии, се прават подкасти и се организираат натпревари. Со тоа се поттикнува натпреварувачкиот дух кај учениците, нивната мотивираност за активно учество и мултикултурализмот.

Бронза на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада

Во математиката по правило нештото кое се дели се намалува…. единствено споделената радост станува поголема. Затоа денес ја споделуваме радоста со Вас.

На Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада која се одржа на 09.06.2023 г. нашиот ученик Дамјан Петровиќ од VII одд. заедно со својата наставничка Лиле Сарвановска се закити со бронза🥉.

Посветената работа на наставничката и нејзината верба во можностите и талентот на Дамјан заслужија место на пиедесталот на најдобрите 😍.

Честитки Дамјан и Лиле!!! Да редите уште многу успеси!

Гордост сте на нашето училиште, а секако и инспирација за сите наставници и ученици.

Франкофонија во ООУ „Дане Крапчев“

👉Денес, на 6 Јуни 2023 год. Во ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје се одржа приредба со наслов „Франкофонија“. Особена чест и задоволство ни претставуваше присуството на градоначалникот на општина Гази Баба, г. Бобан Стефковски и на Амбасадорот на Франција г. Сирил Бомгартнер .

💯 На почетокот изразивме голема благодарност до амбасадорот, Амбасадата на Франција во Македонија и секако на Францускиот Инстут во Скопје за тоа што ни овозможија да бидеме дел од мрежата „J’aime le français“ и за прекрасниот подарок – интерактивен панел за училницата по француски јазик.

👉Целта на приредбата беше да се прикажат резултатите од Етвининг проектот „Ја прославуваме Франкофонијата“ во кој учествуваат учениците од секцијата по француски јазик, три училишта од Италија и партнер училиштето од Скопје „Живко Брајковски“ Во рамките на проектот, учениците се претставија употребувајќи падлет а потоа се сретнаа и се запознавме на видео конференција. Секое училиште подготвуваше свои точки и вчера на 5 јуни имавме онлајн приредба на која сите учесници се претставија со свои точки.

👌На приредбата беа претставени точките подготвени за проектот но исто така беа вклучени учениците од 5 одд кои испејаа две песнички како и учениците од третто одделени кои танцуваа на француската песна од детскиот евросонг „Тик Так“ од Ензо. Настапи хорот со француска песна како и седмоодделенката Ана Дабиќ од училиштето „Живко Брајковски“ Скопје, еден од партнерите во Етвининг проектот. 👏👏👏👏👏

Настанот го проследија многу ученици, наставници и родители на кои им благодариме за присуството. Се гледаме следната година со нови активности и проекти.

Награда на Еколошкиот конкурс „Денови на пролетта – Денови на екологијата“

Денес, 5.06.2023г. во Домот на култура „Димитар Влахов“ – Автокоманда беа врачени признанија на сите учесници кои учествуваа на Јавниот конкурс – Еколошки конкурс „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, распишан од Општина Гази Баба, со цел заштита и грижа на животната средина и природата.

Ученичката Тара Спасиќ 7-2одд.за нејзиниот есеј на тема „Екологија“ освои втора награда.

Честитки за освоената награда и уште многу успеси во иднина.

Ментор Катица Стојчевска

Секое патување ново доживување

Со учениците од трето одделение денешниот час по предметот општество за видови сообраќај го одржавме на несекојдневно место – во воз, на релација Скопје – Велес. ,,Големиот одмор” го имавме низ градот Велес. Последните часови ни беа повторно во воз на релација Велес – Скопје.

Одбележување на патрониот празник на училиштето

❤️ 46 ГОДИНИ ООУ ,, ДАНЕ КРАПЧЕВ”❤️ Училиште во кое секогаш работеле големи ентузијасти, одговорни и посветени наставници за кои учениците се секогаш во главна улога. Учениците се тие кои денес во чест на нашиот патрон ни го стоплија срцето, беа на висина на задачата , не направија горди, го истакнаа својот потенцијал и докажаа дека можат да ги достигнат сите височини. Ние возрасните денес добивме силни пораки од вас ! И на влезот од 47 година од постоењето продолжуваме да бидеме ваша поддршка, да се радуваме на секој ваш успех и заедно да напредуваме ! ❤️Ние сме тим кој секогаш победува❤️

Нашите ученици порачаа:

🙋‍♂️🙋‍♀️🙍НИЕ СМЕ СВЕТОТ, НИЕ СМЕ ДЕЦАТА

ние сме оние кои го прават денот поубав,

па ајде да почнеме да даваме.

Имаме избор да го заштитиме нашиот живот

вистина е дека јас и ти заедно ќе го направиме денот поубав

Ние сме 🌎, ние сме 🙋‍♂️💁🙆‍♂️

ЧИТАЊЕТО Е СУПЕР МОЌ

📕📖 Нашето училиште оваа седмица беше дел од кампањата,, ЧИТАЊЕТО Е СУПЕР МОЌ” која ја реализираше издавачката куќа ,,АРС ЛАМИНА” со поддршка од општина Гази Баба. 📗📖 Оваа издавачка куќа ги израдува учениците со донацијата од 100 книги со кои ни го збогатија библиотечниот фонд. 📙📖 Нашите ученици со радост и љубопитство ја примија донацијата и порачаа: ,,Не постои полојален пријател од книга, нема поисполнети денови од детството од оние поминати со омилената книга” 📔📖” Читајте за да станете моќни !

Успеси и на државниот натпревар по БИОЛОГИЈА

🏆Редиме повторно успеси ! 🏆

На 20.05.2023 на ПМФ се одржа 10-от Државен натпревар по биологија на кој нашите ученици постигнаа одлични резултати:

Тара Спасиќ (VII) освои ПРВА награда

Софија Мијалковска (VII) освои ВТОРА награда

Александар Маџовски (VII) освои ВТОРА награда

Дамјан Петровиќ (VII) освои ВТОРА награда

Ментор на учениците од VII одд: Душанка Китановска

Дејанчо Стојановски (VIII) ТРЕТА награда

Теона Јовева(VIII) пофалница

Ментор на учениците од (VIII) :Бојана М.Личева

Честитки за постигнатиот успех!!!

Им посакуваме многу успеси и во иднина!

Награда на детскиот литературен фестивал „Ракатки 2023“

На XIX Републички детски литературен фестивал „Ракатки 2023“, на тема „Чистата средина – мост до моето здравје“, ученикот Христијан Гочевски Ивановски VIIодд. освои III (трето) место. Денес, 20.05.2023г., во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје, учесниците се претставија со своите творби и им беа врачени пригодни награди и дипломи за освоено место. Творбите се објавени во алманах „Ракатки 2023“.

Честитки за постигнатиот успех и уште многу успеси во иднина!!!

Ментор Катица Стојчевска