
Етвининг проект „Зборувај ми за тебе“
Оваа учебна година учениците од 7-1 и 7-2 одделение беа вклучени во Етвининг проект “Parle-moi de toi” под водство на наставничката Анета Митевска.
Во проектот беа вклучени вкупно шест училиште, ние, од Португалија, Шпанија, Германија, Италија и од Романија. Сите ученици во училиште го изучуваат францускиот јазик. Целта беше учениците да го прошират вокабуларот, да развијат стратегии за разбирање на текстови или видеа, но пред се тоа што го учат да го применат во комуникација со ученици од други држави. Овој проект беше и интердисциплинарен затоа што учениците користеа информатички вештини, а исто така преку овој проект научија и нешто за географијата и историјата на земјите партнери. Се запознаа со нивните култури, начинот на живот како и со празниците во Франција.