Резултати од Регионален натпревар по биологија и природни науки 2017/2018 год
На Регионалниот натпревар по Биологија и Природни науки одржана на 15.04.2018 учествуваа ученици од одделенска и предметна настава и ги постигнаа следните резултати:
V одд.
Мила Данева , Бојана Петровска, Алексеј Стојановиќ и Марија Стојановска – III награда
VI oдд.
Анастасија Тодевска –III награда
VII oдд.
Методија Тасевски –III награда
Ментор на учениците од V,VI и VII одд Бојана М. Личева
VII одд
Маја Стојановска – пофалница
Ивана Додевска – пофалница
IX одд.
Матеј Трајчевски – III награда
Ана Тасева – III награда
Ментор на учениците од V,VIII и IX одд Душанка Китановска
100 бода за мандолинскиот оркестар

Во период на награди и признанија ете и јас да ги пофалам моите ученици од мандолинскиот оркестар при ООУ „Дане Крапчев“ за постигнатиот успех Прво место на регионалните натпревари и освоени 100 бода. ❤. Горд сум што соработувам со вакви упорни, умни, емотивни, посветени млади уметници…. БРАВО!
❤
❤
❤
🎼
🎶
Наставник: Ванчо Јовчев
Регионален натпревар по Македонски јазик
На 21.04.2018 г. во просториите на приватната гимназија ,,Алгоритам,, Центар – Скопје се одржа регионален натпревар по македонски јазик за VIII и IX одделение.
Ученичката Катерина Илиевска VIII одд. – ментор Јагода Филиповска освои ll место и ученикот Матеј Трајчевски IX одд. – ментор Елена Малинова , освои lll место.
Честитки и им посакуваме уште поголем успех на државниот натпревар што треба да се одржи во Охрид во месец мај 2018г.
ТРЕТО МЕСТО НА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР – Француски Јазик


На 14 април 2018 во просториите на ООУ “Димитар Миладинов” се одржа регионалниот натпревар по француски јазик за девето одделение.
Ученикот Владимир Грујовски од 9/4 одделение го освои третото место а на државниот натпревар се пласираа и учениците Мартин Трајчевски од 9/1 и Сара Атанасовска од 9/4.
Им честитаме за овој успех и им посакуваме многу среќа и успех на државниот натпревар кој ќе се одржи на 28.04.2018 на Филолошкиот факултет во Скопје
Наставник ментор – Анета Митевска
Резултати од Регионален натпревар по хемија во 2017/2018 год.
На 24-03-2018 г. на Институтот по хемија се одржа Регионалниот натпревар по хемија.На овој натпревар учествуваа ученици од осмо и деветто одделение и ги постигнаа следните резултати:
VIII одд.
Петар Здравевски VIII-4 – III награда
Катерина Илиевска VIII-1 –Пофалница
IX одд
Сања Филиповска IX-3 – III награда
Матеј Трајчевски IX-1 – III награда
Пласман на Државниот натпревар по хемија кој ќе се одржи на 06.Мај освоија Сања Филиповска и Петар Здравевски
Ментор на учениците Елена Томевска
Регионален натпревар по Физика
Регионален натпревар во правопис/спелување по француски јазик
На 17.11.2017 година (петок) во просториите на ООУ „Дане Крапчев“ со почеток во 13 часот се одржа регионалниот натпревар во правопис/спелување по француски јазик. Се натпреваруваа 29 ученици од 13 училишта од двата региона во Скопје.
На овој натпревар учествуваа двајца ученици од ООУ „Дане Крапчев“, Методија Тасевски и Јане Ѓоргиевски од VII/4 одд. Методија Тасевски освои второ место на регионалниот натпревар и со тоа обезбеди пласман на државниот натпревар кој ќе се одржи на 2 декември на Филолошкиот факултет во Скопје.
Наставник ментор – Јасмина Ѓоргиева
Регионален натпревар по македонски јазик
Резултати од регионалниот натпревар по природни науки и биологија 2017
Регионален натпревар по француски јазик
НА 22.04.2017 ОДИМЕ НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР!
Регионален натпревар во правопис/спелување по француски јазик
На 18.11.2016 година (петок) во просториите на ООУ Дане Крапчев со почеток во 10 часот се одржа регионалниот натпревар во правопис/спелување по француски јазик. Се натпреваруваа 27 ученици од 10 училишта од двата региона во Скопје.
На овој натпревар учествуваа три ученички од 7мо одделение од ООУ Дане Крапчев Ивана Додевска 7/2 (наставник Анета Митевска) Маја Стојановска и Наталаја Гочевска од 7/4 (наставник Јасмина Ѓорѓиева). На државниот натпревар кој ќе се одржи на 3 декември на Филолошкиот факултет во Скопје се пласираа Маја Стојановска 7/4 која освои второ место на регионалниот натпревар и Ивана Додевска со четврто место.