Виртуелна средба со ученици од Монпелје, Франција

Оваа година учениците од седмо одделение од Франкофонскиот клуб во нашето училиште под раководство на наставничката Анета Митевска имаат соработка со ученици од училиштето „Сент Етјен“ и нивната наставничка Ан Вог, близу градот Монпелје, во Франција. Тие веќе си разменија писма, а денес се одржа и првата витуелна средба на учениците. Средбата започна со претставување на сите ученици а исто така се обратија и директорите на двете училишта кои ги поздравија учениците и го истакнаа задоволството од соработката. Потоа учениците зборуваа за Македонија и Франција. Нашите ученици преку претходно подготвена презентација ги претставија убавините на Македонија, некои споменици и традиционални јадења. По презентацијата нашите пријателите од Франција изразија желба да дојдат и да не посетат. Како последна активност на денешната средба беше да ги научиме како да се поздрават на македонски и да прашаат како си. Средбата заврши со Догледање, кажано на македонски јазик.

Со нетрпение ја очекуваме следната средба.