
Англиска литература во нашата библиотека
На 31.01.2020, нашата училишна библиотека го зголеми фондот на литература за деца на англиски јазик за 101 книга и 2 мини речници. Книгите пристигнаа во училиштето како донација од непрофитна организација –Darien Book Aid од Connecticut – USA, благодарение на ангажманот на предметниот наставник по англиски јазик – Катерина Лукарова. Сите ученици од нашето училиште ги покануваме да ја користат и позајмуваат и оваа литература од библиотеката со цел надополнување и подобрување на знаењата од англиски јазик. Библиотекар – Жаклина Атанасовска