Победници на Ученичка квизотека 2023/24

На 30.05.2024г. во просториите на Детскиот културен центар – ,,Карпош“, се одржа ,,УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА 2023/24”.

Учениците: Тара Спасиќ и Александар Маџовски од 8-2 одд. и Дејанчо Стојановски од 9-1 одд. го освоија ПРВОТО МЕСТО.

Честитки за нашите ученици и менторот Маја Богојевска Величковска.

Вашиот успех не прави горди !!!

Патронен празник на училиштето

Денес со пригодна приредба и со многу гости го обележавме 47 патронен празник на училиштето

Постојано цртаме спомени и создаваме слика наречена ЖИВОТ.

Повеќе фотографии од денешниот настан може да видите на нашата фб страна

Активност 2 од проектот за Мултикултурализам

Продолжуваме со реализација на следната активност од проектот “Мултикултурализмот во образованието”, Посета на археолошкото наоѓалиште, неолитско село Тумба Маџари и работилница. Активностите се реализираа во просториите на ООУ “Дане Крапчев” во кабинетот по историја на ден 17.05.2024 година. Учесници беа учениците од 6-то и 7-мо одделение од двете училишта како и наставничките Саљат Бектеши и Роза Јаневска. Целта на активноста беше Запознавање на учениците со културното наследство во нашата општина, запознавање со времето во кое живееле во минатото (неолит), запознавање со начинот на нивното живеење, да прават споредба на орудијата за работа кои се користеле во минатото и сега. Финалниот резултат-проширување на знаењата, дружење, заедништво, запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во неолитско време и почит кон истото, развивање љубов за креирање на уметничко дело од вештите раце на учениците.

Најдобрите кошаркари во општината се наши!

На 21.05.2024 г, се одржа кошаркарски меморијален турнир ,,Иван Илиев” во спортската сала на ООУ ,,Кирил и Методиј” – Стајковци.

Се натпреваруваа ученици од V одд. од сите основни училишта од општина Гази Баба под мотото ,,Кошарката – моја игра”. И во првиот и во вториот дел од турнир нашите ученици убедливо беа најдобри и го освоија ПРВОТО МЕСТО.

Во прилог првопласираните екипи:

1.место – ООУ ,,Дане Крапчев”

2.место – ООУ ,,Крсте Мисирков”

2.место – ООУ ,,Стив Наумов”

3.место – ООУ ,,Григор Прличев”.

Ова е доказ дека имаме одлична генерација кошаркари, која заедно со нивниот наставник Томи Спасовски допрва ќе не радува и ќе не прави горди!

БРАВО!!!

КОЛЕКТИВОТ на УЧИЛИШТЕТО се ГОРДЕЕ со ВАС

Уште еден заеднички наставен час со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“

На 17.05.2024 година, учениците од двете партнер училишта поделени во две простории во ООУ „25 Мај“ во мешан состав се запознаа со поим за еколошки фактори. Преку визуелна презентација и користење на ИКТ програма дополнета со интерактивна дискусија се запознаа со абиотички и биотички еко.фактори и го увидоа нивното значење. Учениците активно учествуваа во дискусијата и посочуваа соодветни примери за еколошки фактори. Сите ученици навремено и во најголем број точно го сработија работниот лист. Часот се одвиваваше во пријатна и релаксирана работна атмосфера, стандардите беа постигнати. Благодарност до нашите наставнички по природни науки и координаторот Роза Јаневска.

Убави вести од државниот натпревар по Англиски јазик

Нашите ученици Алексеј Златановиќ од V-3 одд. (ментор Андријана Недевска) и ученичката Елена Наумова од VII-3 одд. (ментор Катерина Лукарова) освоија III награда.

Честитки за нашите ученици и наставници.

Им посакуваме многу успеси и во иднина.

Стартуваме повторно со Проектот за мултикултурализам

Стартуваме повторно со Проектот за мултикултурализам со нашите долгогодишни другарчиња од ООУ „25 Мај“. Првата работилницата се одржа на 10.05.2024 година во просториите на ООУ „25 Мај“ и беше организиран од страна на наставничката Саљате Бектеши и учениците од 7-мо одделение, а втората работилница на 13.05.2024 година во кабинетот по хемија во нашето училиште организиран од страна на наставничката Роза Јаневска и Елена Томевска и ученици од 8-4 и 9-1 одделение. Целта е Стекнување истражувачки навики (во пракса и преку користење на добивање податоци од интернет и нивна презентација), споредување, значајноста за тоа колку е важна водата за животот, како да се користат природните ресурси во умерен степен (во овој случај водата), да се запознаеме со супстанциите кои се неопходни за водата и супстанците кои не се дозволени да ги има во водата. Истражувавме за водата, изработивме проект, го презентиравме, а потоа најинтересниот момент ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ! Со помош на рефлектометар, дигитален мерач за pH вредност во водата, тестери за контрола на водата измеривме неколку параметри на водата од чешми во нашите училишта (кабинет по хемија и чешма во тоалетите), флаширана вода и дестилирана вода и чешма чија вода се филтрира со помош на реагенси за мерење на калиум и железо. Добиените резултати ги запишавме во тетратка, ги споделивме со нашите другарчиња и наставнички и ги споредивме со добиените резултати во двете училишта.

Преку овие активности кај учениците се развива љубов кон науката, истражувањето, применливоста на знаењата, а и практично да ги искажуваат своите идеи и сознанија. Беше задоволство за учениците и позитивно искуство за сите нас. Голема благодарност до наставничката по хемија Елена Томевска која на многу креативен и интересен начин преку презентација и практични примери ни ги објасни карактеристиките и значењето на pH вредност на водата.

МАТЕМАТИКА -Државен натпревар

На овој натпревар нашите математичари ги постигнаа следниве резултати:

  • 6 одд. Ивана Ивановска ПОФАЛНИЦА, ментор Јулија Атанасова;
  • 8 одд. Александар Маџовски – II НАГРАДА, ментор Лиле Сарваноска;
  • 9 одд. Давид Арнаудов III НАГРАДА, ментор Билјана Стојановска.

Александар и Давид се пласираа на Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) 2024 која ќе се одржи на 29 мај.

Честитки за сите наши математичари!

Им посакуваме успех на учениците кои ќе продолжат на математичката олимпијада.

ПРВА награда за оркестарот и хорот на државниот натпревар

На 11 Мај 2024г во Скопје се одржа државниот натпревар за училишен хор и оркестар на кој Крапчевци под водство на наставникот Ванчо Јовчев, постигнаа одличен успех.

ОРКЕСТАР – Прва награда со освоени 99 поени

ХОР – Прва награда со освоени 96 поени

Посветеноста на наставникот и трудот на учениците секогаш носат успех.

Гордост сте!

Уживајте во нивните настапи преку видеата кои се поставени на нашата фб страница

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР за ПРВА ПОМОШ

На 44 -от натпревар за прва помош нашиот тим докажа дека е меѓу најподготвените да укажува помош кога е најпотребно. Тимот составен од: Теона Јовева Теодора Јосевска, Тео Бојанчев, Анастасија Ивановска, Вероника Златковска и Ведран Велковиќ го сместија нашето училиште помеѓу најспремните и го освоија четвртото место;

Благодарност до нашите поранешни ученици, посебно Ангела Ангелкоска и Адриана Стоилевска кои помагаа во подготовките.