National English Essay Challenge 2020-Предизвик за пишување на есеј на Англиски јазик

Мировен Корпус со своите волонтери помогнати од Американското катче и Амбасадата на САД секоја година спроведуваат Предизвик за пишување на есеи на Англиски јазик со цел да се подигне свеста кај учениците дека пишувањето на Англиски јазик е многу важно како и да се мотивираат учениците да создадат интересни есеи.

Право на учество имаат сите ученици од нашата држава од 7 одделение до 4 година. Според тоа учеството е поделено во 3 групи: во прва група влегуваат учениците од 7,8 и 9 одделение, во втора група учениците од 1 и 2 година среддно и во трета група учениците од 3 и 4 година. Секоја група има различна тема за пишување на есејот. Оваа година темата за првата група во која што земаа учество учениците од нашето училиште беше- Imagine your life ten or twenty years from now. What are your dreams, and do they come true? In what way do they serve you and other people? (Замисли си го животот во наредните 10 години. Кои се твоите соништа и дали се остваруваат? На кој начин тие соништа ти помагаат на тебе и другите луѓе?)    

10 ученици учествуваа во Предизвикот за пишување на есеј на Англиски јазик. Тоа се учениците: Теона Димишковска 7-2, Тамара Петрушевска 7-2, Лина Тргачевска 7-2, Дона Тасева 7-3, Алексеј Стојановиќ 7-3, Мила Данева 7-4, Ема Димитриевска 8-1, Лора Донева 8-2, Христина Јовановска 8-2 и Јана Кметовска 8-3. Ученичката Дона Тасева од 7-3 одделение ја освои втората награда. И честитаме на Дона како и на сите ученици што учествуваа во предизвикот. Сите тие имаа навистина прекрасни есеи и се гордееме со нив.

Во иднина се надеваме дека бројот на учесниците во овој предизвик ќе биде уште поголем.