Mобилност на наставници во Литванија во рамките на Еразмус+ проектот BARCODE – ‘Best Achievable Results in Coding’

„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgrade од Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.

Учесниците во првата од  петте транснационални мобилности во проектот беа обучени за кодирање, едноставно програмирање, структура на податоци и алгоритам, за да може техниките за кодирање да се интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование. Со примена на овие методи и техники, учениците ќе го зголемат квалитетот на образованието и ќе им овозможат да ја подобрат својата образовна средина.

Цели на проектот:

Зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;

– Разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;

– Подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.

Од нашето училиште учесници на оваа мобилност беа Анета Митевска- координатор на проектот, Марина Пејковска, наставник по информатика, Билјана Стојановска и Бојана Мешковска Личева.

Активностите на проектот:  

18.10.2021

На првиот ден од мобилноста на проектот Еразмус + КА 229 , партнерите од петте држави учесници во БАРКОДЕ програмата за кодирање/програмирање имаа кратка заедничка средба за меѓусебно запознавање во училиштето домаќин Vydmantai Gymnasium во Паланга.

Потоа  се реализираа три работилници во Pranciškonų gymnasium:

  • Часови за кодирање со сите наставници и  реализација на две програми користејќи www.Code.org од ИТ-наставникот Ваидас М. 
  • Користејќи методи за кодирање, наставниците поделени во парови по случаен избор имаа натпревар во изработка на кавијар. Работилницата беше реализирана во лабораторијата  по биологија под организација на наст.Лина Ј.
  • Во мини училишниот музеј по географија, наставниците се запознаа со различните видови карпи, различните истражувања и проекти кои се реазлизираат тековно, како и за историјата на првото училиште од тој регион од наст. по географија Вилиус А.

Денот заврши со прошетка и запознавање со историјата на Кретинга од харизматичниот водич Антанас Ј.

19.10.2021
Вториот ден од мобилноста започна многу мотивирачки со информацијата дека проектот БАРКОДЕ се сертифицира за време на EU Code Week.
 
–        ИТ-наставникот од Португалија Пауло Торкато со учениците од 8 одд.одржа часови за кодирање и роботика

–        Останатите наставници присуствуваа на интегриран час по математика и информатика во 6 одд. кај наст.Раса и наст.Ваидас. Наставниците зедоа непосредно учество со учениците во активностите и барањата согласно поставените задачи за кодирање. Секој ги научи основите на кодирањето користејќи молив и лист хартија.

Проектните активности # БАРКОД опфатија и работилница за кодирање со наставниците. Заедно со наставникот по ИТ Пауло Торкато од Португалија кодиравме во SCRATCH

  • Следеа игровни забавни активности за запознавање со партнерите
  • Домаќините организираа посета на Музејот за килибар во Паланга каде беше реализирана работилница за препознавање на различни видови килибар од различни историски епохи, а потоа и прошетка во околниот парк.

Со активностите за кодирање се вклучивме во EU Code Week со цел да споделиме искуство, да се мотивираме едни со други и да научиме нови вештини на забавен и привлечен начин. За учество на EU Code Week добивме и сертификати

20.10.2021

Третиот ден од мобилноста на проектот беше исполнет со значајни активности.

 Во Kretingos Jurgio Pabrėžos gymnasium  учесниците партнери се запознаа со образовниот систем во Литванија, проследија презентација за спомената гимназија, нивните програми, постигнувања, мисија и визија.

–    Беше реализирано предавање од ИТ-наставникот Аидас за различните аспекти во ИТ едукацијата во Литванија, како и структурата и содржината на ИТ националните тестови. Тој го сподели неговото искуство од реазлизираните проекти со неговите ученици средношколци и опремата во кабинетот. Сите BARCODE парнери добивме можност да кодираме паметни лед светилки согласно различни програми. Тоа беше прекрасно искуство за сите.

Се одржа прием кај градоначалникот од Кретинга Антанас Калниус. Се разговараше на значајни теми од информатичкото образование, дигиталната писменост, учењето на далечина и професионалниот развој на наставниците од Литванија и земјите партнери од проектот.

–    Последната активност беше од забавен карактер, изработка на бонбони на традиционален начин и посета на Кретинга Музејот.

21.10.2021

Овој ден беше посветен на запознавање со историскиот развој на Клаипеда преку посета на Klaipeda Castle Museum, каде што се разгледа поставката исполнета со интерактивни содржини:

–   Посета на Националниот парк  Curonian Spit ,познат како едно од најубавите природни богатства во Литванија

–    Состанок за дискусија и договор за активностите и работилниците кои се предвидиени за реализација од проектот во иднина

22.10.2021

Последниот ден од проектот беше посветен на спроведување на работилница за евалуација и изработка на постери на впечатоци од страна на сите учесници. Постерите беа презентирани од учесниците и сите партнери ги искажаа своите впечатоци од оваа средба, споделија што научија ново и ја истакннаа важноста на искуството од изминатиот период.

Во вечерните часови домаќините органираа пригодна средба на која гостувашње традиционален музички бенд “Žemčiuga”,а свое обраќање имаше и одговорниот на општината Simas Končius .

Вечерта заврши со традиционални танци и дргустирање на традиционална литванска храна.