“J’aime le francais” – Го сакам францускиот

Со цел учениците од петто одделение да се запознаат со францускиот јазик, како еден од најмногу зборуваните јазици ширум светот освен англискиот, во текот на второто полугодие од учебната 2018/19 година во нашето училиште се спроведуваше проект за сензибилизација на јазикот. Учениците имаа можност да се запознаат со основите на јазикот преку игри и песни. На 3 мај учениците имаа и работилница со французинката Силвен Ајаш,која работи во Центарот за универзитетски успех на франкофоните при Филолошкиот факултет.

На 28.05.2019 година се одржа приредба насловена како “J’aime le francais” – Го сакам францускиот на која учениците го презентираа тоа што го научиле. Покрај нив, на приредбата со драматизации, игри и песни се претставија и учениците од VI до IX одд. Учениците со голема возбуда и ентузијазам успешно се претставија, што можеше да се забележи по задоволните лица како на учесниците така и на присутните гости

На приредбата присуствуваа амбасадорот на Франција г. Кристиан Тимоние, градоначалникот на општина Гази Баба  г.Борис Георгиевски, г-ѓа Љупка Димова од Францускиот институт и претседателката на Здружението на професори по француски јазик г-ѓа Јулијана Јозиќ. Амбасадорот и градоначалникот им се обратија на присутните и ги охрабрија учениците да продолжат и понатаму да го изучуваат францускиот јазик и да приредуваат вакви манифестации.

Довидување до следната година!

Одговорен наставник – Анета Митевска