Регионален натпревар во правопис/спелување по француски јазик

На 18.11.2016 година (петок) во просториите на ООУ Дане Крапчев со почеток во 10 часот се одржа регионалниот натпревар во правопис/спелување по француски јазик. Се натпреваруваа 27 ученици од 10 училишта од двата региона во Скопје.

На овој натпревар учествуваа три ученички од 7мо одделение од ООУ Дане Крапчев Ивана Додевска 7/2 (наставник Анета Митевска) Маја Стојановска и Наталаја Гочевска од 7/4 (наставник Јасмина Ѓорѓиева). На државниот натпревар кој ќе се одржи на 3 декември на Филолошкиот факултет во Скопје се пласираа Маја Стојановска 7/4 која освои второ место на регионалниот натпревар и Ивана Додевска со четврто место.

20161118_104143 20161118_104203 20161118_104224 20161118_104356 20161118_104546

Општински натпревар „Млади библиотекари“ 2016 година, ООУ „Дане Крапчев“

Друштвото на библиотекарите на Македонија во имплементирањето на нови тенденции во дејноста на библиотечните институции, со оглед дека најмладата популација во најголем дел ги користи нивните услуги, даде иницијатива за воведување на една т.н. “слободна активност“ на јавните библиотеки во релацијата со своите корисници. Имено, во почетокот на дваесетите години се формираат “секции на млади библиотекари“. Оваа организирана форма на активности на јавните и на училишните библиотеки им овозможува на најмладите корисници непосредно да се запознаваат со организацијата и дејноста на библиотечната институција, создавањето, обработката, депонирањето и користењето на носителите на информации. Членовите на овие секции се стекнуваат со теоретски сознанија за библиотекарството како дејност и наука, а реализираат и поедноставни практични активности.

Натпреварот “Млади библиотекари” е востановен во 2000 год. како годишен. Негова цел е да ги промовира читањето и книгата и да влијае на негувањето навика кај најмладата популација за користење библиотека  но, и самата библиотека како и професијата библиотекар. Натпреварот се организира на две нивоа: општинско и републичко (државно). Право на учество имаат учениците до 14-год. возраст како членови на училишните и јавните локални библиотеки. Начинот и критериумите на одржување на натпреварот се регулирани со Правилник.

ПРАВИЛНИК

Библиотекарското здружение на Македонија традиционално е организатор на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ –Во просториите на ЈУ –библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје, во согласност со Правилникот за начинот за спроведување на натпреварот „Млади библиотекари“, Комисијата за организирање и спроведување на Натпреварот го спроведе на 07 октомври 2016 година , а Државниот натпревар ќе се одржи на 28 октомври во Велес.
Секое училиште има право на учество во натпреварот со свои најмногу 3 (три) натпреварувачи, кои самостојно се натпреваруваат. Комисијата подготвува прашалник од најмногу дваесет прашања од Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“, на кои натпреварувачите писмено одговораат во рок од еден час (60 минути).

Натпреварувачите учествуваат под шифра што ја запишуваат на пополнетиот прашалник и ја депонираат во затворен плик, во кој ги запишуваат и своите лични податоци. По прегледувањето и бодирањето на прашалниците, Комисијата ги отвора пликовите, го утврдува редоследот на освоените бодови на натпреварувачите (учесници) и прво рангираниот се стекнуваа со право на учество на Државниот натпревар на млади библиотекари – 2016 година.

1 1 3