Од отпад, до уметничко дело!

Од отпад, до уметничко дело!

Ученици во тек е наградниот конкурсот  „Trash for art 2022“ !!!!

Собирајте амбалажен отпад, направите уметничко дело и станете дел од иницијативата за почиста и поздрава средина на Пакомак. За делата направени само со амбалажи на Пивара Скопје и БиМилк следуваат специјални награди.

Конкурсот трае од 15.3.2022 до 17.3.2022 година. Сите скулптури ќе треба да се достават во Кинотека на Северна Македонија било кој ден од 15ти до 17ти март, со тоа што на 15ти и 16ти скулптурите ќе може да се достават од 09.00 часот до 17.00, а на 17ти март од 09.00 до 13.00 часот

Наградниот конкурс „Trash for art 2022“ е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат во три категории:градинки, основни училишта  и поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)

Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво, второ и за трето место.

Повеќе информации на www.pakomak.com.mk

Подготовки за новата учебна година

Интензивно се подготувуваме за почетокот на новата учебна година во согласност со протоколите за работа на основните училишта. Вчера во нашето училиште беа означени со соодветни лепенки влезовите и излезите, како и училниците на паралелките од I до III одделение. Покрај тоа беа поставени диспанзери за хартија пред тоалетите, диспанзери за безконтактна дезинфекција, корпи за отпадоци со капак, упатства за однесување и држење растојание.

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУС

Вработени во училиштето и ученици кои во последниве две недели престојувале или биле во контакт со лица кои престојувале во кризните подрачја зафатени со коронавирусот да не доаѓаат на наставата. Ова е препораките која денеска ја упати Министерството за образование. Се бара образовните установи во најкус можен рок да обезбедат информации од сите свои вработени, ученици и студенти дали во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, како и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур и Тајван.

–Лицата кои ќе дадат потврдна информација потребно е да не доаѓаат на работа, односно да не посетуваат настава, додека не добијат соодветни инструкции, односно совети за следни чекори што ќе треба да ги направат зависно од ситуацијата и од планот на надлежните здравствени институции и Владата

Сертификат за квалитет

Задоволство ни е да соопштиме дека нашето училиште ООУ “Дане Крапчев” се стекна со Сертификат за квалитет IASS 2019:2021 и доби идентификационен бар код. Благодарност до директорката, сите наставници, стручни соработници, учениците, родителите, општината, до сите кои постојано нè подржуваат, ни помагаат и придонесуваат за успесите на нашето училиште.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ УЧЕНИЦИ ПРАВОБРАНИТЕЛИ

ООУ „ДАНЕ КРАПЧЕВ“ објавува повик за избор на Ученик правобранител и   Заменици ученици правобранители.

Ученикот Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето (Училишен кадар и Народен правобранител).

Дополнителни информации и потребните документи за пријавување ќе ги најдете во следниот документ. Исто така може да се обратите во психолошко-педагошката служба

Распоред за приемен ден на наставниците во учебната 2019/20 година

         

  име и презиме      наставен предмет  ден и час Времe (претпладне/попладне)
1 Марина Пејковска Информатика Среда 5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
2 Борис Шундоски Техничко образование Вторник 5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
3 Бојана М. Личева Биологија/ иновации Среда 3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
4 Весна Трајковска Англиски јазик Четврток  3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
5 Јагода Филиповска Македонски јазик Среда 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
6 Ване Јовчев Музичко образование Вторник  3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
7 Јорданчо Тодосиев Физичко и здр. образование Вторник 6 час 11:15 – 11: 55  /  16:30- 17:10
8 Билјана Стојановска Математика Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
9 Весна Кочова Англиски јазик Четврток  5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
10 Јулија Јанкуловска Физика Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
11 Катерина Лукарова Англиски јазик Понеделник 5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
12 Елена Томевска Биологија/ Природни науки Четврток  7 час          12:00- 12:45
13 Катица Стојчевска Македонски јазик Среда 3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
14 Лиле  Сарванова Математика Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
15 Магдалена Павлевска Историја/ Граѓанско  обр. Петок 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
16 Марија Н. Наневска Ликовно образование Вторник  3 час 8: 55 – 9: 35  / 14:10 -14: 50
17 Андријана Трпковска Физичко и здр. образование Вторник 2 час 8:10 – 8:50 / 13:25 -14: 05
18 Елена Малинова Македонски јазик Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
19 Бранко Атанаскоски Географија Понеделник 5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
20 Александра Стојчевска Математика Среда 3 час 8: 55 – 9: 35  / 14:10 -14: 50
21 Душанка Китановска Биологија/ Природни науки Петок 3 час 8: 55 – 9: 35  / 14:10 -14: 50
22 Јасмина Ѓорѓиева Француски јазик Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
23 Роза Јаневска Историја / Граѓанско обр. Петок 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
24 Соња Божиновска Етика Среда 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
25 Анета Митевска Француски јазик Понеделник 3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
26 Даниела Ристеска Етика во религиите Четврток  7 час           12:00 – 12:45
27 Валентина Николовска Класична култура во евр. цив. Четврток  7 час           12:00 – 12:45
28 Стевче Здравковски Географија Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
29 Весна Попадиновски Англиски јазик Петок  2 час 8:10 – 8:50 / 13:25 -14: 05
30 Милена Пауновска Македонски јазик Четврток  4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45

                                   

РАСПОРЕДИ ЗА ДОДАТНА И ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА И ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ – ПО НАСТАВНИК

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,
Ве известуваме дека согласно член 38 став 2 и 4 од Законот за основното образование направено е дополнување на Календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2018/2019 година. Календарот е објавен во Службен весник на Република Северна Македонија број 54 од 13.03.2019 година.
Согласно дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2018/2019 година
„Воспитно-образовната работа за учениците се организира во следните саботи:
    – 16 март 2019 година, со распоред на часови од понеделник со кој се одработува 21 јануари 2019 година и
    – 30 март 2019 година, со распоред на часови од вторник со кој се одработува 22 јануари 2019 година.“
Со почит,
Министерство за образование и наука







Извстување од ДПИ

Почитувани родители,

Државниот просветен инспекторат (ДПИ) на Република Македонија во периодот од 04.03.2019 година до 06.03.2019 год. ќе спроведе интегрална евалуација на училиштето во кое учи вашето дете. Целта на интегралната евалуација е да се даде оценка на квалитетот на воспитно-образовниот процес во училиштето, спроведување на законските акти и идентификување на силни и слаби страни, како и давање на препораки за подобрување на состојбите. Евалуацијата ќе ја врши тим на државни просветни инспектори преку увид во училишната документација, посета на часови и разговори со ученици, родители, наставници и раководни структури во училиштето. Освен од родителите од кои по претходно утврдена методологија ќе биде побарано да пополнат анонимен анкетен прашалник, сите останати родители ќе можат да пополнат прашалник кој ќе можат да го подигнат од стручната служба во училиштето или да го преземат од интернет страницата на Државниот просветен инспекторат. Доколку сте заинтересирани да го кажете своето мислење за сè што е поврзано со искуството на вашето дете, може да закажете разговор преку раководителот на инспекцискиот тим, Ивица  Давидовски, на телефон: 076/485-034, или на е-mail: davidovskii@yahoo.com

Важно ни е да го слушнеме вашето мислење, бидејќи на тој начин ќе можеме пореално да ја согледаме состојбата во училиштето и да дадеме препораки за подобрување на постигањата на вашите деца.

Конечниот извештај од интегралната евалуација е од јавен карактер и ве охрабруваме да побарате примерок од вашите претставници во Училишниот одбор или Советот на родители во училиштето, за заеднички да придонесеме во унапредување на воспитно образовниот процес во училиштето.

 

Со почит,

Томе Спировски

Директор на ДПИ