Обука „Алгоритми“

Заврши втората мобилност од Erasmus+ KA229 проектот BAR CODE наменет за обука на наставници. Домаќин беше училиштето ” Портела” од Лисабон, Португалија. Креативни, инспиративни и корисни работилници за алгоритми, програмирање и роботика. Следната мобилност е во октомври во нашето училиште.

Реализирани обуки за наставници во “ООУ Дане Крапчев”

Наставниот кадар и стручните соработници при ООУ„Дане Крапчев“ интензивно се подготвуваат за on-line наставата во новата учебна година. И оваа година на веб страната на нашето училиште, се изработува платформа “Учи од дома 2020/21”. 

Од 18 до 21 август преку апликацијата Zoom се одржаа повеќе обуки со цел да се споделат искуства и знаења и сите наставници подготвени да ја почнат новата учебна година.

 На 18 и 19 август се спроведе обука за користење на Google drive, за потребите на платформата– “Учи од дома 2020/21” на нашата веб страница. Обуката се состоше од насоки како секој наставник да направи папки, да прикачува материјали за учениците и истите да ги организира и споделува.

На 20 август се спроведе обука за користење на Edmodo. Беа дадени насоки како секој наставник да креира профил на Edmodo и групи за секоја паралелка. Потоа беше објаснето како учениците со кодовите кои ги добиваат од наставниците, да креираат профил и да се приклучат кон нивната група.  На оваа платформа учениците ќе ги праќаат одговорите на зададените задачи. Откако наставникот ја прегледува задачата, ја бодува и на тој начин автоматски се прави портфолио на секој ученик. И наставникот и ученикот може да го следат напредокот. Со симулација сето тоа беше практично покажано.

На 21 август се одржа обука за користиње на апликацијата Zoom, како да се се отвори сметка, да се закаже и одржи час, како да се снима час со помош на оваа апликација.

Во таа насока, како дополнителна поддршка  на мејл на наставниците им беа испратени кратки туторијали за користење на овие апликации. Исто така на платформата “Учи од дома 2020/21” се поставија туторијали наменети за учениците.

Обуките за Google drive и Edmodo ги водеа Анета Митевска, наставник по француски јазик и администратор на нашата веб страна и директорот Виолета Стоилевска, а обуката за Zoom ја реализираа одделенските наставници Тања Метикош и Елизабета Георгиевска.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА И ДЕВОЈЧИЊАТА ВО НАУКАТА

На 11 февруари во општина Гази Баба со пригодна манифестација беше одбележан меѓународниот ден на жената и девојчињата со цел да се даде поттик за постигнување целосен и еднаков пристап и учество во науката на жените и девојчињата, со цел нивна целосна инклузија во општеството.
Градоначалникот г. Борис Георгиевски им порача на девојчињата од основните училишта во општината, никогаш да не се откажуваат од науката. Секогаш да бидат посветени, истрајни и упорни за она што сакаат  да бидат и да не потклекнуваат на дискриминацијата. Затоа што само така ќе успеат да стасаат онаму каде што сакаат. Исто така им честиташе што уште од мала возраст влегуваат во научните води и бележат добри резултати.

На манифестацјата беа присутни  професорката по билологија, Валентина Славевска – Стаменковиќ и професроката по математика, Слаѓања Брсаковска, од Природно – математичкиот факултет, кои на присутните  ученички им ги презентираа нивните приказни, за тоа што нив ги натерало да се посветат на науката.

Семинар “Препознавање на врсничко насилство во училницата и училиштето, справување со ученици жртви и ученици извршители”

Насилството над децата ја зголемува нивната изолираност од врсниците, бидејки нивните соученици не сакаат да се дружат со тие кои се неомилени и злоставувани поради стравот дека истото тоа може и ним да им се случи. Злоставените деца се чувствуваат беспомошно, уплашено и збунето.
Изложеноста на насилство во училиштето води до ниско самопочитување и депресија, а овие проблеми може да продолжат и во возрасниот период.

Семинарот се реализира за претставници од 4 училишта кои се дел од проектот “И јас имам глас”, финансиран од Save the Children. На истиот учествуваа четворица претставници од нашето училиште.

Обука за ученичко учество и заштита на детските права

На 29.08.2019 година,сите наставници од ООУ „Дане Крапчев” – Скопје следеа обука на тема: „Ученичко учество и заштита на детските права“. Реализатор на обуката беше Магдалена Павлеска- наставник по предметот граѓанско образование. Целта на обуката беше наставниците да се запознаат со современите методи на учество на учениците во демократското делување во училиштето преку формирање Ученички парламент и одредување Ученик-правобранител.







Награда – „Големата мајка“

Годината ја зпочнуваме со убава вест! Имено, пред новогодишните празници  градоначалникот Борис Георгиевски, ја додели наградата „Големата Мајка“  за посебни достигнувања и афирмација на општина Гази Баба за 2017 година, кое е највисоко признание на општината.

Наградата за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието ја доби  Елизабета Георгиевска, одделенски наставник, во нашето училиште . Таа е автор на краткиот  видео спот „Спот за промоција на училишната клима“ со кој го освои првото место на Меѓународниот едукативен филмски фестивал КРЕФ , со што придонесе за промоција на училиштето, нашата општина и образованието на Република Македонија.

Со желба за успешна работа и понатамошно постигнување на врвни резултати им ја честитаме Новата година на сите ученици, вработени, родители и соработници!

Нека ни е среќна и успешна Новата 2018 година!

This slideshow requires JavaScript.







ЕКО ПАКЕТ-Македонија

На 21-11-2017 во нашето училиште се одржа работилница за наставници  во рамките на проектот ЕКО ПАКЕТ-Македонија со што официјално го означуваме стартот на овој еко проект. Проектот  се реализира во соработка со НВО „ОХО” и компанијата „Пакомак”, а оваа година целна група се учениците од I до  V одд..

Целта на проектот е запознавање на учениците, наставниците , родителите  и локалната средина за употребната важност на тетрапак амбалажата. Тетрапак амбалажата доколку се селектира од останатиот отпад е погодна за рециклирање. За да ја постигнеме таа цел во училиштето ќе бидат поставени соодветни корпи за селектирање на тетрапак амбалажа, со што ја означуваме првата фаза од проектот. Еден дел од собраниот амбалажен отпад ќе се искористи за изработка на уметнички дела од учениците под менторство на одделенските наставници, а останиот дел ќе се предаде на компанијата “Пакомак” со цел истиот да се одложи соодветно. Најуспешните дела ќе се ипратат на национален награден конкурс во организација на НВО  „ОХО” и компанијата „Пакомак” кој е планиран за месец мај.

За сите подробности во врска со конкурсот   тековно ќе Ве информираме.

 Ве повикуваме да го направме првиот чекор од проектот   и заеднички да отпочнеме со собирната акција на ТЕТРАПАК амбалажа!!!!

This slideshow requires JavaScript.







Дисеминација на обуката “Иновирање, креирање и мотивирање во наставата”

На 17 ноември 2017 во ООУ Дане Крапчев се одржа ателјето за дисеминација на обуката  “Иновирање, креирање и мотивирање во наставата “ и на истото присуствуваа 32 наставници од училиштето. Ова атеље беше анимирано од наставничката Анета Митевска, која учествуваше на обуката која се одржа во август,во Охрид, организирана од OIF – Меѓународната организација на Франкофонијата во соработка со МОН

Цели на обуката :

  • Да се откријат нови стратегии за иновирање и креирање на час
  • Примена на разни прогресивни вежби кои се базираат на забавни игри
  • Да се мотивираат учениците и часот да биде подинамичен
  • Вреднување на способностите на секој ученик
  • Да се поттикне работа во групи
  • Да се создаде поволна работна клима на часовите

 

Програма на атељето:

Во текот на атељето беа претставени разни активности, интернет ресурси и игри кои ќе ја поттикнат мотивацијата кај учениците и ќе го олеснат учењето.

Атељето на дисеминацијата се одвиваше во најдобри можни услови, во прекрасна атмосфера а тоа пред се беше можност за дискусија и размена на искуства меѓу наставниците од предметна и одделенска настава.

 







Обука – Изготвување личен план за професионалниот развој на наставниците

На 04.07.2017 год. се одржа обука во организација на нашето училиште. Обуката ја одржаа предавачи од Едукативен центар „ Алгоритам центар“ на обуката присуствуваа 42 наставника

This slideshow requires JavaScript.







Летен универзитет

На 04.07.2017 во хотелот „Дрим“, г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот инстут во Скопје, свечено го отвори 19-тиот Летен универзитет во Струга.
На отворањето збор зедоа и: г-ѓа Флоранс Коз од Францускиот институт во Србија, г-ѓа Соња Радкова од Франкофонскиот центар за обуки во Софија (CREFECO) и г-ѓа Марија Николова, одговорна за #Франкофонија при Министерство за образование и наука на РМ.

На универзитетот учествуваат 90 професори по #францускијазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик во двојазичните #франкофонски паралеки, и тоа од 9 земји: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Македонија, но и од Романија, Молдавија и Ерменија.

На универзитетот присуствуваат и наставниците по француски јазик од нашето училиште

Јасмина Ѓоргиева  Анета Митевска  

Летниот универзитет се затвора на 7 јули