Денес, ученици од 6 одделение го посетија Францускиот Институт во Скопје.
Се запознаа со содржините што ги нуди Институтот, се дружеа со Фриж, маскотата на претстојните олимписки игри во Париз 2024, слушаа француска музика, гледаа видеа со знаменитостите на Париз, разгледуваа книги, фотографии, едукативни игри.
Највозбудлива беше можноста учениците да се качат на Ајфеловата кула со помош на виртуелна реалност и од таму да го набљудуваат Париз.
Задоволни ја завршија посетата во очекување на следна франкофонска активност.
Денес учениците и наставниците од IV одд. направија ПРОШЕТКА НИЗ МИНАТОТО во МУЗЕЈОТ на ГРАД СКОПЈЕ во чест на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес.
Следно остваривме СРЕДБА СО Бобан Стефковски ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА.
Изучувањето на темата ,,Општина” по предметот Историја и општество
Во рамките на проектот на француското Министерство за Европа и надворешни работи за
заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан, беше оформена мрежата на училишта “Го сакам францускиот“, во која е вклучено и нашето училиште благодарение на квалитетот на наставата по француски јазик кој се предава.
Денес, имаше средба со претставници од сите училишта од мрежата, директорот, професорот по француски јазик , како и по еден ученик, на коктел во Резиденцијата на Франција.
На средбата се разменија мислења, се сподели планот на активности за оваа учебна година, во позитивна атмосфера успешно да продолжи проектот.
Од нашето училиште присуствуваа директорката м-р Адријана Младеновска, наставничката Анета Митевска и ученикот од 9-1 Дејанчо Стојановски.
Со учениците од трето одделение денешниот час по предметот општество за видови сообраќај го одржавме на несекојдневно место – во воз, на релација Скопје – Велес. ,,Големиот одмор” го имавме низ градот Велес. Последните часови ни беа повторно во воз на релација Велес – Скопје.
Денес нашите ученици од 8 и 9 одд. имаа чест да бидат дел од одбележувањето на – ,,Светскиот ден на пчелата” Настанот се одржа на Земјоделскиот институт во соработка со Општина Гази Баба, ФАО и амбасадата на Р. Словенија. Учениците проследија едукативно предавање за важноста на пчелите за животот на нашата планета и се запознаа со начинот на одгледување пчели и производство на мед. Крајот на настанот го одбележа креативна работилница на која учениците сликаа на сандаци за одгледување пчели кои ќе бидат населени со пчелни семејства во округот на институтот. Исто така засадивме и медоносни растенија кои ќе допринесат за целиот процес и уживавме во заеднички меден појадок. Да не дозволиме да сопре зуењето на и останатите опрашувачи на !
УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ, денес во ПОСЕТА на ГРАДИНКАТА 25 Мај. Со задоволство нашите ученици една седмица изработуваа слики со новогодишни мотиви кои денес им ги подаривме на 40 дечиња од најголемите групи во градинката. Среќни ние – пресреќни тие. Си закажавме средба на пролет .Тогаш ние ќе бидеме домаќини а дечињата и нивните воспитувачки ќе бидат гости на нашето училиште.Благодарност до директорката и сите вработени во градинката за топлиот пречек
Во рамките на Денови на медиумска писменост, наши ученици од деветто одделение зедоа учество проследувајќи го тематскиот филм „Хакер“ во кино Синеплекс на ден 26.10.2022 год (среда).
Оваа воннаставна активност се реализира во организација на Работната група за филмска писменост при Мрежата за медиумска писменост, а поддржана од страна на Агенцијата за филм, кината Милениум, Синеплекс и Кинотека на РСМ, дистрибутерот на филмови Катавеј.
Нашето училиште е вклучено во проектот ,,Bar code ” преку Програмата ,,Еразмус +” . Денес бевме срдечни домаќини на гости од Португалија , Србија ,Турција и Литванија . Топло добредојде им посакавме во боите на македонското знаме, со кратка програма во која ја испочитувавме традицијата на секоја земја учесник во проектот. Потоа имавме продуктивни работилници, а попладене ги одведовме на прошетка низ Скопје за да се запознаат со знаменитостите и историјата.
На крајот од првиот ден сме горди домаќини. Но,нашите гости не видоа се од нас. И во наредните четири денови ќе продолжиме да ги воодушевуваме
Во
склоп на програмата за меѓуетничка интеграција во образованието беше реализирана
предвидената активност за месец февруари 2020 година: изведба на театарска
претстава под наслов „Кој ќе го освои срцето на Сара“.
Во период од 12.02.2020 до 20.02.2020 година, се
реализираа 15 театарски претстави во Домот на култура „Чекори“ во населбата Автокоманда.
Текстот за претставата го напиша, а воедно и ја постави на сцена
Изабела-студент на Факултетот за Драмска уметност, а учесници-глимци во
театарската претстава беа ученици на возраст од 3-то до 9-то одделение од сите
11 училишта на општината Гази Баба и од различна етничка и верска припадност. Учениците
кои учествуваат во претставата се екипа и како тим ја претставуваат општината.
Инаку, од нашето училиште во претставата учествуваа двајца ученици од 7-мо
одделение – Јасин Малиќи и Анелија Ајваз и ученикот Рохан Крујезиу од 9-то
одделение кој беше ангажиран за музиката која оди во позадина на претставата
меѓу која е и химната на Општината под наслов „Мостови на другарство“, напишана
на три јазика (македонски, албански и англиски) која се изведуваше на крајот на
секоја од претставите и сите посетители можеа да се качат на бината и заеднички
да ја пеат.
Одговорен наставник кој ги подготвуваше учениците
за своите улоги во претставата беше наставничката по македонски јазик Елена
Малинова, а одговорен наставник за музиката покрај ученикот беше наставничката
по историја Роза Јаневска.
Сите 15 претстави се реализираа во 7 работни дена
и тоа се со цел да можат учениците од сите 11 училишта да ја проследат. На
крајот на претставата се случија солзи, многу цврсти прегратки, се случи
заедништво, потреба за повторно видување. А всушност тоа беше целта почитување
на различностите, толеранција, заедништво, градење на мултикултура и
интеркултура. Билетите за претставата чинеа по 100 денари и имаат хуманитарна и
општествено корисна улога. Затоа дел собраните
средства од билетите се наменија за подароци и заедничка фотографија за сите
учесници во претставата, за Изебела која
ја напиша и постави претставата и остатокот од собраните средства ќе биде
наменет за набавка на вреќи за седење во дневниот престој на нашето училиште.
За оваа набавка која ќе следи во блиска иднина одлучи тимот на наставници од
МИО, претседателот на Ученичкиот парламент, ученикот јавен правобраните и
директорот на училиштето. На 19.02.2020 година на овие претстави беа присутни и
градоначалникот на општина Гази Баба, претставници од ОБСЕ, главниот
координатор на овој проект Анита Ангелова, претставници од општината, а
претставата доби и свој видеозапис од страна на фото студио Маестро. За секое
училиште имаше обезбедено и бесплатен превоз од страна на ЈСП.
На 11 февруари во општина Гази Баба со пригодна манифестација беше одбележан меѓународниот ден на жената и девојчињата со цел да се даде поттик за постигнување целосен и еднаков пристап и учество во науката на жените и девојчињата, со цел нивна целосна инклузија во општеството. Градоначалникот г. Борис Георгиевски им порача на девојчињата од основните училишта во општината, никогаш да не се откажуваат од науката. Секогаш да бидат посветени, истрајни и упорни за она што сакаат да бидат и да не потклекнуваат на дискриминацијата. Затоа што само така ќе успеат да стасаат онаму каде што сакаат. Исто така им честиташе што уште од мала возраст влегуваат во научните води и бележат добри резултати.
На манифестацјата беа присутни професорката по билологија, Валентина Славевска – Стаменковиќ и професроката по математика, Слаѓања Брсаковска, од Природно – математичкиот факултет, кои на присутните ученички им ги презентираа нивните приказни, за тоа што нив ги натерало да се посветат на науката.