Упис на ученици во I одд во учебна 2022/2023 год.

Врз основа на член 60 и член 183 став 3 од Законот за основно образование (Сл.весник бр.161 /19) и општинско основно училиште ,,Дане Крапчев“ – Скопје објавува ПОКАНА за запишување ученици во прво одделение во учебната 2022/2023 годинаПраво за запишување во прво одделение имаат:- деца родени 2016 год., односно кои до крајот на календарската 2022 година ќе наполнат 6 години. – деца кои до 31 јануари 2023 ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и со добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.

За запишување во прво одделение потребни се следните документи:

• Лична карта од родител – на увид

• Извод од матична книга на родени за детето (може и копија)

• Врз основа на член 60 став 2 при запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави:

1. потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа. Потврдата за примени вакцини треба да се извади од советувалиште за вакцини или т.н. вакцинални пунктови.

2. Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа. Потврдата за систематски преглед на заби може да се извади од поликлиника, каде што има ординација за детска и превентивна стоматологија.

3. Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.

4. За запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и Мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

5. За запишување на детето кое ќе наполни шест години до 31 јануари 2023, потребно е претходно родителот односно старателот да поднесе писмено Барање за запишување во училиштето и по добиено позитивно Мислење од педагог и психолог на училиштето.

Родителот/старателот потребно е најпрво да пополни Пријава за запишување на детето. Запишувањето може да се врши со електронска пријава на услугата https://uslugi.gov.mk или со физичка пријава во рамките на училиштето секој работен ден од 08 до 16 часот. Телефон за контакт 02525292. По доставената пријава родителот/старателот ќе биде контактиран телефонски од страна на Комисијата за запишување во прво одделееление. Пред да се изврши опсервација на детето родителот/стратаелот е должен да достави комплетна документација за детето според огласот. Реонизација на училиштатаВрз основа на член 63 од Законот за основно образование (Сл.весник бр.161 од 05.08.2019 год.:

– Родителот, односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува.

– Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.

– Родителот, односно старателот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува и од училиштето од реонот во кој живее или каде што постојано престојува.

– Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реонили општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реонодносно општина.

НАПОМЕНА:

– Родителот, односно старателот ако ученикот не го запише во рокот утврден во членот 60 став (2) од Законот за основно образование , ако не му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание (член 8 став (2), пропишана во Законот за основно образование, за која е должен, одговорноста ја сноси родителот, односно старателот. ООУ„Дане Крапчев“ Скопје Комисија за упис на ученици во прво одделение

Симулациски вежби – “Евакуација на ученици, вработени, повредени, во случај на земјотрес и пожар”

На 16 Декември 2021г во ООУ,, Дане Крапчев” Скопје , се одржаa симулациски вежби “Евакуација на ученици, вработени, повредени, во случај на земјотрес и пожар”, во населба М. А. Ченто. Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа волонтерите од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст, кои вршеа спасување и евакуација на повредени лица. Поддршка за релаизација на симулационата вежба дадоа Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба и град Скопје, Противпожарна бригада на Град Скопје, МВР – Гази Баба и ДППД Бајрам Мифтари. Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во ООУ ” Дане Крапчев” и увежбување на повеќе начини на евакуација, пружање прва помош, вршење тријажа и др.

Отворање сензорна соба во ООУ „Дане Крапчев“

На Отворениот ден за граѓанско образование ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје подрржан од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија, а во чест Меѓународниот ден на детето, денес 22.11.2021 год., по иницијатива на училшниот клуб „И јас имам глас“ и училишниот парламент, во рамки на проектите „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и „И јас имам глас“ се реализира: – Отворање сензорна соба во ООУ „Дане Крапчев“- Гази Баба Оваа ученичка иницијатива беше дефинирана од членовите на ученичкиот парламент и ученичкиот клуб, по обуката за Ученичко учество и активизам, што се реализираше во рамки на проектот „И јас имам глас“ со цел да се одговори на приоритетите на нивните соученици за реализирање на детските права и за создавање стимулативна и инклузивна училишна средина. Оваа иницијатива е реализиран како дел од проектите „И јас имам глас“ финансиран од Save the children International преку Шведската Агенција за меѓународен развој. и „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од ЕУ.Голема благодарност до сите ученици вклучени во реализација на активностите во насока на почитување на Детските права, како и благодарнсот до Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски кои даваат безрезервна поддршка во реализација и имплементација на нашите проекти.

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА 130 СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ – ПРИПРАВНИЦИ – ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ ЗА УЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје објавува ЈАВЕН ОГЛАСза вработување на определено работно време на 130 стручни соработници – приправници – образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на определено работно време на 130 стручни соработници – приправници – образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование (idnina.edu.mk)

Известување за Свидетелства

Почитувани ученици и родители,

Согласно препораките од МОН, со оглед на моменталната состојба со пандемијата, Ве известуваме дека свидетелствата за учениците од I – VIII одд. ќе се поделат на стартот на следната учебна година. Учениците кои имаат потреба да го подигнат свидетелството во овој период може да го исконтактираат одделенскиот раководител и да се договорат за термин.

Ви посакуваме добро здравје и убав летен распуст!

ООУ “Дане Крапчев”- Скопје

Издавање потврди

Почитувани родители, доколку се уште имате потреба од потврда за редовен ученик, истата може да ја добиете и следната седмица од понеделник 16.03.2020 год., од 08 до 12 часот, кога е планиран ротационен распоред на вработените. Барањето може да го превземете Т У К А. Истото, пополнето прикачете го во електронска порака (mail) и пратете го на службениот mail – oudanekrapcev@yahoo.com. Потврдата ќе Ви ја испратиме скенирана електронски со цел да се намали физичкиот контакт. Доколку имате потреба од потврда во оригинал истата ќе може да ја подигнете на шалтерот кај дежурни ученици каде што има и формулари за барање за издавање потврди. За дополнителни информации и измени во протоколот навремено ќе бидете информирани. Со почит!

ДОНАЦИЈА ЗА УСПЕШНО ПРОМОВИРАЊЕ ГРАЃАНСКИ ВРЕДНОСТИ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКА КЛИМА ВО УЧИЛИШТЕТО

Како потврда за  досегашните заложби за промовирање граѓански вредности ,  поттикнување демократска клима во училиштето и зголемување на   активната улога на учениците во  училишниот живот  и заедницата, нашето училиште доби донација во техничка опрема и материјали .

  Донацијата е овозможена преку Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) , финансиран од УСАИД , а имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование.

  Техничката опрема (преносниот компјутер и ЛЦД проекторот) ќе бидат користени во наставата по Граѓанско образование и во сите  други активности кои поттикнуваат развивање на граѓански компетенции, ги поттикнуваат учениците за превземање иницијативи и  го промовираат  ученичкото учество во училиштето.

   Материјалите ( бележници и постери за планирање на ученички иницијативи) ќе помогнат во  постигнувањето на наставните цели и унапредувањето на наставата.

    Добиената донација поттикнува на уште поголем ангажман и активно работење на сите субјекти за зајакнување на демократската клима во училиштето.

Распоред за приемен ден на наставниците во второ полугодие учебната 2019/20 година

                           

                наставник               предмет ден и час
1 Марина Пејковска Информатика Среда 5 час 10:30-11:10 /
15:45 -16:25
2 Борис Шундоски Техничко образование Вторник 5 час 10:30-11:10 /
15:45 -16:25
3 Бојана М. Личева Биологија/
иновации
Понеделник 4 час 9:50- 10:30 /
15:05 -15:45
4 Весна Трајковска Англиски јазик Вторник 4 час 9:50 – 10:30 /
15:05 -15:45
5 Јагода Филиповска Македонски јазик Среда 4 час 9:50 – 10:30 /
15:05 -15:45
6 Ване Јовчев Музичко образование Вторник  3 час 8: 55 – 9: 35 /
14:10 -14: 50
7 Јорданчо Тодосиев Физичко и здр. образование Петок  2 час 8:10 – 8:50/
13:25 -14: 05
8 Билјана Стојановска Математика Вторник 4 час 9:50 – 10:30 /
15:05 -15:45
9 Весна Кочова Англиски јазик Четврток  5 час 10:30-11:10 /
15:45 -16:25
10 Анета Митевска Француски јазик Среда  2 час 8:10 – 8:50 /
13:25 -14: 05
11 Катерина Лукарова Англиски јазик Вторник  3 час 8: 55 – 9: 35 /
14:10 -14: 50
12 Елена Томевска Биологија/ Природни науки Четврток  7 час 12:00- 12:45
13 Катица Стојчевска Македонски јазик Среда 3 час 8: 55 – 9: 35 /
14:10 -14: 50
14 Лиле  Сарванова Математика      Вторник 4 час 9:50 – 10:30 /
15:05 -15:45
15 Магдалена Павлевска Историја/ Граѓанско  обр. Среда 5 час 10:30-11:10 /
15:45 -16:25
16 Марија Н. Наневска Ликовно образование               Вторник  3 час 8: 55 – 9: 35 /
14:10 -14: 50
17 Андријана Трпковска Физичко и здр. образование Вторник 2 час 8:10 – 8:50 /
13:25 -14: 05
18 Елена Малинова Македонски јазик Вторник 4 час 9:50 – 10:30 /
15:05 -15:45
19 Бранко Атанаскоски Географија Четврток 7 час 12:00 -12:45
20 Александра Стојчевска Физика и математика Понеделник 5 час 10:30-11:10 /
15:45 -16:25
21 Душанка Китановска Биологија/ Природни науки Понеделник 4 час 9:50 – 10:30 /
15:05 -15:45
22 Јасмина Ѓорѓиева Француски јазик Вторник 4 час 9:50 – 10:30 /
15:05 -15:45
23 Роза Јаневска Историја / Граѓанско обр. Петок 4 час 9:50 – 10:30 /
15:05 -15:45
24 Соња Божиновска Етика Среда 4 час 9:50 – 10:30 /
15:05 -15:45
25 Евдокија Димовска Англиски  јазик Четврток  5 час 10:30-11:10 /
15:45 -16:25
26 Даниела Ристеска Етика во религиите Четврток  7 час 12:00 – 12:45
27 Валентина Николовска Класична култура во евр. цив. Четврток  7 час          12:00-12:45
28 Стевче Здравковски Географија Вторник 2 час 8:10 – 8:50 /
13:25 -14: 05
29 Весна Попадиновски Англиски јазик Петок  2 час 8:10 – 8:50/
13:25 -14: 05
30 Милена Пауновска Македонски јазик Четврток  4 час 9:50- 10:30/
15:05 -15:45
31   Елена М. Јовановска   Математика Среда 3 час   8: 55 – 9: 35 /
14:10 -14: 50