16 ОКТОМВРИ “МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХРАНАТА

ПО ПОВОД 16 ОКТОМВРИ “МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХРАНАТА” нашето училиште, во соработка со здружението “ЕКГ” и под покровителство на Општина Гази Баба беше дел од манифестација на тема “Здрава исхрана”. .

Учениците проследија едукативно предавање од стручни лица за здрава храна и учествуваа во работилница за приготвување на здрави рецепти. Заедно, учениците и наставниците изработија постери и цртежи на оваа тема.

Наставниците од нашето училиште Бојана М. Личева, Душанка Китановска и Марија Н. Наневска беа вклучени како коавтори на “Мини готвач со вкусни и здрави рецепти ” кој произлезе од оваа соработка. Истиот е достапен во нашата училишна библиотека.

НАШЕТО МОТО СЕКОГАШ Е ,, ДА СЕ ХРАНИМЕ ЗДРАВО ЗА ТЕЛОТО ДА НИ БИДЕ ЗДРАВО”. . .

🫘Во прилог фотографии преку кои ви пренесуваме дел од атмосферата.

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА Е-ОТПАД -14 Октомври

ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА Е-ОТПАД -14 Октомври , ученици од 5. одделение присуствуваа на предавање организирано од еколошката организација ,,Екоѕвон,, во соработка со општина Гази Баба. ♻️Целта е развивање свест за рециклирање на електронски и електричен отпад и заштита на животната средина.

22 Септември – ,,Меѓународeн ден без автомобили “

Tрадиционално и оваа година ЕКО ТИМОТ на ООУ,,Дане Крапчев ” го одбележи 22 Септември – ,,Меѓународниот ден без автомобили “.

Учениците од одделенска настава, од II до V одделение со своите наставнички изработија цртежи и постери чија цел е да ја потикнат свеста за разумно користење на автомобилите, како и користење на алтернативни превозни средства.

Изработките од учениците се изложени на заедничко пано кое го составија учениците од IX-1 одд. и го поставија на видно место во училиштето со цел да се промовира помала употреба на превозни сретства кои користат фосилни горива.

Учениците во дневен престој заедно со својата наставничка Ј. Грујовска исто така спроведоа низа активности во соработка со ЕКО тимот: учениците од 1-во одд. боеа велосипедисти , а учениците од 3-то одд пишуваа пароли за важноста на користење на велосипедот.

Паролите беа поделени на граѓани надвор од училишниот двор. Задоволството на граѓаните и учениците од спроведената активност беше големо.

Наставичката С.Алексиќ, пак , со својата група подели флаери на локалното население околу школскиот двор.

Иако мали, овие активности се од големо значење за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на природата! Во продолжение фотографии во прилог.

Здрава храна и добри навики за среќни деца

Денеска во нашето училиште се одржа едукативно предавање и работилница под мотото “Здрава храна и добри навики за среќни деца” . На предавањето одржано од стручно лице од организацијата ЕКГ учениците се запознаа што е тоа здрава и безбедна храна,а потоа практично ги применија стекнатите знаењата за подготовка на здрави ужинки.

Одговорни наставници Бојана М.Личева, Марија Н. Наневска и Душанка Китановска.

Денот на планетата Земја – Активности на биолошката секција

Во пресрет на Денот на Планетата Земја учениците од биолошката секција при нашето училиште учествуваа на настан организиран од МЖСПП под мотото “Инвестираме во знаење-се грижиме за планетата”.

Globe претставува меѓународен проект за заштита на животната средина каде преку едукација на учениците се комбинираат науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво, во функција на осознавање на животната средина.

Како активни реализатори на протоколите од програмата GLOBE ја презентиравме нашата работа и изработивме постер на тема заштита на животната средина. Нашите ученици на настанот имаа прилика да разменат искуства со други ученици и се запознаа со процесот мониторинг на квалитет на амбиенталниот воздух.На настанот беа доделени и сертификати за придонес на наставниците и учениците,а беше врачен и инфрацрвен термометар кој ќе го користиме во практичните изведби. Голема благодарност за сите ученици кои секојдневно собираа податоци и учествуваа во изработка на постерот и училишното пано по повод 22 Април.

Одговорни наставници

Б. М. Личева и Д. Китановска.

Заедничка еко акција во Гази Баба

🌱По повод денот на пролетта 21 март, учениците од нашето училиште заедно со другите ученици од општинските основни училишта земаа учество во засадување на 21 ново дрво во Парк шума Гази Баба со што посакавме добредојде на пролетта, а вооедно на дело ја покажавме нашата грижа кон животната средина, како еден од важните предуслови за квалитетен живот на сите.

🧍‍♂️По засадувањето на дрвата, со учениците од различни етнички заедници учествувавме во активноста “Пешачиме за мир, соживот и толеранција” од која ја испративме најсилната порака која вели: другарството не познава разлики.

Еко активности по повод 21 Март – Ден на пролетта и екологијата


По повод Денот на пролетта и Денот на екологијата 21 Март, во нашето училиште
се изврши еко акција за засадување на садници. Учениците од 9 одделение во
училишниот двор засадија 15 садници донација од ЈКП Гази Баба.
Одговорни наставници: Душанка Китановска и Бојана М.Личева

16 Септември – Светски ден за заштита на озонската обвивка

Светот денес го одбележува 16 Септември – Светскиот ден за заштита на озонската обвивка, со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да се уклучат во неговата заштита . Нашите ученици, членовите на Еко тимот по повод Светскиот ден за заштита на озонската обвивка изработија пано за важноста на озонската обвивка преку која учениците се информираа за нејзиното значење ,важноста за да ја чуваме и заштитиме озонската обвивка.

И да се потсетиме повторно, иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување односно со незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрава животна средина. Дека секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата, што севкупно влијае негативно на озонот.

Еко Тимот

22 Март- Светски ден на водата

Традиционално и оваа година во нашето училиште се одбележа 22 Март –Денот на водата. За да ја истакнеме важноста и грижата за овој природен ресурс нашиот екот тим изготви флаери, преку кои се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста на повисоко ниво. Изработивме пано на тема “Вода” и во соработка со oпштината и ЈП “Водовод и канализација” – Скопје добивме промотивен материјал за заштита на подземните води, кои ги истакнавме на видно место со цел информациите да бидат достапни за сите. На часовите по природни науки и биологија учениците проследија видео материјал коj го израбтија од ЈП“Водовод” за заштита на подземните води како клучен сегмент на водениот фонд. Дискутираа за значењето на водата, изработија пораки со апел за штедење и чување на водата и направија обиколка на резервоарите за собирање на дождовница кои се поставени во нашето училиште.

Еко активности по повод 21-ви Март

– Ден на пролетта и екологијата

По повод Денот на пролетта – и Ден на екологијата 21-ви Март, нашето училиште ООУ „Дане Крапчев“ организираше акција за чистење на училишниот двор и просториите во училиштето и засадување на љубичици во училишниот двор.

Во акцијата беа вклучени сите ученици од 1 до 9 одделение заедно со нивните класни раководители.Најмалите ученици од 1 до 3 одд.ги уредуваа и полеваа саксиските цеќиња во училиштето, но се погрижија и за уредноста на своите училници и холовите.Ученици од 4 до 9 одделение се вклучија  во расчистување на училишниот двор од смет кој зад себе го оставаат несовесните минувачи .

Активностите продолжија со уредувањето на  жардињерата во предниот дел од дворот. Жардињерата се наполни и обработи  со почва и со тоа се подготви теренот за засадување на сезонски цвеќиња.

Во знак на пролетното будење на природата во жардињерата учениците од IX одд, учениците од Еколошката секција и од Еко тимот засадија 100 корени на сезонски цвеќиња од видот на љубичици.  

Голема благодарност и до сите ученици кои во голем број донесоа љубичици и сезонски цвеќина  кои исто така ќе го разубавуваат нашиот училишен двор.