ГРИЖАТА ЗА ЗДРАВЈЕТО И ЗДРАВАТА ИСХРАНА!

25-ти ОКТОМВРИ го посветивме на ГРИЖАТА ЗА ЗДРАВЈЕТО И ЗДРАВАТА ИСХРАНА! 🥦На наше големо задоволство учениците од VI до IX одделение проследија предавање кое го одржаа медицински лица, од Македонско здружение за исхрана и здравје. 🍇Посебно се стави акцент на количеството сол и шеќер кои несвесно ги внесуваме секојдневно, а можат сериозно да наштетат на нашето здравје. 🔶️Веруваме дека овие препораки ќе допринесат за подобрување на нашите навики во исхраната.

ДЕТСКА АТЛЕТИКА за учениците од IV одд. во ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА во ГАЗИ БАБА.

🏃 Денес 120 ученици од IV одделение имаа можност да се натпреваруваат во детска атлетика, да се забавуваат, да го јакнат натпреварувачкиот дух и да ја негуваат фер играта. . 🏃‍♀️Сојузот на училишен спорт на Гази Баба оваа учебна година ќе продолжи да организира бројни спортски настани и активности за учениците од одделенската настава. . . 🏃СПОРТОТ Е ЗДРАВЈЕ, УЖИВАЊЕ и ЗАДОВОЛСТВО !

СИТНИ АМА БИТНИ: НОВ ПРИСТАП КОН ОБУКА ЗАБЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

Во нашето училиште на 18.10.2023 се одржа предавање од Катедрата за
микробиологија и микробна биотехнологија, при институтот за Биологија,
ПМФ- Скопје под раководство на проф. д-р Наталија Атанасова- Панчевска,
проект насловен СИТНИ АМА БИТНИ: НОВ ПРИСТАП КОН ОБУКА ЗА
БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
Учесници во предавањето беа ученици од осмо одделение.
Главната цел на проектот е преку иновативни, едукативни методи да се
информираат младите потрошувачи за хигиената и безбедноста на храната и да
се подготват едукативни материјали кои ќе им помогнат на наставниците во
продолжување на споделување на знаењето за безбедност на храна и нивно
користење во наставната програма и отпочнување на тренд за кревање на јавната
свест.

„Го сакам францускиот“ – Средба во Резиденцијата на Амбасадорот на Франција

Во рамките на проектот на француското Министерство за Европа и надворешни работи за

заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан, беше оформена мрежата на училишта “Го сакам францускиот“, во која е вклучено и нашето училиште благодарение на квалитетот на наставата по француски јазик кој се предава.

Денес, имаше средба со претставници од сите училишта од мрежата, директорот, професорот по француски јазик , како и по еден ученик, на коктел во Резиденцијата на Франција.

На средбата се разменија мислења, се сподели планот на активности за оваа учебна година, во позитивна атмосфера успешно да продолжи проектот.

Од нашето училиште присуствуваа директорката м-р Адријана Младеновска, наставничката Анета Митевска и ученикот од 9-1 Дејанчо Стојановски.

16 ОКТОМВРИ “МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХРАНАТА

ПО ПОВОД 16 ОКТОМВРИ “МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХРАНАТА” нашето училиште, во соработка со здружението “ЕКГ” и под покровителство на Општина Гази Баба беше дел од манифестација на тема “Здрава исхрана”. .

Учениците проследија едукативно предавање од стручни лица за здрава храна и учествуваа во работилница за приготвување на здрави рецепти. Заедно, учениците и наставниците изработија постери и цртежи на оваа тема.

Наставниците од нашето училиште Бојана М. Личева, Душанка Китановска и Марија Н. Наневска беа вклучени како коавтори на “Мини готвач со вкусни и здрави рецепти ” кој произлезе од оваа соработка. Истиот е достапен во нашата училишна библиотека.

НАШЕТО МОТО СЕКОГАШ Е ,, ДА СЕ ХРАНИМЕ ЗДРАВО ЗА ТЕЛОТО ДА НИ БИДЕ ЗДРАВО”. . .

🫘Во прилог фотографии преку кои ви пренесуваме дел од атмосферата.

МЕЃУНАРОДEН ДЕН НА ПЕШАЦИТЕ

По повод 15 ОКТОМВРИ ,,МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПЕШАЦИТЕ” ЕКО тимот и наставниците по физичко и здравствено образование реализираа кратка прошетка со учениците под мотото,,ОСТАВИ ГО КОМПЈУТЕРОТ ЗА ЧАС И ДВИЖИ СЕ СО НАС!”

🚶‍♀️Целта на оваа активност е: – подигање на еколошката свест за одржување здрава животна средина; – намалено користење на автомобилите; – движење пеш од и до училиште; 🚶За таа цел изработивме и флаери со кои сакаме да ја промовираме оваа идеја и помеѓу локалното население.

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА Е-ОТПАД -14 Октомври

ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА Е-ОТПАД -14 Октомври , ученици од 5. одделение присуствуваа на предавање организирано од еколошката организација ,,Екоѕвон,, во соработка со општина Гази Баба. ♻️Целта е развивање свест за рециклирање на електронски и електричен отпад и заштита на животната средина.

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ЗА ЗАШТИТА ОД КАТАСТРОФИ И ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ

ДЕНЕС, 13 Октомври, НАШИТЕ УЧЕНИЦИ И ВРАБОТЕНИ СПРОВЕДОА УСПЕШНА СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ЗА ЗАШТИТА ОД КАТАСТРОФИ И ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ. ️

🔸️️️Вежбата имаше за цел: —да се проверат елаборатите и плановите за елементарни непогоди и катастрофи во училиштето; – –да се обезбеди високо ниво на подготвеност за дејствување при катастрофи со цел безбедно згрижување на учениците и вработените;

🔸️НАШАТА ИНСТИТУЦИЈА СО РЕДОВНИ СИМУЛАЦИСКИ ВЕЖБИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОИТЕ УЧЕНИЦИ И ВРАБОТЕНИ И ВО ИДНИНА!

Ученичкиот парламент во посета на Собранието

НАШИОТ УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ🇲🇰 На лице место од Законодавниот дом каде се донесуваат најголемите државни одлуки.

Попатно ја посетивме Старата Скопска Чаршија и разговаравме со занаетчии кои со љубов работат занаети со долгогодишна традиција, од кои за жал некои се во изумирање.

Убава глетка!!! Пријатно чувство!!! Несекојдневно искуство и спомени низ фотографии !!!