Збирка раскази и песни “Моето патување во Фантазија”

Ученикот Христијан Гочевски Иваноски од  IV 1 одд.  на ден  27-12-2019 учествуваше на промоција на збирка раскази и песни “Моето патување во Фантазија”. Настанот  се одржа во холот на Националната Филхармонија.  Учество зедоа  сите ученици  чии дела се избрани на конкурсот, како и нивните ментори и директори на училиштата.

Ученикот Христијан Гочевски Иваноски напиша песна под менторство на наставничката Билјана Трајановска. Песната беше избрана на конкурс за  да биде дел од оваа збирка на раскази и песни.

На настанот  се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев. Тој искажа дека ова е книга од деца за деца, без реклами што ја прекинуваат забавата на најинтересното, нема батерија што се троши, може да се стопира и паузира и да се враќаат најубавите моменти во неа.

Оваа збирка е заеднички успех на сите деца кои испратија творби да бидат објавени во неа, создаде нови јунаци и жители на Фантазија за кои ќе читаат врсници на детските автори, бидејќи книгата ќе биде дистрибуирана во училишните библиотеки.

,,Социјална правда за квалитетно образование”

Најдобро се учи од изминатите животни лекции на постарите. Нашите ученици од училишниот клуб за детски права кои се вклучени во проектот ,, И јас имам глас”, на 19 декември беа дел од настанот Speech 4 Teach организиран од фондацијата за образовни и културни иницијативи ,,Чекор по чекор ”. Тие заедно со нивните наставници кои се вклучени во проектот имаа можност во МКЦ да присуствуваат на прекрасни инспиративни говори на тема: ,,Социјална правда за квалитетно образование ” токму од луѓе кои навистина поминале низ животните лавиринти на социјалната неправда но сепак успеале да стигнат до својата замислена цел на социјалната правда. Ние, наставниците, родителите,психолозите сме оние кои во своите раце го имаме најмоќното оружје со кое можеме да го промениме светот!

ОТВОРЕН ГРАЃАНСКИ ДЕН ВО ООУ ,,ДАНЕ КРАПЧЕВ “

Денес, ние учениците, наставниците и директорот на ООУ,,Дане Крапчев” бевме домаќини на отворен ден на граѓанско образование, под мотото ,,НИЕ ДЕЦАТА МОЖЕМЕ МНОГУ” !

    Со големо задоволство, сите ние –големи и мали пречекавме многу гости. Горди сме  што пред многу возрасни, градоначалникот, претставници од БРО, директорот ,наставниците, родителите зборувавме за граѓански вредности.

  Пред сите нив ,го претставивме  нашиот Училишен парламент – на кој сме  особено горди .

  Ги презентиравме сите наши иницијативи  кои се реализирани и оние за кои бараме помош и очекуваме да се реализираат.

 Се покажавме како одлични млади оратори. Деца сме но ги знаеме аномалиите на денешното општество

 Му кажавме СТОП на насилството.

Кажавме НЕ на дискриминацијата !

 Кажавме ДА на детските права.

Кажавме  ДА на меѓуетничката интеграција во училиштата.

Горди сме на различностите во нашето училиште. Токму затоа денес зборувавме и пеевме на многу јазици .Горди сме на граѓанските вредности на кои не учат содржините од предметот граѓанско образование.

Горди сме што сите го слушнаа нашиот глас .

Деца  сме, но верувајте ги знаеме граѓанските вредности .

     Гласно ќе кажеме- ние децата на ООУ Дане Крапчев , денес се надминавме себе си , ги воодушевивме возрасните и им дадовме надеж да веруваат во нас –ние сме идните граѓани-водачи на оваа земја .

 Сите ние, учениците и возрасните во училиштето -препознатливи сме по тоа што секогаш целиме високо напред.

ДЕНЕС И ВОЗРАСНИТЕ ПРИЗНАА-НИЕ ДЕЦАТА МОЖЕМЕ МНОГУ !

Млади Франкофони од “Дане Крапчев”

На 30 ноември 2019 година,на Филолошкиот факултет “Блаже Коневски” во Скопје се одржа државниот натпревар по француски јазик за седмо одделение на кој земаа учество и тројца ученици од нашето училиште: Алексеј  Стојановиќ од 7-3 одд, Јована Деановска од 7-4 и Стефан Јанковски од 7-4 под менторство на наставничката Јасмина Ѓоргиева. Младите франкофони од “Дане Крапчев” покажаа одлично знање и успешно го претставија нашето училиште.

Во продолжение на денот, студентите подготвија забавни работилници за седмоодделенците кои се натпреватуваа. Два часа учениците играа разни игри на француски јазик и другаруваа.

Од 16.00 часот во Салонот 19.19 се одржа свечена приредба по повод Меѓународниот ден на професорите по француски јазик и 20 годишнината на Здружението на професори по француски јазик. На свеченоста присуствуваше и Амбасадорот на Франција, господин Кристијан Тимоние, советничката по француски јазик во БРО г-ѓа Кети Димнковска, г-ѓа Љупка Димова и г.Емануел Рамбер од Францускиот Институт во Скопје како и многу професори од Филолошкиот факултет и поранешни претседатели на ЗПФРМ.  Програмата ја збогатија нашата ученичка Јана Стоилевска со прекрасната изведба на песната Je vole од Louane и хорот со песната Tout le Bonheur du monde од Kids United под менторство на наставничките Анета Митевска и Роза Јаневска.

Распоред за додатна и дополнителна настава, секција и воннаставни активности за месец Декември

Распоред за одделенска настава на следниот линк

одделенска настава

Распоред за предметна настава на следниот линк

предметна настава

Реализирана работилница за детските права

Членовите на драмскиот, новинарскиот и ликовниот клуб од ООУ “Дане Крапчев” вклучени во проектот “И јас имам глас” преку Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор” на 26.11.2019, среда, повторно остварија работна средба со Дени од драмската школа во МКЦ. Два часа, во прекрасна работна атмосфера, преку глума, новинарски статии и цртежи имаа можност да ги искажат своите задоволства и разочарувања од почитувањето на детските права од страна на возрасните во и вон училиштето. Целта на овие работилници е да се придонесе во градењето на критички и креативни ставови кон искажувањето мислења на децата во однос на нивните права и потреби во општеството. Овие работилници не завршуваат тука, напротив со секоја средба се раѓаат нови идеи кои потекнуваат токму од умните глави на нашите идни глумци , новинари и ликовни уметници. Следна работилница со зададени задачи за училишниот клуб за детски права е планирана за во декември.

Посета на фестивалот ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ

На 26.11.2019, вторник, учениците од одделенска настава го посетија фестивалот “Златно славејче” кој се одржува по 49 пат во нашиот град. Учениците понесени од звуците на музичките рефрени со голем интерес го следеа фестивалот и уживаа во друштво со многу ученици од други училишта и новите музички ѕвезди.

„Ноември – месец на науката“ 2019

Ученикот Павел Наневски од 9 одд.  на ден 23-11-2019 учествуваше на манифестацијата “Ноември-Месец на науката” кој се одржа на Природно-математичкиот факултет. Настанот беше од натпреварувачки карактер, на кој  учениците кои покажуваат интерес во област на природни науки  ги презентираат своите исражувачки активности.

Павел Наневски  го претстави  својот истажувачки труд и експеримент на тема  “ДНК –Градба и значење”,изработен  под менторство на наставничката по биологија Бојана М.Личева

Ученикот спроведе сопствено истажување за ДНК молекулата и упешно успеа да изведе експеримент за изолирање на човечка ДНК и ДНК од банана.

За својот истражувачки експеримент оваа година е добитник на трета награда од стручното жири на Македонското Биолошко Друштво.

Се надеваме дека овие активности и достигнувања ќе бидат мотив и за останатите ученици да истажуваат во оваа област.