Проект “Садница +” – Акција за засадување на семе од ела

 

На 08-05-2017 во нашето училиште се одржа акција за задување на семе од ела . Активноста беше во соработка со МОН и е дел од проектот Садница +”. Во активностите беа вклучени сите ученици кои заедно со своите наставници ги засадија семињата и се обврзаа да се грижат за нив со цел да одгледаат садници од ела кои во иднина ќе го разубавуваат училишниот двор.

This slideshow requires JavaScript.

Резултати од регионалниот натпревар по природни науки и биологија

На ден 08-04-2017 се одржа регионалниот натпревар по природни науки и биологија во
организација на Душтвото на биолози. На натпреварот нашето училиште зеде учество со учениици од
VI до IX одд. кои постигнаа одлични резултати.
Официјалните резултати и информации околу регионалните натпревари може да погледнете на:
http://prirodninaukinatprevari.blogspot.mk/
https://biologija.yolasite.com/
Наградени ученици на регионален натпревар по биологија VII одд
Ивана Додевска II награда и учество на претстојниот државен натпревар
Катерина Илиевска III награда
Емилија Трајковска -пофалница
Учество Теона Пешевска и Симона Петровска
Наградени ученици на регонален натпревар по природни науки VI одд
Методија Тасевски II награда и учество на претстојниот државен натпревар
Павел Наневски II награда и учество на претстојниот државен натпревар
Јане Ѓорѓиоски II награда и учество на претстојниот државен натпревар
Ангела Чангрлиева пофалница
Ема Котеска пофалница
Ментор на учениците од VI и VII одд. Бојана Мешковска Личева
Наградени ученици на регионален натпревар по биологија VIII одд
Сања Филиповска II награда и учество на претстојниот државен натпревар
Ана Тасева III награда
Матеј Трајчевски III награда
Лора Поповска Учество
Наградени ученици на регионален натпревар по биологија IX одд
Софија Јовановиќ II награда
Тамара Велковска II награда
Александар Недев II награда
Ментор на учениците од VIII и IX. одд .Душанка Китановска
Честитки за учениците и нивните ментори. Продолжуваме понатаму за поголеми успеси на државниот натпревар на 20-05-2017 г. !!!

Ликовна колонија во с. Кучково

На ден 26.04.2017 ученици од ООУ “Дане Крапчев” беа учесници на традиционалната ликовна колонија во с. Кучково. Колонијата ја организира општина Ѓорче Петров. Оваа година претставник од опшина Гази Баба беше нашето училиште, а не претставуваа учениците Ева Алексоска IX-1 и Павел Наневски VI – 3. Изработените слики од сите учесници беа изложени на Првомајскиот хепенинг што исто така, го организираше општина Ѓорче Петров на платото пред крстот во с. Кучково.

Предметен наставник

по Ликовно образование

Марија Н. Наневска

This slideshow requires JavaScript.

НАСТАП НА ПЛОШТАД ВО АВТОКОМАНДА – АПРИЛИЈАДА 2017

Ученици од V и II одделение од нашето училиште , под раководство на нивните наставнички Даниела Торковска и Лидија Ѓоргиева , во петокот на 31.03.2017 учествуваа на Априлијадата која традиционално ја организира општина Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата , која се одржа на плоштадот во Автокоманда , каде учениците од V и II одделение настапија со ритмички точки “Пасо добле” и “Во светот на приказните”. На Априлијада 2017, учество земаа ученици од основните училишта и деца од детските градинки од општина Гази Баба.

Одделенски наставник

Даниела Торковска

Регионален натпревар по француски јазик

Задоволство ми е да Ве известам дека на 01.04.2017 (сабота) се одржа Регионалниот натпревар по француски јазик во ООУ „Димитар Миладинов“. Од нашето училиште учествуваа три ученика од IX – 4 одд. Тамара Велковска, Софија Јовановиќ и Марија Спасовска.
 Тамара Велковска освои II место
Софија Јовановиќ освои IV место
Марија Спасовска доби пофалница.
НА 22.04.2017 ОДИМЕ НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР!
Ментор: Јасмина Ѓоргиева

21 Март – Ден на екологијата

Цели:

  • Подигање на свеста за значењето на здравата животна средина во училиштето
  • Намалување на продукцијата на отпад во училишниот двор
  • Потсетување на еко кодексот и правилата на однесување во зградата од страна на родителите,учениците,наставниците и останатите
  • Зазадување на сезонски цвеќиња во училишниот двор и одржување на веќе засадените садници

По повод денот на екологијата во нашето училиште се спроведе традиционалната акција за расчистување на училишниот двор и зграда.За таа цел се изготви акционен план за работа и учениците заедно со своите наставници излегоа на терен.Од училишниот двор беа отстранети плевел и гранки. Во задниот дел од дворот за жал беше собран и отпад кој зад себе го оставиле несовесните минувачи и содеди. Јавно ги замолуваме сите оние кои минуваат низ училишниот отпадот да го одложуваат во поставените корпи.

Убавиот пролетен ден го искористивме и да засадиме околу 100 љубичици во жардињерите, 1 младо борче и 3 сезонски сончогледки. Секако не заборавивме да ги освежиме и саксиските цвеќиња во училишните холови.

Во училишниот хол по повод ден на пролетта ликовната секција постави изложба на тема “Природа” во техниката графика која ќе може да  се разгледа во текот на оваа недела.

Исто така спроведовме и масовна акција за собирање на е-отпад, стара хартија и пластични шишиња кои ќе бидат соодветно одложени.

Одговорен наставник: Бојана М. Личева

This slideshow requires JavaScript.

СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА СПОРТ И СПОРТСКИ РАЗВОЈ “Hit & Run”

На 14.03.2017 (вторник) во фискултурната сала на ООУ “Дане Крапчев” , Центарот за спорт и спортски развој “Hit & Run” одржа кратка презентација на нивната работа. За учениците   од I – V одделение беа организирани полигони и штафетни игри кои на забавен начин создадоа таква атмосфера што на крајот од активностите децата не беа ни свесни колку корисна и сериозна работа одработиле, исполнети со позитивна енергија, поттикнати од смеата, натпреварувањето и меѓусебното бодрење. Основната задача беше создавање на интерес и љубов кон здравиот живот и спортот уште од најрана возраст. Активностите беа водени од дипломирани професори и тренери на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.

Првачињата и родителите од I – 3 одделение за својата учителка

Учителката  не е само личност која учи само бројки и букви. Учителката  е таа која те учи на животот. И не случајно ја нарекуваат втора мајка. Сигурно ти мисли најдобро. Таа е тука:

-да те пофали кога си направил нешто добро,

-да те охрабри кога си несигурен,

-да те прегрне кога си тажен,

-да те прекори кога нешто грешиш,

-да ти се насмевне како знак дека ќе сочува тајна.

Таа е водач кон непознатото. Личност која е вредна за спомен и почит.

За една од многуте такви личности – учителката Жаки, родителите и учениците организираа работилница. Учениците со помош на родителите изработија заедничка честитка и научија стихотворба со која ја изненадија својата учителка на приредбата која ја организираа за мајките по повод празникот 8 Март.

ЗА НАШАТА УЧИТЕЛКА

Учителке наша мила,

убава си ко горска вила.

Имаш насмевка топла блага,

затоа на сите нас си ни драга.

Секој ден не учиш песни, сказни

и животни вештини разни.

Заедно ни поминуваат дните,

како свои деца не сакаш сите.

This slideshow requires JavaScript.

Приредба по повод 8 Март III-4 одд.

ЦЕЛИ:

  • Учениците да се поттикнуваат за учество на јавни настапи
  • Поттикнување и развивање другарство, меѓусебно почитување, позитивен дух и подобри меѓусебни односи
  • Созијализација и колективна презентација
  • Развивање интерес за вонаставни активности, рекреација и создавање позитивен  дух

На ден 07.03.2016 год. учениците од III-4  одделение заедно со одделенскиот  наставник  ја реализираа подготвената проектна задача – Осмомартовска приредба посветена на мајките.

Приредбата беше реализирана на 7.03.2016 год. во 18ч. На приредбата присуствуваа 23 гости – мајки, родители и членови на потесното семејство на учениците. Сите ученици според предвидениот план ги изведоа своите точки. Учениците рецитираа, драматизираа изведуваа кореографија на детски песни и пееа песнички учени на час по музичко образование. Во последниот дел секој ученик и додели БЛАГОДАРНИЦА  на својата мајка за нејзинот несебичен труд, љубов и грижа за своето дете.  Атмосферата беше исклучително позитивна, а воодушевувањето на родителите беше огромно.

Одделенски раководител:  Јованка Грујовска III-4                                          

This slideshow requires JavaScript.