Наградени творби на книжевната манифестација „Есен во Гази Баба“

На ден, 2.12.2022 г., во ООУ ,,Григор Прличев” во населба Железара, се одржа книжевната манифестација ,,Есен во Гази Баба”. На манифестација учествуваа и нашите ученици: Евгенија Зафирова од 9-1, Ангел Крстевски и Тамара Додевска од 8-2, под менторство на наставничките по македонски јазик, Елена Малинова и Марија Шереметкоска. Учениците беа меѓу најдобро наградените есеисти од вкупно 129 есеи. Тие имаа можност да се запознаат и да разговараат со еден од најдобрите македонски писатели за деца, Горјан Петревски.

Кажи Не на дрогата, кажи Да на животот !

Кажи Не на дрогата, кажи Да на животот !

Ова е слогнот под кој учениците од нашето училиште ја одбележаа неделата посветена на борбата против блестите на зависност. Учениците од училишниот тим на Црвен Крст организраа неколку активности преку кои се потрудија да ги едуцираат врсниците за опасностите од дрогата, алхохолизмот и останатите болести на зависност. И тоа:

• Изработија пано на кое ги прикажаа поседиците од употребата на дрога и аклхохол и истото го поставија на видно место во училиштето

• Изработија видео порака со која кажаа Стоп за наркотиците

• Се спроведе едукативно предавање за дрога за учениците во предметна настава Сето ова го споделуваме со сите вас и заедно да кажеме ДА НА ЖИВОТОТ!

Паното и видеото го изработија Михаела Димчова , Клара Карџоска, Јана Саздовска и Никола Наумов

Тимот на Црвен Крст при ООУ “Дане Крапчев”

20 Ноември e Светскиот ден на детето

Денес, 20 Ноември се одбележува Светскиот ден на детето. По тој повод членовите на Ученичкиот парламент од нашето училиште изработија книга со правата на детето. Во книгата учениците на креативен начин преку цртежи направија приказ на детските права и упатија пораки за нивно почитување.

Книгата во наредните денови ќе биде изложена во училишниот хол. Ги повикуваме сите ученици од нашето училиште да ја погледнат, бидејќи секое дете ИМА ПРАВО ДА ГИ ЗНАЕ СВОИТЕ ПРАВА. Среќен Ден на детето на сите деца во светот!

14 Ноември како Светски ден на дијабетесот

Светската здравствена организација (СЗО) вo 1991г. за прв пат го одбележаа 14 Ноември како Светски ден на дијабетесот. Ова имаше за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за дијабетесот, чиј број на заболени денес изнесува 382 милиони лица ширум светот.

За да ја подигнеме јавната севест за ова заболување, но и да дадеме подршка за луѓето кои водат битка со дијабетесот ,учениците од тимот на Црвен крст изработија едукативно пано и реферат на оваа тема.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува. Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта. Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е најчест ефект на неконтролиран дијабетес и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број системи на телото, особено на нервите и крвните садови. Постојат три типа на дијабетес: дијабетес тип1, дијабет тип2 и гестациски дијабет.

Кои се најчестите последици од дијабетес?

Со текот на времето, дијабетес може да биде причина за оштетување на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите.

Превенција

Едноставни мерки  може да бидат ефикасни во спречување или одложување на почетокот на дијабетес и компликациите предизвикани од него потребно е:

  • постигнување и одржување на здрава телесна тежина;
  • физичка активност со умерен интензитет најмалку 30 минути дневно.
  • консумирање три до пет порции дневно овошје и зеленчук и да се намали внесот на шеќери и заситени масти;
  • да се избегнува употребата на тутун – пушењето го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести

Паното го изработија и уредија  ученичките Мила Донева и Луна Јакимовска од IX-2 одд..

Изразуваме благодарност до родителот Г-ѓа Јакимовска за обезбедените едукативни материјали на оваа тема.

Есенски излет

На 28.10.2022 г. Реализиравме еднодневен излет на Кањонот Матка. Богатиот есенски пејсаж, старите средновековни цркви и манастири, Браната „Св. Андреја“ изградена на реката Треска , тиркизната вода, пештерите , кајаците во разни бои, топлото есенското сонце , многуте туристи кои ги видовме и сите ние , семејството – ученици и наставници на училиштето Дане Крапчев го направивме кањонот побогат и повесел. Матка е наше природно богатство кое треба да го чуваме и редовно да го посетуваме .

За спомените кои ги создадовме сведочат нашите фотографии во прилог.

Посета на кино во рамките на Денови на медиумска писменост

Во рамките на Денови на медиумска писменост, наши ученици од деветто одделение зедоа учество проследувајќи го тематскиот филм „Хакер“ во кино Синеплекс на ден 26.10.2022 год (среда). 

Оваа воннаставна активност се реализира во организација на Работната група за филмска писменост при Мрежата за медиумска писменост, а поддржана од страна на Агенцијата за филм, кината Милениум, Синеплекс и Кинотека на РСМ, дистрибутерот на филмови Катавеј. 

Им благодариме за убавото дружење!

Трето место на конкурсот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2022”

Нашата ученичка Калина Караџоска освои 3 место во Категорија 1 на конкурсот за најдобра литературна творба ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2022”, – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение.), насловот на нејзината творба е ,,Заштита при работа”, а нејзин ментор е наставничката Даниела Торковска.

Денеска бевме дел од промоција на четвртата збирка песни и раскази „БЗР од мали нозе 2022“ каде е објавена и песната на Калина.

Активности за Европската недела на кодирање

Од 8-23 Октомври 2022  се одржа Европската недела на кодирање иницирано од  пошироко членство со цел да го приближи кодирањето и дигиталната писменост до секого на забавен и интересен начин.

По повод Европската Недела на кодирање,  #СоdeWeek,  беа реализирани активности за развивање креативност, решавање проблеми и соработка преку програмирањето..

Ученивите од деветто одделение реализираа активност Основи на програмирање со studio.code.org со цел совладување на алгоритамско размислување преку игра.

Учениците од седмо одделение креираа игри во Scratch. Кодирањето им помогна да станат подобри решавачи на проблеми, да го прошират разбирањето за тоа како функционира технологијата и да развиваат вештини и способности да истражуваат нови идеи.

Учениците од III-1 ја одбележија Европската недела на кодирањето

Денес учениците од III-1 одд. заедно со нивната наставничка Данче Костовска- Јакимовска во рамките на ,,Европската недела на кодирањето ” кодираа , се забавуваа и ги проучуваа можностите за примена на роботиката во наставата. Благодарност до Бојан Василев – претставник на проектот ,,Friends of Education” за соработката.

Инклузивна работилница за одбележување на Детската недела

Учениците од III-3 одделение заедно со наставничката Анета Менчова и образовниот асистент Жаклина Цветковска, поддржани од Инклузивниот тим на училиштето реализираа инклузивна работилница за одбележување на Детската недела. Изработуваа сензорни помагала за нивните другарчиња со атипичен развој.

И Учениците од III-4 одд. заедно со наставничката Весна Димитровска и образовниот асистент Елена Благоевска, а со поддршка на Инклузивниот тим на училиштето, реализираа инклузивна работилница во која изработуваа сензорни помагала за нивните другарчиња со сензорни потешкотии.