Излет – „Пеленица“

На 26 и 27.05.2018 година беше изведен еднодневен излет во месноста “Пеленица“ во близината на Скопје. На излетот учествуваа учениците од II до IX одд.  Учениците имаа можност да другаруват да спортуваат и да поминат неколку часови на чист воздух.

This slideshow requires JavaScript.

Дводневна екскурзија во Дојран

На 14 и 15 Мај се изведе дводневна екскурзија со учениците од шестите одделенија во Дојран . Попатно беа посетени градовите Кратово, музејот, саат кулата „Златкова кула“, „Радин мост“; музејот во Виница; Берово , Беровското Езеро; ноќевање во Дојран х.„Полин“; Струмица , познатите Колешински Водопади, Манастирот „Водоча“, Радовиш – храмот „Света Троица“ .

Учениците имаа можност да се запознаат со природните убавини и знаменитости на нашите краишта, нивните природно-географски обележја, со релјефот, вегетацијата на овие простори. Покрај тоа тие исто така се запознаа со историјата на овие простори, со што развија позитивен став кон спомениците и природната околина. На тој начин тие развиваа позитивен однос кон животната средина како и чувство за одговорност, свесна дисциплина, другарство , меѓусебно почитување, позитивен дух и подобри меѓусебни односи.

This slideshow requires JavaScript.

Настава во природа – V одделение

Од 24 – 28. 04.2018 год. беше изведена Настава во природа за учениците од V одделение. На наставата присуствуваа 67 ученици.

Учениците беа сместени во хотелот „Конгресен центар“ – Охрид.

Во текот на наставата беа посетени: манастирот Св. Јован Бигорски, Вевчанските извори, црквата Св.Софија во Охрид, Антички театар – Охрид, Самуилова тврдина – Охрид, Плаошник – Охрид, Музејот на икони – Охрид, Биљанини извори – Охрид, Истекот на реката Дрим – Струга,  Џамијата на Мустафа Челеби – Струга, Природно-научен музеј – Струга, Куќата на Никола Незлобински – Струга, Куќата на Миладиновци – Струга, Заливот на коските и Римскиот кастел – Градиште (Охрид), манастирот Св. Наум, изворот на реката Дрим, градот Битола, винарија – Лозар – Битола и археолошкиот локалитет Хераклеја.

На оваа настава во природа учениците посетија и научија многу за нашето културно наследство од праисторијата па до денес. Имаа можност да ги видат и доживеат природните богатства на нашата татковина, видовме: планини, рамнини,  реки, природни и вештачки езера, села и градови.

И што е најважно научија да се грижат:  за личната хигиена, за хигиената на просторот во кој живеат, за сопствените потреби , за личната и заедничката сопственост , за другарството и меѓусебното помагање, за сочуството и заедничката радост, за однесувањето во хотел, ресторан, продавница, музеј, црква, џамија, сообраќај. Со еден збор да бидат САМОСТОЈНИ.  И беа многу успешни во тоа!

Останаа многу слики, многу спомени,  Ви пренесуваме само мал дел од нив.

Актив на V одделение

This slideshow requires JavaScript.

Есенски излет – Марков манастир 2017

На 12.10.2017 год. Учениците од одделенска настава беа на излет во локалитетот Марков манастир. Нешто видоа, нешто научија а најмногу играа , другаруваа и уживаа во прекрасниот есенски ден.

This slideshow requires JavaScript.

Тродневна екскурзија низ западна Македонија

Од 01 – 03.10.2017 беше изведена тродневна научна екскурзија со учениците од IX одделение. На ексурзијата присуствуваа 73 ученика и нивните одделенски раководители Весна Кочова, Јулија Јанкуловска, Катерина Лукарова и  Елена Томевска.

-Цели:

-запознавање со природните убавини и знаменитости на нашите краишта, нивните природно-географски обележја, со релјефот, вегетацијата на овие простори,

-негување на старите културни вредности и обичаи

-запознавање со историјата на овие простори

-развивање позитивен став кон спомениците и природната околина

-запознавање на индустриските и земјоделските капацитети

-развивање и поттикнување на позитивни емоции

1.10.2017 Во 7:45 тргнување од Скопје, преку Тетово со посета на Шарената џамија. Преку Гостивар се упативме кон манастирот Св.Јован Бигорски . Во 11.30 прошетка и посета на манастирот Св.Јован Бигорски и мал одмор. Продолживме кон манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец во с.Рајчица го разгледавме манастирот и се запоанаа со начинот на изработка на митри. Околу 15 часот пристигнуваме во Вевчани. Посета и одмор на Вевчанските извори. Од таму се упативме кон Струга, посета на Природо-научниот музеј и рагледување на градо, реката Дрим, „Мостот на поезијата“ и брегот на Охридското езеро. Во 18:30 пристигнавање во Охрид и сместување во хотелот Конгресен центар. Вечера, а по вечерата организирана забава со ди-џеј.

2.10.2017 По појадокот во 09:00 часот тргнавме кон Музејот на коските-Наколна населба на вода . По едно часовно разгледување продолживме кон Св.Наум со цел посета на манастирскиот комплекс. Во 14:00 часот враќање во хотелот за ручек и одмор. Во 16:00 тргнавме кон г.Охрид на прошетка, го раздледвме пристаништето, старата чаршија и кејот. Потоа се вративме во хотелот за вечера, а во 21:00 заминавме на диско забава во Охрид. Во 24:00 пристигнавме назад во хотел.

3.10.2017 По утринскиот договор и појадок заминавме во градот Охрид со цел посета на Самоилова тврдина,  Плаошник , црква Св.Јован Канео , Св.Софија, и прошетка покрај Охридското езеро до Билјанините извори.. Во 14:00 се вративме на ручек во хотелот, се спакувавме и тргнавме кон Скопје со краток одмор на превојот Стража. Околу 18:50 пристигнавме во Скопје.

Одговорен наставник

Јулија Јанкуловска

This slideshow requires JavaScript.

Еднодневен излет – Рекреативен центар „Сарај“

На 30.05.2017 г. за учениците од второ до деветто одделение нашето училиште организираше еднодневен излет до рекреативниот центар ,,Сарај”.  Погодните временски услови, убавата и чиста природа, големото пространство и дебелите сенки им овозможија на учениците и наставниците да поминат пријатни часови во природа и да се рекреираат.
Ова беше последна екскурзија за оваа учебна година. Традицијата ќе ја продолжиме и следната учебна година на нови локации.

This slideshow requires JavaScript.

НАСТАВА ВО ПРИРОДА V одд.

Во период од 09.04.2017  до  13.04.2017 учениците од петтите одделенија од нашето ООУ ” Дане Крапчев – Скопје ,  беа на петдневна настава во природа во Западна Македонија.

Воспитно образовите цели на наставата во природа беа :

– Изучување и истражување на објекти и појави во природата како и односите во општествениот живот ,                                                           учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со културните споменици и знаменитости,                                                                             – учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со релјефот,                                                                                                                                                    учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со видовите населби , археолошки ископини ,                                                – учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со нашето подалечно и поблиско минато,                                                                                  учениците да се запознаат со животинскиот и растителниот свет во и околу Охридското Езеро ,                                                                        – запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви ,                                                                                                                  развивање на другарство и социјализација на учениците.

Кон патот за Охрид , попатно ги посетивме :

1 ДЕН– 09.04.2017

  • Манастирот Св. Јован Бигорски ,
  • Вештачкото езеро Глобочица
  • Хидроцентралата Шпиље,
  • Посета на Вевчани.
  • Посета на Вевчански извори,
  • куќата на Михајло Пупин,
  • црквата Св. Никола

Во попладневните часови се сместивме во хотелот Конгресен центар во Охрид.

2 ДЕН  – 10.04.2017

Следуваа низа  посети на културни знаменитости во градот Охрид:

  • Посета на Охрид и прошетка низ Охридската чаршија,
  • Горна порта,
  • Антички театар,
  • Плаошник ,
  • Самоилова тврдина,
  • црква Св. Јован Богослов – Канео,
  • црква Св. Софија,
  • куќата на Робевци
  • Билјанини извори

Активности во попладневните часови, во хотелот: цртање на манастир и негова околина, литературно творење, истражување на животински и растителен свет покрај вода и пишување извештај од истото. А во вечерните часови имавме забава со аниматор.

3 ДЕН – 11.04.2017

По појадокот се упативме кон Струга. Во Струга  ги посетивме следните локации:

  • Посета на градот Струга,
  • Посета на Природонаучен музеј Др. Никола Незлобински,
  • куќата на браќата Миладиновци,
  • чаршијата и течението на реката Црн Дрим.

Активности во попладневните часови, покрај брегот на езерото: работа во групи – пишување извештај од посетата на градот Струга , литературно творење , цртање на езерото , разгледување на релјефот во околината.

4 ДЕН  – 12.04.2017

По појадокот се упативме кон Заливот на коските ( музејот на вода) , а потоа кон Св. Наум.

  • Посета на Заливот на коските,
  • манастирот Св. Наум Охридски,
  • црквата Св. Петка,
  • изворот на реката Црн Дрим ,
  • Мостот на желбите ,
  • Кратка посета на с. Трпејца.

Учениците имаа и незаборавно доживување со возење со кајче со цел да ги видат изворите на Црн Дрим кај Св. Наум.

5 ДЕН  – 13.04.2017

Последниот ден од незаборавната настава во природа  се упативме кон :

  • Античкиот град Хераклеа ,
  • Посета на градот Битола ,
  • Широк сокак.

Сите среќни , задоволни со голем број на впечатоци и доживувања пристигнавме во Скопје во попладневните часови.

 

Еднодневен есенски излет – Парк шума „ Гази Баба “

На 20.10.2016 год. беше реализиран еднодневен есенски излет во парк шумата „Гази Баба“ со  учениците од второ до осмо одделение и нивните одделенски раководители.

14702288_1516467898381927_2152608047587379794_n 14666065_1516467978381919_80984612214183371_n 14642370_1516468051715245_3041428268545056855_n 14568005_1516468128381904_1132551843527254300_n 14632835_1516480435047340_8112595092032748754_n 14716251_1516480478380669_2466235945744800666_n 14670893_1516491458379571_2336187176211941568_n

14787092_1147044015382028_943703364_o 14787733_1147036378716125_1922956194_o 14800168_1147035712049525_855631744_o 14803250_1147035802049516_566748819_o 14808745_1147036308716132_1371266089_o

Тридневна екскурзија низ Македонија – IX одделение

-Цели:

-запознавање со природните убавини и знаменитости на нашите краишта, нивните природно-географски обележја, со релјефот, вегетацијата на овие простори,

-негување на старите културни вредности и обичаи

-запознавање со историјата на овие простори

-развивање позитивен став кон спомениците и природната околина

-запознавање на индустриските и земјоделските капацитети

-развивање и поттикнување на позитивни емоции

20161019_175948 20161019_175835 20161018_161551 20161018_101126 20161017_161342 20161017_161007 20161017_145825 20161017_145500 20161017_144912 20161017_083847