Објавата на поетот Филип Димкоски

Денес се дружев со учениците од ОУ,, Дане Крапчев” во населба Ченто во Скопје, библиотекарката Жаклина и наставничките Јованка и Данче. Учениците за добредојде ми подарија грст песни и раскази за пролетта и со многу прашања и одговори но и со внимание и интерес. Јас пак им читав песни за екологијата и природата а меѓу стиховите прашував и давав одговори. Со стихови и пријатни разговори во библиотеката на училиштето на најубав начин го најавивме утрешниот Ден на пролетта и Денот на поезијата. Благодарност за иницијативата и поканата од наставничката Јованка Грујовска

Филип Димкоски

ПРОДАЖБА НА НОВОГОДИШНИ УКРАСИ, ЧЕСТИТКИ И ДРУГИ ИЗРАБОТКИ

На 24, 25, 26.12. 2018 год.  на големиот одмор и меѓу смените во нашето училиште се одржа продажба на новогодишни украси, честитки и други изработки во соработка со родителите на нашите ученици. Секој актив учествуваше со своите изработки и истите ги купуваа ученици и вработени. Собраните средства ќе се употребат за потребен училишен материјал и прибор за работа со учениците.

Новогодишни работилници

Во периодот од 10-19.12.2018 год. се одржаа новогодишни работилници за изработка на новогодишни украси и честитки во соработка со родителите. Исто така се украсуваа и училниците, ходниците и холот. Целта на заедничката работилница е да се вклучуваат родителите во животот и работата на училиштето како и активно учество на родителите во воннаставните активности на училиштето.

Голема Еко акција во училишниот двор на ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје

Оваа седмица на инцијатива од  нашиот  Еко-тим во соработка со Јавното Комунално Претпријатие „ Гази Баба 2007” се спроведе  голема Еко-акција. Акцијата опфати  расчистување на отпадот расфрлен во задниот дел на училишниот двор  од страна на несовесни граѓани.

Со помош на механизација на ЈКП „Гази Баба 2007“ се расчисти оргомна количина на отпад на кој местото не му е во нашиот училишен двор.

Сакаме да апелираме до сите граѓани кои гравитираат низ нашиот двор дека тој е место за рекреација и дружење на нашите ученици , а не депонија !!! Несоодветно одложениот отпад е опасен за здравјето на сите нас!

Во иднина се надеваме дека нема да има потреба од ваков тип на акции , а вооедно сакаме да искажеме јавна благодарност за помошта од ЈКП “Гази Баба 2007”.

И за крај една убава вест – Пред училишниот влез засадени се четири зимзелени садници од видот Туја-смарагд кои ќе придонесат за разубавување на амбиентот.

Грижата и негата за садниците е заедничка одговорност!

ЕКО – тим

Промотивен настан на активности за меѓуетничка интеграција на Денот на Општината

Ве очекуваме на 03.11.2018 во 17:00 во спортската сала „Крсте Мисирков“ да ги проследите заедничките активности на учениците од 11 основни училишта во општина Гази Баба.

44948651_2234829983254898_5425486770881953792_o

Објавен редовниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањетo

Превземено од: http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-objaven-redovniot-konkurs.nspx

Денес, Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето – 1 ноември. Трите институции коишто заеднички учествуваат во Координациското тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација, со овој конкурс имаат за цел да ja поттикнат креативноста, имагинацијата, како и критичкото размислување на учениците при создавањето творби на темите штедење и осигурување. Овие институции на овој начин ќе придонесат за натамошно интересирање и едуцирање на младата популација за овие два клучни сегмента во финансиската сфера.

Во конкурсот се одредени две теми на кои учениците од основите училишта можат да се јават со испраќање литературна творба – песна и/или ликовна творба – цртеж: „И јас умеам да штедам“ и „Што значи осигурувањето на домот и семејството за мене“. По завршување на конкурсот ќе бидат избрани по три најдобри литературни и ликовни творби на двете теми. На авторите (ученици) на избраните творби ќе им бидат доделени парични награди.

Годинава, за првпат, на конкурсот, учениците од средните училишта можат да испратат литературна творба – есеј, и тоа на тема „Штедам – мислам на својата иднина“. Според насоките дадени во конкурсот, есејот треба да содржи личен поглед кон штедењето, со осврт на некои од важните прашања: причините и потребата за штедење, значењето на штедењето за иднината, ставот кон штедењето на младата популација наспроти повозрасните, семејните навики и штедењето, познавањата на младите за штедењето во финансиските институции и други аспекти.

Учениците од средното образование можат да конкурираат и со литературна творба – расказ на тема: „Што значи осигурувањето на домот и семејството за мене“. На авторите (ученици) на трите најдобри есеи и раскази ќе им бидат доделени парични награди.

Условите за учество се наведени во конкурсот којшто е објавен на интернет-страниците на НБРМ, Министерството за финансии и АСО.

Крајниот рок за доставување на творбите е 15 октомври 2018 година.

Пристигнатите творби ќе ги разгледуваат и ќе ги оценуваат комисии формирани од претставници на трите институции коишто го распишаа конкурсот. Списокот на наградените ученици, датумот и локацијата на доделувањето на наградите ќе бидат објавени најдоцна до 31 октомври 2018 година, на интернет-страниците на трите институции.

НБРМ, Министерството за финансии и АСО се надеваат дека и оваа година, конкурсот ќе предизвика голем интерес меѓу учениците од основните и средните училишта во Република Македонија и дека дополнително ќе го стимулира стекнувањето и развивањето на навиките за штедење, а воедно ќе придонесе и за подобра упатеност во можностите коишто ги дава осигурувањето. Трите институции ќе продолжат со активностите преку кои ќе се обидуваат да придонесат за соодветно финансиско едуцирање на новите генерации, со што ќе се овозможи зголемување на финансиската писменост на населението во Република Македонија и во иднина.

 

Денес се слави Рамазан Бајрам

 

Светиот месец Рамазан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга – Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни. 

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.

Еден од најбитните настани во текот на овој месец е постењето (савма). Секој ден во текот на месецот Рамазан, Муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат Сухоор, оброк пред зората, и обавуваат фаџар (fajr) молитва. Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва (езан) па се до четвртата молитва од денот, магриб (залез). Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на сонцето, па се до следниот фаџар (повик за молитва). Рамазан е време за обожување на Бог. Муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења и да избегнуваат лоши мисли и нерелигиозни разговори. Размислување и имање секс во текот на постот исто така се забранети. Насилството, освен ако тоа навистина е потребно е забрането исто така (Коран 2:187). Една од најважните карактеристики на месецот е чистотата на мислата и активностите. Постот има за цел да го продлабочи искажување на почит и воспевањето на името на Бога, со што и самите верници стануваат поблиску до бога.

Единствено од постот може да бидат „оправдани“ старите, болните и безумните/лудите, иако првите две групи мора да дадат напор секојдневно да исхрануваат барем еден сиромашен верник. Исто така исклучок може да бидат бремените жени, жените во периодот на менструација и доилките. Сите ги надокнадуваат деновите во кои не постат отпосле. Децата не се обврзани да постат, сепак многу деца се обидуваат да постат колку што е можно повеќе пати во текот на детството, во тоа им помагаат нивните роднини. На крај, патниците се исклучени од обврската на постот, но исто како и другите, по нивното патување мора да надокнадат за пропуштените денови на пост.

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Муслиманите во Република Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Кај муслиманите Бајрам се честита со зборовите „Бајрам шериф мубарек олсун“, што во превод значи „Нека е благословен племенитиот Бајрам“.

Одговорот е: Алах рази олсун (Нека Алах биде задоволен од тебе).

Во текот на бајрамските празници муслиманските верници се посетуваат и го честитаат празникот на своите најмили, на роднините, соседите и пријателите.

На сите ученици и нивните родители од исламската вероисповед им го честитаме празникот и посакуваме да го празнуваат во мир, радост љубов и среќа!

Превземено од   https://www.fakulteti.mk/news/15062018/deneska-se-slavi-ramazan-bajram

Правилна исхрана – одлична иднина

Дружбата и активностите продолжија на 07.06.2018г. во нашето училиште “Дане Крапчев’. Учениците раскажуваа за поминатите случки и впечатоците од заедничките посети на Земјоделскиот факултет, во фабриката Виталија, Зелениот пазар. Дискутираа за здравата храна и она што го осознале. Потоа од набавените зеленчукови и овошни плодови, различни по вид, учениците приготвија овошни и зеленчукови салати според различните рецепти, онака како што правеле нивните мајки или по рецепти. Додека ги приготвуваа салтите појаснуваа каде најмногу успева плодот, кои витамини ги содржи и сл. Подготвија прекрасна трпеза. Вредните раце на учениците ги наполнија кошниците со овошје и зеленчук и се упативме кон СОС Детско село. Беа пречекани од нивните соученици – штитеници на СОС Детско село. Дружбата продолжи.

 

 

 

 

Правилна исхрана – одлична иднина

Продолжуваме со реализација на проектот: ,,Правилна(здрава)исхрана-одлична иднина“  во рамки на МИО по добиениот Гранд од МОН.  Учениците од ООУ,,Дане Крапчев,, и ООУ,,25 Мај,, беа во заедничка посета на ВИТАЛИЈА – Фабрика за производство и преработка на здрава храна. Поминавме еден прекрасен ден во дружење и запознавање со процесот на преработка, производство и пакување на здрави производи од „Виталија“.

Mеѓуетничка интеграција и толеранција

Правилна (здрава) исхрана – Одлична иднина

Пирамида  на здрава исхрана

На 23.05.2018г. продолживме со активностите предвидени во рамки на проектот Правилна исхрана-Одлична иднина по добиениот ГРАНД од МОН преку проучувања за производството и  дистрибуцијата на здравата храна и  посета на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје каде учениците од двете училишта имаа можност да следат презентација и предавање за здрава исхрана од Доц.д-р Фросина Бабановска Миленковска која работи како професор на факултетот.Активностите продолжија со посета на овоштарник каде се запознаа со начинот на одгледување на разни сорти овошки кои виреат на нашето поднебје.