Правилна исхрана – одлична иднина

Дружбата и активностите продолжија на 07.06.2018г. во нашето училиште “Дане Крапчев’. Учениците раскажуваа за поминатите случки и впечатоците од заедничките посети на Земјоделскиот факултет, во фабриката Виталија, Зелениот пазар. Дискутираа за здравата храна и она што го осознале. Потоа од набавените зеленчукови и овошни плодови, различни по вид, учениците приготвија овошни и зеленчукови салати според различните рецепти, онака како што правеле нивните мајки или по рецепти. Додека ги приготвуваа салтите појаснуваа каде најмногу успева плодот, кои витамини ги содржи и сл. Подготвија прекрасна трпеза. Вредните раце на учениците ги наполнија кошниците со овошје и зеленчук и се упативме кон СОС Детско село. Беа пречекани од нивните соученици – штитеници на СОС Детско село. Дружбата продолжи.

 

This slideshow requires JavaScript.

 

 

 

Правилна исхрана – одлична иднина

Продолжуваме со реализација на проектот: ,,Правилна(здрава)исхрана-одлична иднина“  во рамки на МИО по добиениот Гранд од МОН.  Учениците од ООУ,,Дане Крапчев,, и ООУ,,25 Мај,, беа во заедничка посета на ВИТАЛИЈА – Фабрика за производство и преработка на здрава храна. Поминавме еден прекрасен ден во дружење и запознавање со процесот на преработка, производство и пакување на здрави производи од „Виталија“.

This slideshow requires JavaScript.

Посета на „Зоолошката градина“- Скопје

На 07.06.2018 г. учениците од II одд. заедно со нивните наставници реализираа посета на „Зоолошката градина“- Скопје и на „Природонаучниот музеј Македонија“ – Скопје. Во овој период по предметот природни науки  се изучуваше темата ,,Растенијата и животните околу нас ”. Учениците преку оваа посета имаа можност  да ги прошират своите знаења за  животните  и растенијата и  да уживаат во меѓусебното незаборавно дружење во зоолошката градина.

This slideshow requires JavaScript.

Mеѓуетничка интеграција и толеранција

Правилна (здрава) исхрана – Одлична иднина

Пирамида  на здрава исхрана

На 23.05.2018г. продолживме со активностите предвидени во рамки на проектот Правилна исхрана-Одлична иднина по добиениот ГРАНД од МОН преку проучувања за производството и  дистрибуцијата на здравата храна и  посета на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје каде учениците од двете училишта имаа можност да следат презентација и предавање за здрава исхрана од Доц.д-р Фросина Бабановска Миленковска која работи како професор на факултетот.Активностите продолжија со посета на овоштарник каде се запознаа со начинот на одгледување на разни сорти овошки кои виреат на нашето поднебје.

This slideshow requires JavaScript.

Денови на електротехника 2018

На седмата по ред манифестација Денови на електротехника 2018 во организација на СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје, тимот од ООУ „Дане Крапчев“ со ментор: Јулија Јанкуловска и ученици: Матеј Трајчевски, Петар Стефановски и Јован Јанковски го освоија четвртото место на градскиот натпревар во кој учествуваа   36 основни училишта со нивните тимови.

Во сколоп на манифестацијата на 22.5.2018 ја посетивме хидроцентралата- музеј Матка.

This slideshow requires JavaScript.

Патување со воз

На 21.05.2018 г. учениците од III-1, III-3, III-4 одд. заедно со нивните наставници реализираа патување со воз на релација Скопје – Велес – Скопје. Во овој период по предметот општество се изучува темата ,,Сообраќај”. Учениците преку оваа посета на железничката станица и патувањето со воз имаа можност во пракса да ги прошират своите знаења за железничкиот сообраќај, професиите врзани за истиот и да уживаат во незаборавното патување. Голема благодарност до сите вработени од Македонска железница кои ни беа љубезни домаќини во текот на посетата и патувањето.

This slideshow requires JavaScript.

Саем на книгата 2018

По повод триесет годишнина од манифестацијата Саем на книгата ученици од IV до IХ одделение на ден 09.04.2018г. со наставниците Елена Малинова, Роза Јаневска, Катица Стојчевска, Весна Трајковска, Марија Наневска и Елена Тасевска, ја посетија метрополис арената Борис Трајковски каде годинава се одржа Саемот на книга . Учениците самостојно избраа и се подновија со книги по сопствена желба , заедно со наставниците присуствуваа на промоција на книга од писателката Исидора Бјелица која ја предводеше лично госпоѓата Бјелица со професори од институтот за Педагогија. Учениците имаа и време за слободни активности во бифето од спортскиот центар каде ги разменија своите импресии од посетата на саемот.

This slideshow requires JavaScript.

III-1 на Саем на книгата

Денес, (09.05.2018 г) учениците од III-1 одд. го посетија Саемот на книгата. Некои од учениците имаа можност за прв пат да посетат настан од овој тип и уште при влезот , првата рекција беше-воодушевеност од глетката. Потоа секое дете тргна во потрага по книга по сопствен избор. На саемот имавме средба и мал разговоор со Министерката за образование – госпоѓа Рената Дескоска.

Веднаш по посетата на саемот, во нашето училиште активот на трето одделение беше посетен од студенти на ФИНКИ , кои одржаа кратко предавање на тема ,,Запознавање и заштита од малициозни , штетни софтвери – Информатика во мини паакување .“

This slideshow requires JavaScript.

Настава во природа – V одделение

Од 24 – 28. 04.2018 год. беше изведена Настава во природа за учениците од V одделение. На наставата присуствуваа 67 ученици.

Учениците беа сместени во хотелот „Конгресен центар“ – Охрид.

Во текот на наставата беа посетени: манастирот Св. Јован Бигорски, Вевчанските извори, црквата Св.Софија во Охрид, Антички театар – Охрид, Самуилова тврдина – Охрид, Плаошник – Охрид, Музејот на икони – Охрид, Биљанини извори – Охрид, Истекот на реката Дрим – Струга,  Џамијата на Мустафа Челеби – Струга, Природно-научен музеј – Струга, Куќата на Никола Незлобински – Струга, Куќата на Миладиновци – Струга, Заливот на коските и Римскиот кастел – Градиште (Охрид), манастирот Св. Наум, изворот на реката Дрим, градот Битола, винарија – Лозар – Битола и археолошкиот локалитет Хераклеја.

На оваа настава во природа учениците посетија и научија многу за нашето културно наследство од праисторијата па до денес. Имаа можност да ги видат и доживеат природните богатства на нашата татковина, видовме: планини, рамнини,  реки, природни и вештачки езера, села и градови.

И што е најважно научија да се грижат:  за личната хигиена, за хигиената на просторот во кој живеат, за сопствените потреби , за личната и заедничката сопственост , за другарството и меѓусебното помагање, за сочуството и заедничката радост, за однесувањето во хотел, ресторан, продавница, музеј, црква, џамија, сообраќај. Со еден збор да бидат САМОСТОЈНИ.  И беа многу успешни во тоа!

Останаа многу слики, многу спомени,  Ви пренесуваме само мал дел од нив.

Актив на V одделение

This slideshow requires JavaScript.

Посета на општина Гази Баба

Учениците од четврто оделение на 03.04.2018 година беа во посета на Општина Гази Баба.

Целта на посетата беше учениците да се запознаат со функцијата градоначалник и други вработени во општината.

Беа топло пречекани од страна на градоначалникот Борис Георгиевски кој ги  запозна со функцијата градоначалник и со други вработени во општината и нивните работни задачи.

Јавно се заблагодаруваме на поканата,срдечниот прием и пречекот.

This slideshow requires JavaScript.