Градиме заедничка иднина – Денови на МИО во Општина Гази Баба

Во рамките на Грантовите за заеднички активности – ГРАДИМЕ МОСТОВИ организирани од МОН и ОБСЕ, општината Гази Баба е добитник на гранд со проектот Градиме заедничка иднина – Денови на МИО во Општината, на кој главна цел е да се сплотат учениците од сите основни училишта во општина „Гази Баба“, кои во мешани групи (од било каков аспект: полов, етнички, социјален…) ќе соработуваат и ќе се подготвуваат за одбележување на Денот на општината: 03.11.2018 год. Нашето училиште активно е вклучено во сите планирани активности од проектот, а во една од планираните активности – Подготовка на заедничка приредба за Денот на општината е и училиште домаќин.

На 24 и 26 април во нашето училиште се реализираше првата активност Работилници за мултикултурно учење и меѓуетничка соработка за учениците на кое активно учество земаа 30 ученици и одговорни наставници кои учествуваат во овој проект.

На 02.05.2018 год. во ООУ „Његош“ се започна со реализација на втората активност од проектот Истражување на причините за загаденоста во нашата општина, изготвување препораки до пошироката популација за заштита од загаденоста и превенција на здравјето и изработка на рекламен материјал –флаери и брошури – на која активно учество земаа 5 ученици од нашето училиште –Аделина Ајваз, Никола Стојменовиќ, Методија Тасевски, Нина Ристиќ и Христина Јовановска придружени од координаторот на МИО на училиштето Весна Трајковска, педагогот Габриела Пљачкоска и координаторот на проектот од нашето училиште Виолета Стоилевска.

На 09.05.2018 и 11.05.2018 во ООУ„25 Мај“- Скопје се започна со реализација на четвртата активност од проектот Изработка и печатење на двојазичен водич низ Гази Баба (македонски и албански) на која активно учество земаа 4 учениците Павел Наневски, Вероника Неделковска, Јана Стоилевска и Михаил Стефановски. придружени од наставничката по информатика и член на МИО Марина Пејковска и одделенскиот наставник Јованка Грујовска и координаторот Виолета Стоилевска.

На 09.05.2018 во ООУ„Наум Наумовски Борче“- Скопје се започна со реализацијата на шестата активност од проектот Игри без граници на која активно учество земаа 8 ученици од 3 и 4 одделение – Бисера Стојменовиќ, Адриана Стоилевска, Горазд Стојановски, Драгана, Рамадан Јашарај, Башким Абедим, Давид Митевски придружени од одделенските наставници Јованка Грујовска и Виолета Стоилевска.

На 16.05.2018 се започна со реализација на третата активност од проектот Подготовка на заедничка приредба за Денот на општината на која нашето училиште „Дане Крапчев“ беше училиште домаќин. На оваа активност учество земаа 10 ученици – Ердуан Демиров, Никола Јакимовски, Јана Ѓорѓиевска и Миа Јакимовска во хор – придружени од наставничката Роза Јаневска и Марина Пејковска; Теа Веселинова, Ники Пандовска, Моника Георгиевска и Теона Пешевска – оркестар придружени од наставникот по музичко обр, Ванчо Јовчев и координаторот Виолета Стоилевска; Тамара Додевска и Катерина Пислевиќ – ритмичка група придружени од одделенскиот наставник Лидија Ѓорѓиева, Јованка Грујовска и Христина Петровска.

На средбите земаа активно учество, учениците и наставниците од сите училишта на општина Гази Баба работеа интегрирано, балансирано и со иста цел – заедничка иднина, во пријатна атмосфера и соработка помеѓу сите учесници.

Продолжуваме да ги реализираме планираните активности !!!!

Координатор:

Виолета Стоилевска

This slideshow requires JavaScript.

Проект на УСАИД ,, Зајакнување на социјалната кохезија “- Спортски игри

Среда, 18.04.2018 година во нашето училиште беа спроведени спортски активности како дел од проектот на УСАИД   ,, Зајакнување на социјалната кохезија “ во Р.Македонија . Целта на проектот е да ја зајакне меѓуетничката интеракција меѓу  децата и да го унапреди меѓукултурното образование.

Во спортските активности кои траеа 120 минути учествуваа 75 ученици од трето одделение од ООУ ,,Дане Крапчев” и ООУ,, 25 Мај ” – од Скопје.

Учениците од двете училишта , а и наставниците заедно со нив добија можност да се дружат –  учениците   заедно да се радуваат на  успесите во игрите, а наставниците да разменат професионални  искуства.

Колкава беше радоста и задоволството кај учениците ќе можете да погледнете од  приложените фотографии .

This slideshow requires JavaScript.

„Различна нација, различна вера, сплотени за раце во иста атмосфера“

-Цели:

-претставување преку поетско читање, песни на различни јазици;

-да осознае дека преку песната може да се искажат чувства кои секој може да ги разбере без разлика на јазикот на кој е напишана;

-развивање љубов кон пишаниот збор и песната;

-развивање позитивен другарски однос;

-развивање и поттикнување на позитивни емоции

На ден 23.12.2016г. во рамките на проектот ,,Меѓуетничка интеграција во образованието,, под мотото „Различна нација, различна вера, сплотени за раце во иста атмосфера“,  ученици од нашето училиште  пред своите соученици  се претставија  преку поетско читање и рецитирање песни на различни јазици. Истите творби имаа можност преку истражување на интернет да ги слушнат  во нивната музичка верзија исто така на различни јазици.

Учесници беа учениците од предметна настава од VIII и IX одделение.

Одговорни наставници: Катица Стојчевска, Елена Малинова, Роза Jаневска

This slideshow requires JavaScript.

МУЛТИЕТНИЧКА ТРПЕЗА

Во рамките на Проектот за „ Меѓуетничка интеграција во образованието“  на 20.12.2016  во 10.30 h.  се одржа новогодишна Мултиетничка трпеза  во организација на активот на  трето одделение. Мултиетничката трпеза е планирана активност од програмата на тимот за Соработка со родители. Секој одделенски наставник  во соработка со родителите од својата  паралелка организира  активности за подготовка на традиционални јадења. Сите  ученици и нивните родители се вклучија во  истата. На мултиетничката трпеза можеше да се види традиционална храна од секоја етничка заедница: сарми, гравче, баклави, мантии, пити, божиќни колачиња…  Мултиетничката трпеза  им овозможи на учениците развивање чувство на почит , разбирање и вреднување на традиционалните вредности на секоја култура.

Благодарност до сите ученици и родители од III одделение  за  учествoто  и  успешната  реализација на оваа активност.

Одделенски наставник: Лидија Велковска

 

This slideshow requires JavaScript.