Општински натпревар за противпожарна заштита

На 7.11.2018 тимот од ООУ „Дане Крапчев“ на 34 општински натпревар за противпожарна заштита, одржан во ООУ „Крум Тошев“ го освои првото место на ниво на општина Гази Баба со што се пласира на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 14.11.2018.

Тимот го предводеше наставник ментор- Јулија Јанкуловска со учениците од VIII одделение: Марко Смилевски, Иван Гочевски – Иваноски, Јане Ѓорѓиевски и Стефани Угриновска.

Промотивен настан на активности за меѓуетничка интеграција на Денот на Општината

Ве очекуваме на 03.11.2018 во 17:00 во спортската сала „Крсте Мисирков“ да ги проследите заедничките активности на учениците од 11 основни училишта во општина Гази Баба.

44948651_2234829983254898_5425486770881953792_o

Европски ден на јазиците

На ден 26 Септември Европскиот ден на јазиците беше одбележан со читање реферат за овој значаен ден и паноа изработени од нашите ученици со важните особености од различни земји изложени во холот на нашето училиште.
На ден 28.09.2018год. во ООУ Димитар Миладинов се одбележа Европскиот ден на јазицитесо приредба, во соработка со 5 основни училишта од Скопје: ООУ Димитар Миладинов- домаќин на настанот, ООУ “Дане Крапчев “ , ООУ “Кемал Ататурк”, ООУ” Лазо Ангеловски”, ООУ “Живко Брајковски” и ООУ “Браќа Миладиновци” Училиштата подготвија штандови на 10-тина европски земји, на кои беше
презентирана нивната култура, знаменитостите како и традиционалните јадења од таа земја.
Основните училишта подготвија штандови на : Македонија, Франција, Англија, Турција, Ирска, Шпанија и Србија. Нашето училиште се претстави со македонски и шпански штанд. Приредбата со  5 точки презентирани од 5-те основни училишта започна во 12часот. Секое училиште претстави на свој
начин точка зборувана на повеќе европски јазици. Нашите ученици од 8-мо одд. се претставија со точка на меѓусебно запознавање на група извидници на повеќе јазици (македонски, англиски, француски, албански, ромски, хрватски и италијански). Учениците од 4-то одд. имаа кратка драматизација  за професии и стихотворба за поздравување на англиски јазик. На приредбата присуствуваа многу важни гости: Директорот на бирото за Франкофонија на југоисточна Европа Г-дин Моџамед Кетата, потпретседателката на Здружение на професори по француски јазик : Снеже Петров, директорката на катедра на француски јазик при Филолошки факултет: Ирина Бабамова, одговорната за универзитетско
образование при француски институт: Сузана Пешиќ, Француската оперска пеачка: Елена Голомеова, повеќе директори на основните училишта, раководителот на сектор образование при општина Центар – Јагода Јанковска и раководителката од одделението за образование на општина Бутел.  По
завршување на приредбата гостите ги погледнаа штандовите и ја доживеа европската култура и традиција.
download (1)

Екологистите во акција

This slideshow requires JavaScript.

Реазлизација на активности по повод Светски ден на чистење Нашето училиште ООУ “Дане Крачев”, Гази Баба спроведе акција за чистење на училишниот двор од смет кој зад себе го оставаат несовесните граѓани. Собрани беа околу 10 црни вреќи мешовит отпад. Учениците од еколошката секција најпрво го собраа отпадот од зелените површини, а потоа ги отстранија остатоците од суви лисја и растенија. Засадените дрвја и жардињерите се окопаа и исплевија, со што започнаа подготовките за eсенско засадување на сезонски цвеќиња. Во училишната зграда учениците исто така спроведоа акција за расчистување и се погрижија за саксиските цвеќиња кои беа окопани и наводенети.

Правилна исхрана – одлична иднина

Дружбата и активностите продолжија на 07.06.2018г. во нашето училиште “Дане Крапчев’. Учениците раскажуваа за поминатите случки и впечатоците од заедничките посети на Земјоделскиот факултет, во фабриката Виталија, Зелениот пазар. Дискутираа за здравата храна и она што го осознале. Потоа од набавените зеленчукови и овошни плодови, различни по вид, учениците приготвија овошни и зеленчукови салати според различните рецепти, онака како што правеле нивните мајки или по рецепти. Додека ги приготвуваа салтите појаснуваа каде најмногу успева плодот, кои витамини ги содржи и сл. Подготвија прекрасна трпеза. Вредните раце на учениците ги наполнија кошниците со овошје и зеленчук и се упативме кон СОС Детско село. Беа пречекани од нивните соученици – штитеници на СОС Детско село. Дружбата продолжи.

 

This slideshow requires JavaScript.

 

 

 

Правилна исхрана – одлична иднина

Продолжуваме со реализација на проектот: ,,Правилна(здрава)исхрана-одлична иднина“  во рамки на МИО по добиениот Гранд од МОН.  Учениците од ООУ,,Дане Крапчев,, и ООУ,,25 Мај,, беа во заедничка посета на ВИТАЛИЈА – Фабрика за производство и преработка на здрава храна. Поминавме еден прекрасен ден во дружење и запознавање со процесот на преработка, производство и пакување на здрави производи од „Виталија“.

This slideshow requires JavaScript.

Еко пакет Македонија 2018

На 06.06.2018 по повод Светскиот ден на животната средина во просториите на Младински културен центар – Скопје беше организирана завршната изложба од наградниот конкурс ,,Еко пакет Македонија 2018 “ На изложбата беа изложени уметнички дела од училишта од цела Македонија. Нашето училиште учествуваше со три уметнички дела израбоетени од тетрапак амбалажа: Еко кајак, Еко воз и Еко камион. На настанот беа присутни учениците од второ одделение со одговорниот наставник Билјана Трајановска, ученици од трето одделение со одговорниот наставник Данче Костовска-Јакимовска и одговорниот наставник на овој проект наставникот по биологија Бојана М. Личева. Задоволство беше да се присуствува на настанот, да се видат голем број креативни уметнички дела изработени од тетрапак амбалажа од ученици од цела Македонија и да се споделуваат искуства за начинот на кој биле создавани делата. Првото Место му припадна на уметничкото дело ,,Автобус” изработено од ученици од ООУ ,, Никола Петров Русински” – Берово. Специјална награда од 6 велосипеди за учениците и наставникот беше доделена на тимот кој реупотребил најмногу отпад и изработил најкреативен велосипед. За сите учесници и наставници во овој проект беа доделени сертификати. Во прилог фотографии од настанот.

This slideshow requires JavaScript.

Mеѓуетничка интеграција и толеранција

Правилна (здрава) исхрана – Одлична иднина

Пирамида  на здрава исхрана

На 23.05.2018г. продолживме со активностите предвидени во рамки на проектот Правилна исхрана-Одлична иднина по добиениот ГРАНД од МОН преку проучувања за производството и  дистрибуцијата на здравата храна и  посета на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје каде учениците од двете училишта имаа можност да следат презентација и предавање за здрава исхрана од Доц.д-р Фросина Бабановска Миленковска која работи како професор на факултетот.Активностите продолжија со посета на овоштарник каде се запознаа со начинот на одгледување на разни сорти овошки кои виреат на нашето поднебје.

This slideshow requires JavaScript.

Градски ликовен натпревар

На 23.05.2018 се одржа Градскиот ликовен натпревар. Натпреварот се одржа во просториите на библиотеката “Другарче”, а учествуваа сите училишта од градов, со по еден ученик. Нашето училиште го претставуваше Делфина Саравинова од IX3 одд. Натпреварот е ревијален и креативноста на сите ученици беше наградена со прво место.

Правилна исхрана – Одлична иднина

На 21.05.2018 г. започнаа заедничките активности на учениците од ООУ „ Дане Крапчев “- Скопје и ООУ „25 Мај“ – Скопје по добиениот ГРАНТ за Проектот: Активности за меѓуетничка интеграција и толеранција – Правилна (здрава) исхрана – Одлична иднина: Пирамида  на здрава исхрана.

Активностите започнаа со   креативни поетско – ликовни работилници каде што учениците истражуваа, проучува кои видови на сезонското овошје и зеленчук виреат во нашето поднебје, а потоа тоа го претставија во своите изработки, поетско прозни и ликовни творби.

Следеа излагања на учениците од нивните истражувања, читање на поетските творби и претставување на ликовните творби. Сите изработки беа изложени во холот на ООУ „Дане Крапчев“ каде што можеа да ги видат сите ученици, наставници, родители и останати посетители во нашето училиште.

Од реализацијата на овој проект следат уште четири активности.

This slideshow requires JavaScript.