Европскиот ден на јазиците

На  25.09.2017год. во ООУ,, Димитар Миладинов,, се одбележа Европскиот ден на јазиците, во соработка со 7 основни училишта од Скопје меѓу кои активно  беше вклучено  и нашето училиште ,,Дане Крапчев,,. Училиштата подготвија штандови на десетина европски земји, на кои беше презентирана културата, знаменитостите како и традиционалните јадења од тие земји.

На 26 септември 2017, во Рамстор се одржа прослава   во организација на Францускиот Институт од Скопје и Делегацијата на Европската Унија,.
Неколку македонски и европски институции зедоа учество преку штандовска промоција на нивните книжевни фондови.
Исто така, беа организирани забавно-едукативни работилници за најмладите од страна на Францускиот институт во Скопје, Гете-институтот и центарот Данте Алигиери.

Овој настан го посетија и учениците од ООУ ,,Дане Крапчев,, кои зедоа активно учество на овие работилници.

Европскиот ден на јазиците беше одбележан и во нашето училиште каде на 29 септември 2017 година беше организирана приредба во која имаа учество ученици од шесто до девето одделение и кои пред своите соученици и вработените во училиштето настапија со повеќе точки на различни јазици.

Одбележувањето на овој ден е на иницијатива на Европскиот совет и претставува одлична прилика за подигнување на свеста на популацијата за значењето на изучувањето на јазиците и за промоцијата на културното богатство на Европа.

This slideshow requires JavaScript.

ВЕРА , ЉУБОВ И НАДЕЖ

На  29.09.2017 г. учениците од II одделение симболично го одбележаа Денот на љубовта – празникот посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж (30 септември). Дарувајќи мали, прекрасно спакувани колачиња, зачинети со искрена детска насмевка и топла прегратка, подарија многу љубов и пренесоа силни пораки до сите вработени и ученици во нашето училиште. Не потсетија на трите најважни пориви кои ги држат луѓето исправени и во најтешките моменти во животот. Не потсетија дека:

ВЕРБАТА ги прави сите нешта возможни,

ЉУБОВТА ги прави сите нешта лесни,

НАДЕЖТА ги прави сите нешта достижни.

Честит празник и имајте секогаш вера, љубов и надеж во животот!

Актив на II одделение

This slideshow requires JavaScript.

УНИЦЕФ – „Види го детето, не попреченоста”

Успехот во животот не зависи од тоа што не можеме да направиме, туку од љубовта и поддршката што ги добиваме како деца за да го исполниме нашиот потенцијал. Како и сите други деца, и децата со попреченост имаат огромен потенцијал, но можат да го остварат само ако сите се здружиме за да го промениме начинот на кој општеството гледа на нив.

Како едно од инклузивните училишта со кои УНИЦЕФ веќе подолго време соработува, ученици од нашето училиште беа дел од настанот „Види го детето, не попреченоста” кој се одржа на 11 септември во хотел Мериот – Скопје. На настанот се промовираше македонската верзија од „Меѓународната класификација на функционирање” – алатка која ќе помогне да се промени начинот на кој гледаме и одговараме на потребите на децата со попреченост. Настанот го означува почетокот на нова фаза од кампањата „Биди фер. За детство без пречки“.

This slideshow requires JavaScript.

Дисеминација на обуката “Техники за усна интеракција на часот по француски јазик за подобрување на комуникацијата на француски “

Ателјето за Дисеминација на обуката  “Техники за усна интеракција на часот по француски јазик за подобрување на комуникацијата на француски “  се одржа во сабота, 13 мај 2017 на Филолошкиот факултет Блаже Конески во библиотеката на катедрата за романски јазици и литература од 10 до 17 часот . Ова атеље беше анимирано од учесничките од Скопје на обуката која се одржа во август,во Охрид – проф. д-р Снежана Петрова од Филолошкиот Факултет , Милена Касаповска Чадловска- виш лектор на правниот факултет во Кичево , Сузана Стојчевска- професор во СУГС Орце Николов, Анета Митевска и Јасмина Ѓоргиева наставнички по Француски јазик во ООУ Дане Крапчев .

Цели на обуката :

  • Да се откријат нови стратегии за охрабрување на учениците да зборуваат и да напредуваат во усното разбирање и изразување на француски јазик
  • Примена на разни прогресивни вежби кои се базираат на забавни игри
  • Усно изразување преку симулации и играње улоги – да се работи на слушање и коцентрација, динамика на групата и зголемување на мотивацијата

 

Програма на атељето:

Теоретските елементи за техниките на усно изразување претставени на почетокот на атељето брзо беа заменети со презентација и реализација на игри

Атељето на дисеминацијата се одвиваше во најдобри можни услови, во прекрасна атмосфера а тоа пред се беше можност за дискусија и размена на искуства меѓу професори по француски јазик од различни нивоа (од основно до факултет)

This slideshow requires JavaScript.

Одбележување на Франкофонијата

На 10.04.2017 во ООУ „Живко Брјковски“ се одржа одбележување на Франкофонијата. На настанот учествуваа 15 училишта од Скопје кои се претставија со рецитали, песни, глума, танци и изложба. На настанот присуствуваа и ученици од нашето училиште со нивните наставници.

This slideshow requires JavaScript.

Посета на Францускиот Институт во Скопје

На 12.05.2017 година (петок) Учениците од шесто и седмо одделение од ООУ „Дане Крапчев“ и наставничката по француски јазик Анета Митевска ја посетија #медијатека во Францускиот Институт и се запознаа со нејзините ресурси. Тие работеа на вокабулар за дивите и домашни животни и се забавуваа низ педагошки активности и квизови достапни на веб страната на ТВ5 Монд.

Les élèves de l’école “Dame Krapcev”, avec leur professeur de français Aneta Mitevska, ont visité notre #médiathèque et ont fait la découverte de ses ressources.
Ils ont travaillé sur le vocabulaires des animaux sauvages et domestiques et se sont amusés avec les activités pédagogiques disponibles sur TV5MONDE.

Наставник по француски јазик Анета Митевска

This slideshow requires JavaScript.

Проект “Садница +” – Акција за засадување на семе од ела

 

На 08-05-2017 во нашето училиште се одржа акција за задување на семе од ела . Активноста беше во соработка со МОН и е дел од проектот Садница +”. Во активностите беа вклучени сите ученици кои заедно со своите наставници ги засадија семињата и се обврзаа да се грижат за нив со цел да одгледаат садници од ела кои во иднина ќе го разубавуваат училишниот двор.

This slideshow requires JavaScript.

Ликовна колонија во с. Кучково

На ден 26.04.2017 ученици од ООУ “Дане Крапчев” беа учесници на традиционалната ликовна колонија во с. Кучково. Колонијата ја организира општина Ѓорче Петров. Оваа година претставник од опшина Гази Баба беше нашето училиште, а не претставуваа учениците Ева Алексоска IX-1 и Павел Наневски VI – 3. Изработените слики од сите учесници беа изложени на Првомајскиот хепенинг што исто така, го организираше општина Ѓорче Петров на платото пред крстот во с. Кучково.

Предметен наставник

по Ликовно образование

Марија Н. Наневска

This slideshow requires JavaScript.

Предавање на тема “Инклузивно образование”

На 11.04.2017 на Советот на родители се одржа предавање на тема “Инклузивно образование”, подготвено од стручните соработници во училиштето. Презентацијата ја имаше следната содржина:

-Концептуална рамка за човекови права која се темели на образование за сите (Право на квалитетно образование, право на пристап до образование, Право на почитување во рамките на средината за учење , Конвенција за правата на лицата со инвалидност, член 24.

– Дефинирање на инклузивното образование во поширока и потесна смисла

-Бариери во инклузивното образование (психосоцијални, физички и комуникациски и институционални)

-Дефинирање на инклузивниот тим во училиштето

-Бенефити од инклузивното образование

-Целта на инклузивното образование

НАСТАП НА ПЛОШТАД ВО АВТОКОМАНДА – АПРИЛИЈАДА 2017

Ученици од V и II одделение од нашето училиште , под раководство на нивните наставнички Даниела Торковска и Лидија Ѓоргиева , во петокот на 31.03.2017 учествуваа на Априлијадата која традиционално ја организира општина Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата , која се одржа на плоштадот во Автокоманда , каде учениците од V и II одделение настапија со ритмички точки “Пасо добле” и “Во светот на приказните”. На Априлијада 2017, учество земаа ученици од основните училишта и деца од детските градинки од општина Гази Баба.

Одделенски наставник

Даниела Торковска