Нашите „Оскаровци“ гости на Телевизија 24 во емисијата „Македонија денес“

По повод освоеното прво место на Меѓународниот фестивал КРЕФ за едукативни видеа, претставници од нашето училиште беа гости на Телевизија 24 во емисијата Македонија денес. Во емисијата замаа учество авторот на едукативното видео, наставничката Елизабета Георгиевска и учениците кои беа активно вклучени во неговата реализација Леонид Велковски, Мирна Мемиќ и Лора Ристовска.

Европскиот ден на јазиците

На  25.09.2017год. во ООУ,, Димитар Миладинов,, се одбележа Европскиот ден на јазиците, во соработка со 7 основни училишта од Скопје меѓу кои активно  беше вклучено  и нашето училиште ,,Дане Крапчев,,. Училиштата подготвија штандови на десетина европски земји, на кои беше презентирана културата, знаменитостите како и традиционалните јадења од тие земји.

На 26 септември 2017, во Рамстор се одржа прослава   во организација на Францускиот Институт од Скопје и Делегацијата на Европската Унија,.
Неколку македонски и европски институции зедоа учество преку штандовска промоција на нивните книжевни фондови.
Исто така, беа организирани забавно-едукативни работилници за најмладите од страна на Францускиот институт во Скопје, Гете-институтот и центарот Данте Алигиери.

Овој настан го посетија и учениците од ООУ ,,Дане Крапчев,, кои зедоа активно учество на овие работилници.

Европскиот ден на јазиците беше одбележан и во нашето училиште каде на 29 септември 2017 година беше организирана приредба во која имаа учество ученици од шесто до девето одделение и кои пред своите соученици и вработените во училиштето настапија со повеќе точки на различни јазици.

Одбележувањето на овој ден е на иницијатива на Европскиот совет и претставува одлична прилика за подигнување на свеста на популацијата за значењето на изучувањето на јазиците и за промоцијата на културното богатство на Европа.

This slideshow requires JavaScript.

# КРЕФ – Прво место

На 29.09.2017г. во Лесковец –  Република Србија се одржа КРЕФ – Меѓународен  училишен фестивал на креативни едукативни филмови. На оваа  манифестација и нашето училиште учествуваше како финалист во две категории, во категоријата Еду филм –  „Сосема различни но со иста цел“  и во  категоријата Липдуб – Спот за промоција на училишната клима.

Со големо задоволство Ве известуваме дека НАШЕТО видео за промоција на училишната клима го освои   ПРВОТО МЕСТО во меѓународната конкуренција .

Автор на видеото е Елизабета Георгиевска, координатори на активностите Марија  Н. Наневска и Бојана М. Личевска, монтажа Леонид Велковска, автор на песната Ванчо Јовчев, песната ја изведува Дина Јашари, снимател Влатко Венов.

This slideshow requires JavaScript.

22 Септември – Ден без автомобили

По повод 22-09 –Меѓународниот ден без автомобили учениците од нашето училиште се потрудија достојно да го одбележат. По овој повод тие изработија постери кои ги изложија во училишниот хол, а целта на изложбата беше да се пренесе пораката за разумно користење на автомобилите за да се заштити животната средина. Учениците преку своите изработки истакнаа дека постојат алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина . Исто така учениците се обидоа да ја анимираат и локалната средина да се намали употребата на автомобилите . Нашите еко патроли излегоа на терен и преку флаери кои ги делеа на локалните жители се обидоа да ја потикнат свеста за потребата од намалена употреба на автомобилот како превозно средство. За сите оние кои не беа во можност да ја посетат нашата изложбата нека ја погледаат галеријата со слики.

This slideshow requires JavaScript.

XL Државен натпревар по Македонски јазик и литература

На 19.06.2017г. во просториите на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“ во Скопје се одржа свеченост по повод доделувањето на
наградите од XL Државен натпревар по Македонски јазик и литература за
основно образование за 2017г.
          Нашата ученичка Марија Спасовска од IX-4 одд.  учествуваше на
овој натпревар кој се одржа во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп и освои III
место.
          И честитаме за постигнатиот успех и и посакуваме понатамошни успеси.
    Одговорен наставник – Катица Стојчевска

This slideshow requires JavaScript.

38 Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“

Од 26 до 28. Мај 2017 во Детското одморалиште РАДОСТИ – ОХРИД се  одржа 38 Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“.На фестивалот учествуваше нашиот ученикот Владимир Грујовски од VIII – 4 одд. со наградената творба од книжевната манифестација „Есен во Гази Баба “- Конкурс: „Есеј во есен“.

На манифестацијата се претставија и ученици со своите наградени лирски песни како и наградените творби од конкурсот „Недовршен расказ – 2017“. Литературната дружба беше возбудлива, младите поети, раскажувачи, есеисти успешно се претставија, стекнаа нови другарства и разменија свои мислења.

Сите творби се издадени во зборник на песни Крај езерски бранувања – 38 Детски лирски треперења.

Наставник: Катица Стојчевска

This slideshow requires JavaScript.

I место на државен натпревар

ЧЕСТИТКИ за мандолинскиот оркестар при ООУ „Дане Крапчев“ – општина Гази Баба – Скопје, за освоеното ПРВО место на РЕГИОНАЛНИТЕ натпревари /Смотри со 100 бодови,….. и на ДРЖАВНИОТ натпревар што се одржа на ден 20.05.2017  во Кавадарци за освоеното ПРВО МЕСТО и 100 бодови. Чест и задоволство е да се работи со вака млади почитувачи и љубители на музичката уметност. БРАВО!

Професор – Ванчо Јовчев

Спот за промоција на училишната клима

 

ООУ ,,Дане Крапчев,,-Скопје, Република Македонија

Автор : Елизабета Георгиевска

Координатори на активностите: Марија Н. Наневска и  Бојана М. Личева

Снимател: Влатко Венов

Монтажа: ученик – Леонид Велковски

Автор на музика- ЕКО химна на училиштето:  Ванчо Јовчев

Исполнувач на песната: ученик –  Дина Јашари

Соработници: ученици – Мирна Мемиќ и Лора Ристовска

Во видеото земаа учество учениците и вработените  во училиштето

НАСТАП НА ПЛОШТАД ВО АВТОКОМАНДА – АПРИЛИЈАДА 2017

Ученици од V и II одделение од нашето училиште , под раководство на нивните наставнички Даниела Торковска и Лидија Ѓоргиева , во петокот на 31.03.2017 учествуваа на Априлијадата која традиционално ја организира општина Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата , која се одржа на плоштадот во Автокоманда , каде учениците од V и II одделение настапија со ритмички точки “Пасо добле” и “Во светот на приказните”. На Априлијада 2017, учество земаа ученици од основните училишта и деца од детските градинки од општина Гази Баба.

Одделенски наставник

Даниела Торковска

Првачињата и родителите од I – 3 одделение за својата учителка

Учителката  не е само личност која учи само бројки и букви. Учителката  е таа која те учи на животот. И не случајно ја нарекуваат втора мајка. Сигурно ти мисли најдобро. Таа е тука:

-да те пофали кога си направил нешто добро,

-да те охрабри кога си несигурен,

-да те прегрне кога си тажен,

-да те прекори кога нешто грешиш,

-да ти се насмевне како знак дека ќе сочува тајна.

Таа е водач кон непознатото. Личност која е вредна за спомен и почит.

За една од многуте такви личности – учителката Жаки, родителите и учениците организираа работилница. Учениците со помош на родителите изработија заедничка честитка и научија стихотворба со која ја изненадија својата учителка на приредбата која ја организираа за мајките по повод празникот 8 Март.

ЗА НАШАТА УЧИТЕЛКА

Учителке наша мила,

убава си ко горска вила.

Имаш насмевка топла блага,

затоа на сите нас си ни драга.

Секој ден не учиш песни, сказни

и животни вештини разни.

Заедно ни поминуваат дните,

како свои деца не сакаш сите.

This slideshow requires JavaScript.