Меѓународeн натпревар по англиски јазик ХИПО

Меѓународниот натпревар по англиски јазик ХИПО- HIPPO English language Olympiad се организира во нашето училиште и овва година. Право на учество имаат сите ученици од I до IX одделение коишто се распоредени во следните категории:

LITTLE HIPPO-ученици родени 2012 год. и помали

HIPPO 1-ученици родени 2010 год. и помали

HIPPO 2-ученици родени 2009 год. и помали

HIPPO 3-ученици родени 2007 и помали

Пријавувањето за натпреварот е најдоцна до 18.02.2022 год.

Прелиминарните натпревари се на 11-12.03.2022 год., а

Полуфиналните натпревари се на 07-08.04.2022 год.

Сите ученици што сакаат да се пријават нека ги известат своите наставници по Англиски јазик и ќе ги добијат сите подетални информации.

Многу среќа и успех на сите натпреварувачи.

ФЕВРУАРИ-МЕСЕЦ НА УЧИЛИШНИ НАТПРЕВАРИ

Во учебната 2021/22 година училишните натпревари ќе се реализираат според следниот распоред:

26.01.2022 – Хемија

03.02.2022 – Математика

14.02.2022 – Македонски јазик

15.02.2022 – Англиски јазик

16.02.2022 – Француски јазик

17.02.2022 – Физика

18.02.2022 – Историја

21.02.2022 – Географија

22.02.2022 – Информатика

23.02.2022 – Граѓанско образование

24.02.2022 – Општество

Многу успех на сите натпреварувачи!

УЧИЛИШЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ И БИОЛОГИЈА

На 27.12.2021 во нашето училиште со запазување на протоколите и мерките за заштита се одржа училишниот натпревар по Природни науки и Билогија за учениците од 5 до 9 одделение.Им честитаме на учениците за постигнатиот успех!!!

Резултати од натпревар биологија/природни науки

5 одд.Освоени бодови од макс.40награда
Калина Караџоска40I награда
Емил Адемовски37II награда
Дино Адемовски36III награда
Ведран Велковиќ36III награда
   
Дамјан Влинтовски35 
Марко Крстевски34 
Давид Трајановски25 
6 одд.Освоени бодови од макс.45награда
Тара Спасиќ43I награда
Александар Маџовски39II награда
   
Христијан Гочевски Ивановски35 
Аника Велковска35 
Алек Јовановски35 
Ангел Митровски33 
Стефани Благојевиќ32 
Ива Андова30 
7 одд.Освоени бодови од макс.50награда
Теона Јовева47I награда
Мила Златановиќ46II награда
Катерина Пислевиќ45III награда
   
Давид  Арнаудов36 
Теа Јордановска35 
Андреј Јордановски35 
Александра Антовска30 
8 оддОсвоени бодови од макс.50награда
Михаела Димчова50I награда
Ања Јовановска44II награда
   
Петар Ристовски38 
Горазд Стојановски33 
Јована Ивановска28 
9 оддОсвоени бодови од макс.45награда
Теона Димишковска41I награда
Матеј Крстевски37II награда
   
Андреј Крстевски31 
Тамара Петрушевска23 
   

Предметни наставници:

Бојана М.Личева и Душанка Китановска

Еко-работилница на француски јазик

Нашето училиште и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Катедра за Француски јазик и книжевност склучија меморандум за соработка и спороведување на заеднички активности.

Првата активност се одржа во петок, 24 декември 2021г, а тоа беше убава еко работилница во која учествуваа ученици од осмо одделение од секцијата – Франкофонски клуб. Нè посетија студентките Уна, Анкица и Марија заедно со нивната лекторка Анита Кузмановска. Студентките ги запознаа учениците со некои нови изрази на француски на тема екологија, а потоа во играта која ја подготвиле, учениците одговараа на прашања поврзани со времето на разградување на отпадот во природата и многу еко-гестови. Тие научија нови работи за екологијата, а истовремено многу се забавуваа.

Лекторката Анита Кузмановска за победничкиот тим подготвила подарок а се разбира имаше и бонбони за сите учесници.

Посета на Народна банка на Република Северна Македонија

                    На 22.12.2021г. учениците од 6 и 9одд. ја посетија online НБРМ. Целта на посетата беше учениците да се запознаат: каде точно се наоѓа Народната банка; кои се основните функции на Народната банка; што е ценовна стабилност, што е инфлација, а што девалвација; што се пари, зошто се користат и какви пари постојат; каде и како се прават македонските денари; дали може да направиме денари колку што сакаме; кои се обележјата на нашите пари; од кога се воведени македонските денари; зошто треба да се штеди; дали во Народната банка може да се штеди; која е разликата помеѓу Народната банка и комерцијалните банки; зошто се чуваат девизни резерви и кој управува со нив.

                   Учениците ја проследија презентацијата. Се водеше дискусија по дадените теми каде што учениците искажуваа свои сознанија и мислења, а добија и одговори на нивните поставени прашања.

Симулациски вежби – “Евакуација на ученици, вработени, повредени, во случај на земјотрес и пожар”

На 16 Декември 2021г во ООУ,, Дане Крапчев” Скопје , се одржаa симулациски вежби “Евакуација на ученици, вработени, повредени, во случај на земјотрес и пожар”, во населба М. А. Ченто. Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа волонтерите од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст, кои вршеа спасување и евакуација на повредени лица. Поддршка за релаизација на симулационата вежба дадоа Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба и град Скопје, Противпожарна бригада на Град Скопје, МВР – Гази Баба и ДППД Бајрам Мифтари. Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во ООУ ” Дане Крапчев” и увежбување на повеќе начини на евакуација, пружање прва помош, вршење тријажа и др.

Признанија за најмногу објави и најдобар автор на блогот

Креативноста и слободата во пишувањето и изразувањето, надополнети со истражувачки вештини, а сето тоа пренесено во духот на мајчиниот јазик, почитувајќи ги неговите правила и норми, се епитети кои ги одликуваат нашите новинари во вистинска смисла на зборот.Новинарството како професија, најнапред е дарба која треба да се негува и надоградува од најмали нозе.Нашите ученици, своите новинарски вештини, маестрално ги негуваат со своите извонредни и оригинални објави на нашиот Ученички блог ,, Дружината на Дане Крапчев,, кој непрестано функционира од 21 април, а таму доколку го посетите, пријатно ќе се изненадите од креативноста и нивната посветеност.Наша цел како наставници, не е само да ги поттикнуваме и храбриме туку и да им дадеме признание и да ги истакнеме најдобрите кои ќе бидат мотив за идните наши новинари.

По тој повод, во изминатиов период им давеме посебно признание на учениците Алексеј Стојановиќ од IX 3 одд. и Ања Јовановска од, VIII 4 одд. кои несебично својот талент и оригиналност го покажаа со своите објави на Ученичкиот блог на најразлични теми кои се актуелни меѓу младите, а со неговата посетеност придонесоа за успешна афирмација за работата на нашето училиште.АЊА и АЛЕКСЕЈ едно големо БРАВО од целиот колектив на Дане Крапчев, со искрени желби за уште поголеми успеси на ова поле во иднина!

Исто така големо БРАВО за VIII-4 одд кои во периодот септември – октомври во оваа учебна година имаат најмногу објави (18) и за VII-3 одд. кои во ноември имаат најмногу објаваи (10). Секој месец ќе го пофалуваме одделението со најмногу објави, а секој квартал учениците со најдобри, најоригинални објави.

Во чест на Свети Климент Охридски

8 Декември го одбележуваме во чест на Св. Климент Охридски, најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј.

           Тој е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

           Тој е творецот на Охритската книжевна школа – првиот словенски универзитет каде голем број ученици под негово раководство ги препишувале книгите со словенски букви за словенскиот народ.

           Тој развил  богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова, похвалата на Кирил Филозоф, похвалата за Кирил и Методиј.

           За него твориме и го славиме неговото дело.