Зеленото знаме по втор пат во „Дане Крапчев“

На ден 10.11.2017г.  на свечена церемонија на нашето училиште му беше доделено признанието зелено знаме по втор пат.

Наградата беше доделена на еко самитот во организација на НВО “ОХО” во соработка со  Министерството за образование и наука во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Наградите ги додели министерката за образование Г-ѓа Рената Десковска и  Г-дин Пеце Талески, извршен директор, ОХО.

На настанот присуствуваа директорката и  координаторот на проектот кои го примија признанието.

Ова признание  е мотив да продолжиме да ја градиме еколошката свест кај најмладите , а со тоа да допреме и до свеста  на постарите.

Одговорен наставник:

Бојана М.Личева

This slideshow requires JavaScript.

Прво место за ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје

33 – ти Општински противпожарен квиз

This slideshow requires JavaScript.

 

Во ООУ „Крум Тошев“ се одржа 33 – тиот квиз по противпожарна заштита во организација на Општинскиот противпожарен сојуз, а под покровителство на општина Гази Баба.

На почетокот на настанот претседателот на ОПП Сојуз, Миливој Игњатовиќ ги поздрави присутните,  а потоа свое обраќање имаше градоначалникот Борис Георгиевски, кој ја истакна важноста на едукацијата од областа на противпожарната заштита уште од најраната возраст, за навремен и  адекватен пристап при реагирање во случај на пожари, со што ќе се спасат многу човечки животи и материјални добра.

Градоначалникот Георгиевски ја потенцираше важноста од подигање на свеста на граѓаните за внимателно и правилно ракување со се она што може да предизвика пожар, да се биде претпазлив за да можат да се спречат појавите на пожари.

На крајот од своето обраќање, градоначалникот им посака успех на сите натпреварувачи во квизот и секако да победи онаа екипа која има акумулирано најмногу знаење од областа на противпожарната заштита.

На квизот се натпреваруваат 10 екипи од основните училишта во категоријата на кадети и 4 средни и 2 основни училишта во категоријата јуниори.

На квиз натпреварот наградите ги освоија:

Во категорија Кадети

1 место   ООУ  „Дане Крапчев“

 

2 место   ООУ  „Стив Наумов“

3 место   ООУ „ Крум Тошев“

Во категорија Јуниори

1 место  СУГС  „8 септември“

2 место  ООУ  „Његош“

3  место  СЕТУГС „Михајло Пупин“

09.11.2017

Учество на „Голем одмор“

На 25.10.2017 учениците од ООУ „Дане Крапчев“ учествуваа во образовната емисија за деца „Голем одмор“. на МТВ1
Учествуваа ученици од I-2 одд., III-2 одд, VIII-1,2,3,4, IX-4.
Учениците од I одд.  се претставија со стихотворба; oд III-2 одд.  со кореографија на песна од „Златно славејче“; драматизација, квиз, ликовно катче, песна на англиски јазик од ученичка од III одд., претставување на училишниот спот кој беше награден со I место на меѓународен натпревар.
Одговорен наставник: Лидија Ѓорѓиева

This slideshow requires JavaScript.

Нашите „Оскаровци“ гости на Телевизија 24 во емисијата „Македонија денес“

По повод освоеното прво место на Меѓународниот фестивал КРЕФ за едукативни видеа, претставници од нашето училиште беа гости на Телевизија 24 во емисијата Македонија денес. Во емисијата замаа учество авторот на едукативното видео, наставничката Елизабета Георгиевска и учениците кои беа активно вклучени во неговата реализација Леонид Велковски, Мирна Мемиќ и Лора Ристовска.

Европскиот ден на јазиците

На  25.09.2017год. во ООУ,, Димитар Миладинов,, се одбележа Европскиот ден на јазиците, во соработка со 7 основни училишта од Скопје меѓу кои активно  беше вклучено  и нашето училиште ,,Дане Крапчев,,. Училиштата подготвија штандови на десетина европски земји, на кои беше презентирана културата, знаменитостите како и традиционалните јадења од тие земји.

На 26 септември 2017, во Рамстор се одржа прослава   во организација на Францускиот Институт од Скопје и Делегацијата на Европската Унија,.
Неколку македонски и европски институции зедоа учество преку штандовска промоција на нивните книжевни фондови.
Исто така, беа организирани забавно-едукативни работилници за најмладите од страна на Францускиот институт во Скопје, Гете-институтот и центарот Данте Алигиери.

Овој настан го посетија и учениците од ООУ ,,Дане Крапчев,, кои зедоа активно учество на овие работилници.

Европскиот ден на јазиците беше одбележан и во нашето училиште каде на 29 септември 2017 година беше организирана приредба во која имаа учество ученици од шесто до девето одделение и кои пред своите соученици и вработените во училиштето настапија со повеќе точки на различни јазици.

Одбележувањето на овој ден е на иницијатива на Европскиот совет и претставува одлична прилика за подигнување на свеста на популацијата за значењето на изучувањето на јазиците и за промоцијата на културното богатство на Европа.

This slideshow requires JavaScript.

# КРЕФ – Прво место

На 29.09.2017г. во Лесковец –  Република Србија се одржа КРЕФ – Меѓународен  училишен фестивал на креативни едукативни филмови. На оваа  манифестација и нашето училиште учествуваше како финалист во две категории, во категоријата Еду филм –  „Сосема различни но со иста цел“  и во  категоријата Липдуб – Спот за промоција на училишната клима.

Со големо задоволство Ве известуваме дека НАШЕТО видео за промоција на училишната клима го освои   ПРВОТО МЕСТО во меѓународната конкуренција .

Автор на видеото е Елизабета Георгиевска, координатори на активностите Марија  Н. Наневска и Бојана М. Личевска, монтажа Леонид Велковска, автор на песната Ванчо Јовчев, песната ја изведува Дина Јашари, снимател Влатко Венов.

This slideshow requires JavaScript.

22 Септември – Ден без автомобили

По повод 22-09 –Меѓународниот ден без автомобили учениците од нашето училиште се потрудија достојно да го одбележат. По овој повод тие изработија постери кои ги изложија во училишниот хол, а целта на изложбата беше да се пренесе пораката за разумно користење на автомобилите за да се заштити животната средина. Учениците преку своите изработки истакнаа дека постојат алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина . Исто така учениците се обидоа да ја анимираат и локалната средина да се намали употребата на автомобилите . Нашите еко патроли излегоа на терен и преку флаери кои ги делеа на локалните жители се обидоа да ја потикнат свеста за потребата од намалена употреба на автомобилот како превозно средство. За сите оние кои не беа во можност да ја посетат нашата изложбата нека ја погледаат галеријата со слики.

This slideshow requires JavaScript.

XL Државен натпревар по Македонски јазик и литература

На 19.06.2017г. во просториите на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“ во Скопје се одржа свеченост по повод доделувањето на
наградите од XL Државен натпревар по Македонски јазик и литература за
основно образование за 2017г.
          Нашата ученичка Марија Спасовска од IX-4 одд.  учествуваше на
овој натпревар кој се одржа во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп и освои III
место.
          И честитаме за постигнатиот успех и и посакуваме понатамошни успеси.
    Одговорен наставник – Катица Стојчевска

This slideshow requires JavaScript.

38 Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“

Од 26 до 28. Мај 2017 во Детското одморалиште РАДОСТИ – ОХРИД се  одржа 38 Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“.На фестивалот учествуваше нашиот ученикот Владимир Грујовски од VIII – 4 одд. со наградената творба од книжевната манифестација „Есен во Гази Баба “- Конкурс: „Есеј во есен“.

На манифестацијата се претставија и ученици со своите наградени лирски песни како и наградените творби од конкурсот „Недовршен расказ – 2017“. Литературната дружба беше возбудлива, младите поети, раскажувачи, есеисти успешно се претставија, стекнаа нови другарства и разменија свои мислења.

Сите творби се издадени во зборник на песни Крај езерски бранувања – 38 Детски лирски треперења.

Наставник: Катица Стојчевска

This slideshow requires JavaScript.

I место на државен натпревар

ЧЕСТИТКИ за мандолинскиот оркестар при ООУ „Дане Крапчев“ – општина Гази Баба – Скопје, за освоеното ПРВО место на РЕГИОНАЛНИТЕ натпревари /Смотри со 100 бодови,….. и на ДРЖАВНИОТ натпревар што се одржа на ден 20.05.2017  во Кавадарци за освоеното ПРВО МЕСТО и 100 бодови. Чест и задоволство е да се работи со вака млади почитувачи и љубители на музичката уметност. БРАВО!

Професор – Ванчо Јовчев