Учиме за електрицитет

На 29.03.2024 реализиравме заеднички час со учениците од ООУ” 25 Мај” по предметот природни науки. Низ игра научивме што е електрицитет. Научивме како може да се наелектризирани телата и дека наелектризирани тела привлекуваат други тела. Знаењата успешно ги усвоивме благодарение на интересните експерименти кои ги спроведовме со наставничките по природни науки Бојана М.Личева и Анида Амиди.

Ученичка квизотека 2023/24

На ден 26.03.2024г., во просториите на Детскиот културен центар- ,,Карпош“, се одржа ,,Ученичката квизотека 2023/24”. Учениците Тара Спасиќ, Александар Маџовски од 8-2 одд. и Дејанчо Стојановски од 9-1 одд. го освоија првото место и го поминаа елиминацискиот дел.

Второ место на Државниот рецитаторски натпревар

На 23 март 2024 година, во „Скопје Сити Мол“ во организација на Сојузот на ДМЈЛ се одржа Државниот рецитаторски натпревар за учениците од основно и средно образование.

Од ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје, ученичката Софија Мијалковска од 8 одд. освои второ место,

ментор Катица Стојчевска, а ученичката Александра Антовска од 9 одд. доби благодарница за учество,

ментор Марија Шереметкоска.

Честитки за успешното интерпретирање и постигнатиот успех на двете ученички. Им посакуваме понатамошни успеси.

22 МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА

По повод Светскиот ден на водата учениците од 8 одд. изработија хамери и еко пораки за заштеда на водата.

Со нивните изработки потсетија дека:

  • водата е скапоцена;
  • таа е извор на живот;
  • без неа не би можеле да функционираме и да живееме.

Одговорен наставник: Душанка Китановска.

Работилница со ЈП Лајка

ЈП,,Лајка” гости во нашето училиште како дел од проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку Волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.

Зошто имаме толку многу бездомни кучиња низ улиците?

Зошто е важно да бидеме одговорни и никогаш да не го напуштиме сопствениот миленик?

Како да се однесуваме кон бездомните животни на улица?

Зошто да вдомиш, место да купиш куче?

Кои се нашите права, но и одговорности како сопственици на миленици?

Што значи волонтеризам и придонес кон заедницата?

Како секој од нас може да придонесе за намалување на бројот на бездомни кучиња низ улиците?

Веруваме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња важно е да се влијае на најмладите, преку нивна едукација да се зголеми свесноста за ненапуштање и соодветната грижа за истите. На овој начин ќе се придонесе за долгорочно решавање на проблемот со бездомните кучиња во Скопје и во земјава

21 Март – ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

По повод 21 Март – ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА учениците од нашето училиште заедно со ученици од општинските основни училишта учествуваа во акција за засадување нови садници во с. Раштак.

Со оваа активност на дело ја покажавме нашата грижа кон животната средина, како еден од важните предуслови за квалитетен живот

По засадувањето дрвца, со ученици од различни етнички заедници од нашата општина учествувавме во традиционален марш под мотото:

“ПЕШАЧИМЕ ЗА МИР, СОЖИВОТ И ТОЛЕРАНЦИЈА”. Одговорен наставник за активноста: Ивица Петрушевски

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН на СРЕЌАТА

ДЕНЕС во НАШЕТО УЧИЛИШТЕ сè беше во знакот на МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН на СРЕЌАТА 20 МАРТ

Малите твореа на тема СРЕЌА, а ГОЛЕМИТЕ им подготвија подароци и ги направија СРЕЌНИ.

Денес, утре и секој нареден ден СРЕЌА е да си НАСТАВНИК на СРЕЌНИ ДЕЦА.

Идејата за настанот е на наставниците Магдалена Павлеска и Данче Костовска-Јакимовска

– истата ја спроведоа со ученици од IV и VIII одд.

Во активноста се вклучија и математичари од VI одд.

Фотографиите може да ги погледнете на нашата страница на facebook

Европски квиз на парите

На 18.03.2024 година за време на Глобалната недела на парите во Република Северна Македонија се одржа националниот натпревар „Eвропскиот квиз на пари“ најголемиот европски натпревар за финансиска едукација. Натпреварот беше организиран од страна на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.На натпреварот зедоа учество околу 1000 ученици од 13 – 15 години. Од нашето училиште, ООУ„Дане Крапчев“-Скопје, учесниците се натпреваруваат во тимови по двајца од 8одд. и 9одд., а учествуваа 10 тима. На натпреварот учениците го тестираа своето финансиско знаење кое ќе им помогне во иднина да ги развијат вистински вештини, подобрување на финансиската писменост, свеста за нејзината важност и стекнување знаења за донесување добри финансиски одлуки.