Општински натпревар математика во „Дане Крапчев“

На 4.02.2023 домаќин на ОПШТИНСКИОТ натпревар по математика за ученици беше нашето училиште. Во пријатна атмосфера и натпреварувачки дух, пречекавме повеќе од 250 ученици од четврто до деветто одделение, од сите основни училишта на територијата на општина Гази Баба. Учество зедоа и 20 ученици од ООУ“Дане Крапчев“ и ги постигнаа следните резултати:

Четврто одделение

Алексеј Златановиќ III награда

Андреј Арнаудов III награда

Ментор Наталија Николовска

Михајло Миливојевиќ Пофалница

Ментор Лидија Велковска

Дарин Арсов  Пофалница

Ментор Катерина Димовска

Седмо одделение

Александар Маџовски I награда

Маркијан Јовчев II награда

Дамјан Петровиќ II награда

Софија Михајловска III награда

Ментор Лиле Сарваноска

Осмо одделение

Давид Арнаудов I награда

Ментор Јулија Атанасова

Честитки за сите учесници и нивните ментори!!!

Им посакуваме многу успех и на регионалниот натпревар по математика!

111 години од раѓањето на нашиот патрон – Дамјан Крапчев-Стари

Во 1912 година во едно студено и магливо утро на 2 февруари, во Ивањица сместена во живописната Шумадија, во семејството на Јован и Теодора Крапчев, се роди како шесто дете Дамјан, кој нагалено го добива името Дане кое ќе го носи до крајот на животот.

Kај него почна да се буди свеста за посебноста на македонскиот народ. По завршување на гимназијата се запиша на Правниот факултет во Белград, најнапред како редовен студент. (Никола Милосковски)

Во 1937 година Дане се сели од едно место на друго. Едно време останува во Буњаковец, Мала Станица, а потоа Долно Нерези, најнапред како потстанар на семејството Саздовски, а потоа како нивни зет. Во предвоениот период активен е во СКОЈ, а учествува во две од трите организирани диверзантски акции на рудникот Радуша.

Почетните месеци од 1941 година беа обележани со крупни настани. Дане сметаше дека тогаш може да покаже сé што дотогаш научи. Тоа и го стори. Истата година застана под знамето на тогашната КПЈ и неуморно се подготвуваше за долгоочекуваната офанзива што требаше да се случи во 1944 година. Со формирање на Првиот скопски партизански одред Дане беше одреден за политички комесар и со својата чета дејствуваше на Скопска Црна Гора.

Се случи и тој очекуван пролетен настан кога се вклучи кон партизанските единици назначен како политички комесар. Поседуваше високи квалитети и способност истите да ги пренесе и на другите борци.

Но за жал тој беше еден од оние борци кој не успеа да и се восхити на светлината. Токму во таа пролетна офанзива, 1944 година, на 24 Мај во судир со бугарскиот окупатор, кога батаљонот тргнуваше во еден од последните јуриши во бујната, шумовита Плачковица залутан куршум го најде своето место токму во телото на првоборецот Дане. Во тој миг згасна еден млад живот, храбар борец и смел син на нашата татковина. Згасна во најубавото годишно време –пролетта, во најубавиот месец мај и овој месец го закити со уште една значајна дата. Тешка беше загубата. Остана закопан во пазувите на планината, со себе ја закопа војната, а ни ја подари слободата.

Како ученици во ова училиште горди сме што учиме во училиштето коe го носи името на човек кој целиот свој живот го посвети на татковината. Чувствуваме должност гордо да се поклониме пред бистата на Дане Крапчев, да положиме свежо цвеќе, затоа што тој со својот боречки револуционерен и неуморен дух стана причина за нашата гордост.

Иако тој не е веќе меѓу нас , не може да се заборави еден таков човек кој служи како пример на секој млад човек, за тоа како треба да се сака татковината.

Изработиле: КРЕАТИВЦИ-секција за мултикултура и интеркултура

Февруари- месец на училишни натпревари

Во учебната 2022/23 година училишните натпревари ќе се реализираат по следниов редослед:

30.01.2023.- Хемија

31.01.2023 – Математика

01.02.2023 – Физика

02.02.2023 – Природни науки и Биологија

20.02.2023 – Македонски јазик

21.02.2023 – Англиски јазик

23.02.2023 – Историја

24.02.2023 – Гепграфија

27.02.2023 – Информатика

28.02.2023 – Општество

10.03.2023 – Француски јазик

Многу успех на сите натпреварувачи!

Едукација на тема дентална хигиена

Во месец декември училишниот тим на Црвен крст реализираше едукација на тема дентална хигиена наменета за учениците од одделенска настава. Поголемите ги учеа помалите како правилно да се грижат за забите.Потсетувањето за денталната хигиена не е на одмет, особено во пресрет на празниците кога пред нас ќе има многу слатки 😁