НАСТАП НА ПЛОШТАД ВО АВТОКОМАНДА – АПРИЛИЈАДА 2017

Ученици од V и II одделение од нашето училиште , под раководство на нивните наставнички Даниела Торковска и Лидија Ѓоргиева , во петокот на 31.03.2017 учествуваа на Априлијадата која традиционално ја организира општина Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата , која се одржа на плоштадот во Автокоманда , каде учениците од V и II одделение настапија со ритмички точки “Пасо добле” и “Во светот на приказните”. На Априлијада 2017, учество земаа ученици од основните училишта и деца од детските градинки од општина Гази Баба.

Одделенски наставник

Даниела Торковска

Регионален натпревар по француски јазик

Задоволство ми е да Ве известам дека на 01.04.2017 (сабота) се одржа Регионалниот натпревар по француски јазик во ООУ „Димитар Миладинов“. Од нашето училиште учествуваа три ученика од IX – 4 одд. Тамара Велковска, Софија Јовановиќ и Марија Спасовска.
 Тамара Велковска освои II место
Софија Јовановиќ освои IV место
Марија Спасовска доби пофалница.
НА 22.04.2017 ОДИМЕ НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР!
Ментор: Јасмина Ѓоргиева

ПОСЕТА НА ОПШТИНА “ГАЗИ БАБА“

Учениците од IV одд. по предметот ОПШТЕСТВО ја изучуваат темата „Општина“  По тој повод беше организирана посета на Општината „Гази Баба“.  Општината ја посетија сите ученици од IV одд. со своите наставнички. Во текот на посетата беа примени во кабинетот на Градоначалникот Тони Трајковски. Потоа  во салата за седници на Советот на општината водеа разговор со стручни соработници вработени во општината.

Резултати од општинските натпревари по Природни науки и Биологија

На ден 04-03-2017 во нашата општина се одржа традиционалниот натпревар по природни науки и биологија во организација на Душтвото на биолози. На натпреварот нашето училиште зеде учество со 17 ученика од V до IX одд.  кои постигнаа одлични резултати

Официјалните резултати и информации околу регионалните натпревари може да погледнете на: http://prirodni-nauki-natprevari.blogspot.mk/               https://biologija.yolasite.com/

Наградени ученици на општински натпревар по биологија VII одд

Ивана Додевска            II  награда

Катерина Илиевска       II  награда

Симона Петровска        II  награда

Теона Пешевска            II  награда

Емилија Трајковска       II награда

Наградени ученици на општински натпревар по природни науки VI одд

Павел Наневски       I награда

Методија Тасевски   I награда

Ангела Чангрлиева  II награда

Ема Котеска              III награда

Јане Ѓорѓиоски        III награда

Ментор  на учениците од VI и VII одд.  Бојана Мешковска Личева

 

Наградени ученици на општински натпревар по биологија VIII и IX  одд.

ред.број Име и презиме одд. ОСВОЕНА НАГРАДА
1 Тамара Велковска IX I награда
2 Софија Јовановиќ IX II награда
3 Ана Тасева VIII II награда
4 Сања Филиповска VIII III награда
5 Матеј Трајчевски VIII III награда
6 Александар Недев IX III награда

7              Лора Поповска        VIII                                           Пофалница
Ментор на учениците од VIII и IX. одд
. Душанка  Китановска

Сите ученици продолжуваат на регионалниот натпревар

Честитки за учениците и нивните ментори. Продолжуваме понатаму за поголеми успеси!!!

21 Март – Ден на екологијата

Цели:

  • Подигање на свеста за значењето на здравата животна средина во училиштето
  • Намалување на продукцијата на отпад во училишниот двор
  • Потсетување на еко кодексот и правилата на однесување во зградата од страна на родителите,учениците,наставниците и останатите
  • Зазадување на сезонски цвеќиња во училишниот двор и одржување на веќе засадените садници

По повод денот на екологијата во нашето училиште се спроведе традиционалната акција за расчистување на училишниот двор и зграда.За таа цел се изготви акционен план за работа и учениците заедно со своите наставници излегоа на терен.Од училишниот двор беа отстранети плевел и гранки. Во задниот дел од дворот за жал беше собран и отпад кој зад себе го оставиле несовесните минувачи и содеди. Јавно ги замолуваме сите оние кои минуваат низ училишниот отпадот да го одложуваат во поставените корпи.

Убавиот пролетен ден го искористивме и да засадиме околу 100 љубичици во жардињерите, 1 младо борче и 3 сезонски сончогледки. Секако не заборавивме да ги освежиме и саксиските цвеќиња во училишните холови.

Во училишниот хол по повод ден на пролетта ликовната секција постави изложба на тема “Природа” во техниката графика која ќе може да  се разгледа во текот на оваа недела.

Исто така спроведовме и масовна акција за собирање на е-отпад, стара хартија и пластични шишиња кои ќе бидат соодветно одложени.

Одговорен наставник: Бојана М. Личева

This slideshow requires JavaScript.

ПОСЕТА НА ЧАС ОД ЕКСПЕРТИ ОД КЕМБРИЏ И БРО

На 16.03.2017 (четврток) , нашето училиште ООУ “Дане Крапчев” – беше посетено од експерти од Cambridge (Алисија и Ален) , и советници од биро за образование. Дел од нив присуствуваа на час во V- 1 одделение , кај одделенскиот раководител Даниела Торковска. Истите присуствуваа на час по математика ,  наставната содржина беше „Собирање и одземање на повеќецифрени броеви“ – вежби. Учениците работеа во парови , во групи и самостојно на дадените активности. Тие во рамките на групата со помош на картички формираа броеви , кои  потоа ги собираа или одземаа , a за истите во Т- табела правеа проценка на резултатот , а потоа го пресметуваа точниот резултат. Во парови составуваа задачи со собирање и одземање со помош на броевите дадени во магичен квадрат , ги проверуваа и споредуваа свoите решенија. Работеа и самостојно на наставен лист по нивоа , каде што по завршувањето на времето предвидено за работа , вршеа проверка на точноста на решенијата со помош на модел на точни решенија , и на крајот се самооценуваа , според направена табела. Учениците требаше и усно да образложат како дошле до одредени решенија на проблемските задачи , на кој начин постапувале. Целите на часот беа постигнати , активностите кои беа предвидени беа успешно реализирани , а доказ за тоа се резултатите кои учениците ги покажаа за време на часот. За текот на часот , активностите предвидени за учениците , употребата на техники и манипулативи , инструкциите давани од страна на наставникот  и работната атмосфера, беа искажани само пофални зборови за наставничката Даниела Торковска и нејзиното V- 1 одд. од страна на експертите од Кембриџ и советничката од бирото за образвование.

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.

СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА СПОРТ И СПОРТСКИ РАЗВОЈ “Hit & Run”

На 14.03.2017 (вторник) во фискултурната сала на ООУ “Дане Крапчев” , Центарот за спорт и спортски развој “Hit & Run” одржа кратка презентација на нивната работа. За учениците   од I – V одделение беа организирани полигони и штафетни игри кои на забавен начин создадоа таква атмосфера што на крајот од активностите децата не беа ни свесни колку корисна и сериозна работа одработиле, исполнети со позитивна енергија, поттикнати од смеата, натпреварувањето и меѓусебното бодрење. Основната задача беше создавање на интерес и љубов кон здравиот живот и спортот уште од најрана возраст. Активностите беа водени од дипломирани професори и тренери на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.

Првачињата и родителите од I – 3 одделение за својата учителка

Учителката  не е само личност која учи само бројки и букви. Учителката  е таа која те учи на животот. И не случајно ја нарекуваат втора мајка. Сигурно ти мисли најдобро. Таа е тука:

-да те пофали кога си направил нешто добро,

-да те охрабри кога си несигурен,

-да те прегрне кога си тажен,

-да те прекори кога нешто грешиш,

-да ти се насмевне како знак дека ќе сочува тајна.

Таа е водач кон непознатото. Личност која е вредна за спомен и почит.

За една од многуте такви личности – учителката Жаки, родителите и учениците организираа работилница. Учениците со помош на родителите изработија заедничка честитка и научија стихотворба со која ја изненадија својата учителка на приредбата која ја организираа за мајките по повод празникот 8 Март.

ЗА НАШАТА УЧИТЕЛКА

Учителке наша мила,

убава си ко горска вила.

Имаш насмевка топла блага,

затоа на сите нас си ни драга.

Секој ден не учиш песни, сказни

и животни вештини разни.

Заедно ни поминуваат дните,

како свои деца не сакаш сите.

This slideshow requires JavaScript.