РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Регионалниот натпревар по англиски јазик се одржа на 08.04.2023 год., сабота.

Ученици што учествуваа на наптреварот се:

5 одд.

Михаела Миовска-77 бода-III награда-ментор Андријана Недовска

Горазд Петрушев-82 бода-III награда- ментор Андријана Недовска

6 одд.

Елена Наумова-81 бод- III награда-ментор Катерина Лукарова

7 одд.

Дарјан Јовчев-73 бода-ментор Катерина Лукарова

Аника Велковска-70 бода-ментор Катерина Лукарова

8 одд.

Дора Николова-95 бода- I награда-ментор Весна Трајковска

Елена Цветковска-85 бода- II награда-ментор Весна Трајковска

9 одд.

Алисија Ебип-79 бода- III награда-ментор Весна Трајковска

Горазд Стојановски-84 бода- II награда-ментор Весна Трајковска

Учениците што имаат освоено награда продолжуваат на државен натпревар и им посакуваме многу успех и среќа.

ХИПО 2023

На 17.03.2023 година се одржа прелиминарниот дел од натпреварот по Англиски јазик ХИПО 2023. На натпреварот учествуваа голем број ученици од нашето училиште, љубители на англискиот јазик. Ученици што ќе се натпреваруваат во полуфинале се:

Little Hippo-Амар Салихич-57 бода

                      Јана Велковска-56,5 бода

                      Андреј Арнаудов-56,5 бода

                      Ема Ивановска-56 бода

Hippo 1-Софија Мијалковска-58,5 бода

                Елена Наумова-55,5 бода

                Марко Наумов-55,5 бода

                Емил Адемоски-55,5  бода

                Стефанија Спасовска-55,5 бода

                Нина Томова Ташков-55,5 бода

                Амра Оручи-54,5 бода

Hippo 2-Дарјан Јовчев-61 бод

Hippo 3-Алисија Ебип-58 бода

               Горазд Стојановски-56,5 бода

               Ева Серафимовска-56,5 бода

На сите учесници им честитаме за одличните резултати, а на полуфиналистите им посакуваме многу успех и среќа.

Одбележување на светскиот ден на лицата со аутизам

Светскиот ден на лицата со аутизам беше одбележан во нашето училиште преку едукативна работилница во која учествуваа учениците од I-4 одделение заедно со одделенскиот раководител Стефани Тоневска , специјалниот едукатор Катерина Банџо и образовниот асистент Марија
Иваноска. Заедно да ја подигнеме свеста за лицата со аутизам, да им помогнеме во секојдневието! 💙

Предизвиците во новите времиња и состојбите со кои се соочуваат младите денес

На 24 Март во нашето училиште се реализира работилница со наставници и родители на ученици од VIII и IX одд. Имавме чест гостин да ни биде професор Александра Жежова од универзотетот Гоце Делчев од Штип. На работилницата се дискутираше на тема: ,, Предизвиците во новите времиња и состојбите со кои се соочуваат младите денес” . Голема благодарност до професорката и сите родители и наставници кои беа дел од работилницата.

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СОРАБОТКА СКОПЈЕ- БЕЛГРАД

Нашето училиште по иницијатива на наши наставници, потпиша ,,Меморандум за културна и образовна соработка” со училиште од Белград. Соработката ја потпишаа директорот на нашето училиште мр.Адријана Младеновска и Радивоје Миљиќ, директорот на ОУ,, Алекса Шантиќ”. Целта е реализирање заеднички проекти, размена на ученици, размена на искуства и заедничко одбележување значајни јубилеи. Претставници од нашето училиште три дена беа гости на срдечните домаќини во Белград. Оваа пролет и ние ќе го возвратиме нивното гостопримство и официјално ќе ја започнеме соработката.

ООУ ,,ДАНЕ КРАПЧЕВ” ПОД МАСКИ

Денес нашето училиште беше весело, распеано и шарено. Принцови, самовили, кловнови и јунаци од цртаните филмови ни го разубавеа денот. Наши гости денес беа и дечињата од градинката ,,Искра” со нивната наставничка Марија. На дефилето беа избрани десет најкреативни маски на кои им доделивме пофалници и награди. Благодарност до сите креативни ученици и наставници за вложениот труд.

🤡 ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СО НОВИ КРЕАЦИИ НА СЛЕДНАТА АПРИЛИЈАДА 🤡

Успех на натпреварот во гимназијата Алгоритам

Гимназијата АЛГОРИТАМ организираше натпревар по предметите англиски јазик и математика (PSAT 8/9 – меѓународен испит по англиски јазик и математика).

Право на учество имаат сите ученици од осмо и деветто одделение.

На натпреварот PSAT 8/9 (ReadiStep) 2022/2023 нашиот ученик Давид Арнаудов од VIII-4 со предметен наставник по математика Јулија Атанасова го освои првото место.

Му посакуваме успех и на натпреварите што му следуваат.

Четврта мобилност од Еразмус+ проектот BAR CODE

Од 27 февруари до 3 март се одржа четвртата мобилност од Еразмус+ проектот ВAR CODE.

Домаќин беше Information Technology High School, Belgrade од Србија. Учесниците беа обучени да ја користат програмата Scratch и да стекнуваат способности и техники со кои кодирањето може да се интегрира во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование.

Со примена на овие методи и техники, ќе се подобри  логичкото и алгоритамското размислување на учениците и способноста да се преиспитуваат идеите.

Цели на проектот:

се развиваат методи за одговорно и редовно решавање на проблеми;

обезбедува учење на основите на програмирањето;

– зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;

– ја поттикнува употребата на колаборативно учење во размена на информации.

разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;

-подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.

Активностите на проектот:  

27.02.2023

Четвртата мобилност од Проектот Erasmus+ KA-229 Barcode се реализираше во Information Technology High School, Belgrade од Србија. Наставници од Литванија, Португалија, Македонија и Турција беа пречекани од учениците и вработените, а воедно беа запознати со животот и работата на училиштето во Белград.

Подоцна во текот на денот се реализираа следните активности:

Важноста на кодирањето во игрите презентирано од вработен во UBISOFT Белград

Запознавање и креирање на Google Sites на тема наука и техника

Активноста  заврши со објаснување на дизајнот на играта Minecraft за оперативниот систем Windows 10.

28.02.2023

Денот беше посветен на креирање на страница Wix на тема Наука / ИКТ. Се запознавме со алгоритмот користен во апликациите и го применивме во виртуелните апликации на Minecraft.

Денот заврши со посета на Калемегдан

01.03.2023

Во текот на третиот ден акцент беше ставен на апликацијата Google Drive. Беа дадени насоки како да се користи Google Drive во наставата (создавање тестови, наставни материјали итн.)

По паузата беше реализирана работилница воScratch. Присутните програмираа вежби со примена на алатки за движење, анимации, вметнување аудио ефекти

Во попладневните часови го посетивме Музејот на наука и техника. Од приложените постановки во музејот, се вративме назад во времето и направивме една ретроспектива на технолошкиот развој од најразлични области

02.3.2023

Четврти ден на мобилност во Србија беше посветен на меѓуученичко натпреварување со материјали за кодирање. Учениците од ITHS од завршните години презентираа свои изработки како игри, Web страни со различна содржина, квизови како и практични апликации корисни во секојдневниот живот (курсна листа, туристичка мапа). Присутните беа во улога на оценувачи и преку Google forms ги евалуираа изработките на учениците.

По ручекот беше церемонијата на доделување сертификати на сите учесници во проектот.

Активностите продолжија со посета на Математичко-информатичкиот факултет во рамките на Белградскиот универзитет. Денот заврши со свечена вечера во национален ресторан

03.03.2023

Петтиот ден беше посветен на запознавање на присутните со проектите на кои училиштето домаќин работи. Мобилноста во Србија ја завршивме со активности за евалуација на стекнатите знаења, вештини и искуства.

По ручекот имавме можност да ја посетиме “Ада циганлија“ и да посветиме попладне на заедничко дружење и споделувања на искуства од нашата секојдневна работа.

Во продолжение погледнете го видеот кое го подготвија домаќините за оваа мобилност

                                                    

На 17 март, петок, во училиштето се одржа дисеминација на која беа споделени стекнатите знаења и искуства со наставниците во училиштето.

Успеси на регионалниот натпревар по француски јазик

На 25 март, сабота, се одржа регионалниот натпревар по француски јазик на кој нашите ученици покажаа извонредни резултати

Осмо одделение

Дејанчо Стојановски, второ место, ментор Анета Митевска

Дора Николова, трето место, ментор Јасмина Ѓоргиева

Деветто одделение

Сара Ангелова и Ања Јовановска го делат првото место – ментор Анета Митевска

Честитки и многу успех на државниот натпревар!

На натпреварот учествуваше и Леон Стојановски од 9-3 одделение кој исто така покажа одлични резултати.

“La Francophonie nous unit” – Заедничка приредба за Франкофонијата

По повод Меѓународниот ден на Франкофонијата, осум основни училишта од Скопје подготвија заедничка приредба со наслов “La Francophonie nous unit” („Франкофонијата нè обединува“) која се одржа во ООУ „Димитар Миладинов“ -Скопје на 21 март. На приредбата присуствуваа директорот на Францускиот Институт г. Иго Бештел, г-ѓа Љупка Димова – аташе за јазична и културна соработка во Францускиот Институт, советничката во БРО за француски јазик Кети Димковска и претседателката на ЗПФРМ Валентина Гацоска.

Нашето училиште го претставуваа десет ученички од деветто одделение – Адриана, Теона, Ева, Ања, Михаела, Сара, Јована, Клара, Јана и Луна. Тие настапија со две драматизации, за една необична мравка и за едно девојче кое постојано негодува.

По оваа приредба сакаме да ви најавиме приредба за Франкофонијата во нашето училиште која ќе се случи при крајот на учебната година. Тогаш ќе Ви ги претставиме нашите точки но и точките на нашите етвининг партнери од Италија.

Во продолжение неколку фотографии од настанот