Дводневна екскурзија на учениците од 6 одд.

На 3 и 4 мај со учениците од VI одделение беше реализирана дводневна екскурзија во Источна Македонија. Негувањето на културата и традицијата се составен дел од едно општество, па затоа ние со нашите ученици од шестите одделенија посетивме најразличните предели во источниот дел на нашата татковина, се запознавме со нивната архитектура, култура, традиција, посетивме голем број споменици, музеи, знаменитости, географски обележја, се дружевме, се забавувавме и градевме хумани вредности.

120 години од смртта на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 120 години од погибието на апостолот на македонското револуционерно движење Ѓорѓи Гоце Николов Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја кој се борел за македонската кауза и зачувување на македонскиот народ и идентитет.

Апостолот на македонското револуционерно движење загинал на 4 мај 1903 година во заседа што била поставена кај селото Баница. За неговата смрт постојат неколку верзии, но има една непобитна вистина: Целиот живот го посветил во борба за ослободување на Македонија. За својата Македонија го дал и својот живот.
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”
“Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”
“…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…”

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Во Баница загина македонскиот идеолог Гоце Делчев, а во Дреновската клисура војводата Пере Тошев
На денешен ден Македонија изгубила двајца големи синови, македонскиот идеолог и апостол Гоце Делчев и македонскиот револуционер и војвода Пере Тошев.

Изработиле: КРЕАТИВЦИ

28 Април – Светски ден за безбедност и здравје

ООУ”Дане Крапчев” го одбележа 28 Април Светскиот ден за безбедност и здравје. За таа цел се одржа едукативно предавањe за учениците од 3-то одделение од страна на стручни лица од Премиум Сејфти Солушн, за подигнување на свеста и важноста од безбедна и здрава работна средина.

Успеси на оркестарот и хорот

Честитки за учениците членови мандолинскиот оркестар како и за членовите на хорот при ООУ „Дане Крапчев“ за освоеното прво место со 100 бодови на општинските и регионални натпревари!

БРАВО ученици! БРАВО за наставникот Ванчо Јовчев!

Одиме на државен натпревар…. 🙂

ПОКАНА за запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/24 година

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Сл.весник бр.161 /19) општинско основно училиште ,,Дане Крапчев“ – Скопје објавува

ПОКАНА

за запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година

Право за запишување  во прво одделение имаат:

*деца родени 2017 год., односно кои до крајот на календарската 2023 година ќе наполнат 6 години.

*деца кои до 31 јануари 2024  ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и со добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.

За запишување во прво одделение потребни се следните документи:

*Лична карта од родител  – на увид,

*Извод од матична книга на родени за детето (копија и оргинал извод на увид)

Врз основа на член 60 став 2 при запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави:

1.Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа. Потврдата за примени вакцини треба да се земе од советувалиште за вакцини или т.н. вакцинални пунктови.

2.Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа. Потврдата за систематски преглед на заби може да се извади од поликлиника, каде што има ординација за детска и превентивна стоматологија.

3.Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.

4.За  запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и Мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

5.За запишување на детето кое ќе наполни шест години до 31 јануари 2024, потребно е  претходно родителот односно старателот да поднесе  писмено Барање за запишување  во училиштето и по добиено позитивно Мислење од педагогот или психологот

Родителот односно старателот потребно е најпрво да пополни Пријава за запишување на детето во рамките на училиштето секој работен ден од 08 до 16 часот. По доставената пријава родителот односно старателот ке биде телефонски контактиран од страна на Комисијата за запишување во прво одделение.

НАПОМЕНА:

При запишувањето на детето во прво одделение родителот односно стартелот е должен да ја достави целата наведена документација.

                                                                                                          ООУ„Дане Крапчев“-Скопје

                                                                                  Комисија за упис на ученици во прво одделение

Денот на планетата Земја – Активности на биолошката секција

Во пресрет на Денот на Планетата Земја учениците од биолошката секција при нашето училиште учествуваа на настан организиран од МЖСПП под мотото “Инвестираме во знаење-се грижиме за планетата”.

Globe претставува меѓународен проект за заштита на животната средина каде преку едукација на учениците се комбинираат науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво, во функција на осознавање на животната средина.

Како активни реализатори на протоколите од програмата GLOBE ја презентиравме нашата работа и изработивме постер на тема заштита на животната средина. Нашите ученици на настанот имаа прилика да разменат искуства со други ученици и се запознаа со процесот мониторинг на квалитет на амбиенталниот воздух.На настанот беа доделени и сертификати за придонес на наставниците и учениците,а беше врачен и инфрацрвен термометар кој ќе го користиме во практичните изведби. Голема благодарност за сите ученици кои секојдневно собираа податоци и учествуваа во изработка на постерот и училишното пано по повод 22 Април.

Одговорни наставници

Б. М. Личева и Д. Китановска.

Трето одделенците го одбележаа 22 Април – Денот на планетата Земја

Нашите трето одделенци и компанијата за производство на амбалажа ,,DS Smith” заедно го одбележаа: 🌎 ,, 22 Април – Денот на планетата Земја”🌎🌿🌿 ТИЕ беа наши гости, ние учествувавме на нивниот ликовен конкурс и за нив цртавме во чест на планета Земја…. Потоа 🌿 НИЕ бевме нивни гости – 🌿 ТИЕ ни овозможија од блиску да видиме со што се занимаваат, подготвија подароци за секој од нас и ги наградија најкреативните ликовни творби. Во едно се сложивме : 🌿 СИТЕ НИЕ треба да се менуваме! 🌿 НИЕ треба да ги менуваме навиките ако сакаме да ја сочуваме нашата 🌎

BARCODE – Реализирана Петтата и последна мобилност во Турција

Од 10 до 14 април 2023 година се реализираше последната мобилност во рамките на Еразмус плус проектот BARCODE на која учествуваа наставниците Анета Митевска, Марина Пејковска, Билјана Стојановска и Весна Кочова.

Активности реализирани на проектот:  

Наставниците од Литванија, Португалија, Македонија и Србија најпрво бевме пречекани од учениците и вработените со културно – уметничка програма, а потоа се  запознавме со животот и работата на училиштето во Денизли.

Потоа во текот на мобилноста се реализираа следните активности:

  • Учениците ни презентираа игри кои ги креирале самостојно, користејќи го mBlockv.5.4.0 софтверот. Подоцна софтверот беше проверен од партнерите каде изработивме кодирачки игри. Направивме Ардуино вежба и подоцна наставниците од Турција организираа STEAM предавање користејќи интерактивни игри за да го научиме јазикот.
  • За време на посетата имавме ликовна активност со учениците користејќи  Ебру техника и работилница – „Уметност на мермер“ (креативна и неограничена комбинација на бои на мрсна вода).
  • Го посетивме образовниот центар Актепе, каде што гледавме час по роботика за деца од основно училиште, при што тие програмираа роботи и играа кошарка со роботи. Имавме можност и уживавме и ние наставниците во  работата со учениците играјќи кошарка на еден поинаков дигитален начин.
  • Го посетивме и средното техничкото училиште Орхан Абалиоглу, кое има 1200 ученици и различни отсеци – храна, електроника, ИТ, автоматизација, електротехника и обработка на дрво. Тоа е најдоброто технолошко училиште во регионот Денизли.
  • Во текот на денот извршивме ИТ експерименти користејќи го програмскиот јазик Arduino, тестиравме систем за паркирање програмиран од учениците. Создадовме игри; тестиравме 3D очила и програми за симулација, кои учениците ги користеа за правење едноставни проекти, како што се работа со трактор или багер за градежништво, поправки на патишта итн.
  • Мобилноста во Турција ја завршивме со активности за евалуација на стекнатите знаења, вештини и искуства и споделувања на искуства од нашата секојдневна работа.
  • Во попладневните часови имавме можност за заедничко дружење и запознавање со бројните прекрасни историски места на Денизли: Лаодекија, Хиераполис, Памуккале со неговите уникатни травертини, Фетије.

Резултати од регионалниот натпревар по биологија

Резултати од регионалниот натпревар по биологија одржан на 07.04.2023.

VII одд.

Тара Спасиќ и Александар Маџовски ПРВА НАГРАДА

Софија Мијалковска и Дамјан Петровиќ ВТОРА НАГРАДА

VIII одд.

Теона Јовева ПРВА НАГРАДА

Дејанчо Стојановски ВТОРА НАГРАДА

Ученици од VII и VIII одд. продолжуваат на државен натпревар.

IX одд.

Ања Јовановска и Јована Ивановска – ТРЕТА НАГРАДА , без пласман на државен натпревар.

Честитки за освоените награди!

Ментори Бојана М.Личева и Душанка Китановска.

Официјалните резултати се достапни на: МАКЕДОНСКО БИОЛОШКО ДРУШТВО