Активности за 8 Март

По повод 8 Март, Денот на жената учениците од Секцијата за мултикултуризам и интеркултурализам изработија 70 креативни честитки со посвета кои беа поделени на вработените во училиштето припаднички на понежниот пол (наставнички, технички персонал, директорот на училиштето, стручната служба и образовните асистенти). Насмевка и задоволство ги красеше нивните лица.
НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ!
ЧЕСТИТ 8 МАРТ!

Нова активност на ученичкиот парламент

ДЕНЕС , нашиот УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ создаде нова , оригинална и несекојдневна приказна во СТАРСКИОТ ДОМ ,,РУСКИ”🌺🌹⚘️. Денес ја испочитувавме жената, ја испочитувавме староста и подарувавме. За возврат добивме искрени насмевки, прегратки и животно искуство. Нашата порака е ,, НЕ ЖАЛЕТЕ ШТО СТАРЕЕТЕ ТОА Е ПРИВИЛЕГИЈА КОЈА МНОГУМИНА ЈА НЕМААТ” …..И во иднина ќе продолжиме да создаваме оригинални приказни – тоа сме ние УЧИЛИШЕН ПАРЛАМЕНТ – ДАНЕ КРАПЧЕВ !!!

Дане Крапчевци на Ѕвон

Повторно нашите ученици во најдобро светло го претставија училиштето на МТВ ,,Ѕвон”. Преку игри, забава, танц, драматизација, креативност ни покажаа колку посветено и одговорно ја креираат својата иднина и личност, ни покажаа како треба да се негува културното наследство, како да ги браниме своите права, но и да бидеме доследни кон одговорностите. Навистина ,,Дане Крапчев” е огледало на успесите на нашите ученици.