Меѓуетничка интеграција во образованието

Проект на УСАИД ,, Зајакнување на социјалната кохезија “- Спортски игри

   

Среда, 18.04.2018 година во нашето училиште беа спроведени спортски активности како дел од проектот на УСАИД   ,, Зајакнување на социјалната кохезија “ во Р.Македонија . Целта на проектот е да ја зајакне меѓуетничката интеракција меѓу  децата и да го унапреди меѓукултурното образование.

Во спортските активности кои траеа 120 минути учествуваа 75 ученици од трето одделение од ООУ ,,Дане Крапчев” и ООУ,, 25 Мај ” – од Скопје.

Учениците од двете училишта , а и наставниците заедно со нив добија можност да се дружат –  учениците   заедно да се радуваат на  успесите во игрите, а наставниците да разменат професионални  искуства.

Извештај  бр. 2

Во склоп на програмата за меѓуетничка интеграција во образованието беа реализирани следниве активности за месец октомври 2017 година:

  1. Слушање песни и ора од различни националности и анализирање на видовите носии со учениците од 5то одд.
  2. Запознавање со традиционална храна, народни носии, народни песни и ора на ромите, албанците и македонците со учениците од 5то одд.
  3. Читање и запишување на поговорки од различни култури на хамер и особеностите на поговорките и пораките кои се пренесуваат во различните култури со ученици од 6то одд. на часот по класична култура во европската цивилизација
  4. Изработка на иконографија за историјата, јазикот, обичаите и културата на различните етнички групи кои живеат во Македонија со ученици од 7мо одд. по предметот историја

Координатор:  Весна Трајковска

 

                                                                                                                                                 Извештај  бр. 1

 Во склоп на програмата за меѓуетничка интеграција во образованието беше реализирана предвидената активност за месец септември 2017 година: одбележување на Европскиот ден на јазиците, 26 септември.

За таа цел беше подготвена приредба со повеќе точки кои пригодно го одбележаа овој ден. Меѓу другото беше изведена познатата песна Т’га за југ на 6 јазици: македонски, англиски, француски, германски, албански и ромски јазик.

Потоа беа испеани песни на француски, англиски и ромски јазик, а беа претставени наградени песни од ученици, како и народни песни на дијалекти од Македонија. Исто така беше изведен и мал скеч на француски, јазик, а преку  проектни таблоа беа преставени главните карактеристики на Лондон, Италија и Холандија со зборови и слики

Приредбата беше изведена во холот  на нашето училиште пред ученици, наставници и гости од францускиот институт.

Ова беше убава можност учениците да се претстават со свои точки и да ги доближат различните јазици и култури на останатите.

Координатор:  Весна Трајковска

 

„Различна нација, различна вера, сплотени за раце во иста атмосфера“

-Цели:

-претставување преку поетско читање, песни на различни јазици;

-да осознае дека преку песната може да се искажат чувства кои секој може да ги разбере без разлика на јазикот на кој е напишана;

-развивање љубов кон пишаниот збор и песната;

-развивање позитивен другарски однос;

-развивање и поттикнување на позитивни емоции

На ден 23.12.2016г. во рамките на проектот ,,Меѓуетничка интеграција во образованието,, под мотото „Различна нација, различна вера, сплотени за раце во иста атмосфера“,  ученици од нашето училиште  пред своите соученици  се претставија  преку поетско читање и рецитирање песни на различни јазици. Истите творби имаа можност преку истражување на интернет да ги слушнат  во нивната музичка верзија исто така на различни јазици.

Учесници беа учениците од предметна настава од VIII и IX одделение.

Одговорни наставници: Катица Стојчевска, Елена Малинова, Роза Jаневска

This slideshow requires JavaScript.

Новогодишна мултиетничка трпеза

На 29.12.2016 г.со почеток во 17 часот, активот од I одделение ја реализира активноста „Новогодишна мултиетничка трпеза“. Истата е планирана во акциониот план на „Тимот за соработка со родители“ со цел учество на родителите во животот и работата на училиштето. Исто така активноста е испланирана во рамките на проектот  „Меѓуетничка интеграција во образованието“ а со цел учество на родителите од сите националности застапени во нашето училиште со подготовка на традиционални јадења и запознавање со истите.

Секој одделенски наставник  во соработка со родителите од својата  паралелка ја истакна целта и организираше подготовки на активностите за мултиетничката трпеза со традиционални јадења. Сите  ученици и нивните родители активно се вклучија и учествуваа во  истата. На мултиетничката трпеза можеше да се види традиционална храна од секоја етничка заедница: селско месо, сутлијаш, разновидни пити и погачи, кифли, макала, ајвар, баклави, алва, божиќни колачиња, природни цедени сокови и друго. Мултиетничката трпеза  овозможи подобрена соработка помеѓу родителите, учениците и наставниците како и поголемо запознавање на различните јадења, развивање чувство на почит на разликите, разбирање и вреднување на традиционалните вредности на секоја култура.

Активноста помина со големо учество и во многу пријатна и весела атмосвера на големо задоволство на сите. Затоа искажуваме голема благодарност до сите ученици и родители од I одделение  за  учествoто  и  успешната  реализација на оваа активност.

Одделенски наставници: Билјана Трајановска,  Даниела Салтирова, Жаклина Атанасовска,  Светлана Пешовска

This slideshow requires JavaScript.

Новогодишна забава со мултиетничка трпеза во IV одд.

This slideshow requires JavaScript.

МУЛТИЕТНИЧКА ТРПЕЗА

Во рамките на Проектот за „ Меѓуетничка интеграција во образованието“  на 20.12.2016  во 10.30 h.  се одржа новогодишна Мултиетничка трпеза  во организација на активот на  трето одделение. Мултиетничката трпеза е планирана активност од програмата на тимот за Соработка со родители. Секој одделенски наставник  во соработка со родителите од својата  паралелка организира  активности за подготовка на традиционални јадења. Сите  ученици и нивните родители се вклучија во  истата. На мултиетничката трпеза можеше да се види традиционална храна од секоја етничка заедница: сарми, гравче, баклави, мантии, пити, божиќни колачиња…  Мултиетничката трпеза  им овозможи на учениците развивање чувство на почит , разбирање и вреднување на традиционалните вредности на секоја култура.

Благодарност до сите ученици и родители од III одделение  за  учествoто  и  успешната  реализација на оваа активност.

Одделенски наставник: Лидија Велковска

This slideshow requires JavaScript.