Приредби

Одбележување на Франкофонијата

На 10.04.2017 во ООУ „Живко Брјковски“ се одржа одбележување на Франкофонијата. На настанот учествуваа 15 училишта од Скопје кои се претставија со рецитали, песни, глума, танци и изложба. На настанот присуствуваа и ученици од нашето училиште со нивните наставници.

This slideshow requires JavaScript.

ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ “ДАНЕ КРАПЧЕВ” – СКОПЈЕ – 2017

На 03.02.2017 година со почеток во 12 часот во просториите на ООУ Дане Крапчев , беше обележан патрониот празник на училиштето , односно 39 години од постоењето на училиштето. Беше организирана пригодна програма , во која учествуваа ученици од училиштето. Со ритмички точки се претставија учениците од I – V одд. Тие настапија со следната програма :

I – ритмичка точка на песната Чадот во градот – под раководство на наставничката Даниела Салтирова

II – ритмичка точка  на песната Во светот на приказните– под раководство на наставничката Лидија Ѓоргиева

III– ритмичка точка Зумба – под раководство на наставничката Лидија Велковска

IV – ритмичкa точка Танго , Валцер , Ча – ча –ча – под раководство на наставничката Елизабета Георгиевска

V – ритмичка точка Пасо добле – под раководство на наставничките Даниела Торковска и Елизабета Ордева

Училишниот хор под раководство на наставничката Роза Јаневска , настапи со две композиции , изведба на химната на училиштето и композицијата Пеперуга – од Ј.С.Бах.  Нашата колешка по музичко образование , во живо се претстави со песната Ој, Јано Јано “ , со која изведба предивика овации кај публиката.  Матрицата за песната ја изготви Ванчо Јовчев ( наставник по музичко  во нашето училиште).

Пријатната атмосферата беше надополнета и од страна на училишниот оркестар под раководтсво на наставникот Ванчо Јовчев , а тие изведоа исто така две композиции :Песните на Ана – од Хенри Манцини – за соло  обоа , виола и оркестар , и Море сокол пие која во живо ја испеа нашата поранешна ученичка Дина Јашари. А за сето тоа така да звучи помогнаа и Сара Трајановска и Ана Димовска исто така поранешни ученички во нашето училиште.

Овој патронат започна малку понеобично од сите други , кога на сцената беше изведена и монодрамата  за Дане Крапчев , напишана од страна на наставничката Јагода Филиповска , а во изведба на Лука Карагунов и Катерина Илиевска.

Изразите на лицата на посетителите , вработените , учениците ,  градоначалникот на општината и претставниците од различни институции и фирми со кои училиштето соработува , говореа за успешноста на приредбата и времето поминато во добра атмосфера. А за сето тоа да изгледа така се погрижи координаторот на тимот за културно забавен живот , во нашето училиште Даниела Торковска.

 

Координатор на тимот

за културно забавен живот

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.

 

Новогодишна приредба III-4 одд.

На 22.12. 2016 год со почеток во во 18ч. III-4 одделение приреди новогодишна претстава за родителите. Во рамките на вонаставните активности кои ги реализираме во нашето училиште, нашето одделение широко ги отвори вратите за сите родители и другите членови на нивните семејства. Задоволсвото на наставникот е најголемо кога ќе види среќни лица на своите ученици и задоволни родители. Денес како наставник тоа задоволство имав прилика да го почувствувам. Моите третооделенци со нивниот вложен труд ни приредија топла новогодишна атмосфера во која уживавме сите. Со успешни рецитации, драматизации, песни и ритмички точки беа главни sвезди на новогодишната приредба. Нивниот успех во изминатово полугодие беше крунисан со оваа новогодишна празнична претстава. За миг ги сплотиј

а сите присутни, и возрасните и учениците и не пренесоа во прекрасен новогодишен сон. Благодарност до учениците за нивниот покажан резултат и благодарност до родителите за покажаниот интерес и внимание.

Оддделенски наставник

Грујовска Јованка

This slideshow requires JavaScript.

Прием на првачињата во детска организација

Во периодот од  периодот од 3-7 .10.2016 год.  во нашето училиште  се организираа активности за одбележување на Детската недела.

Во понеделникот на 3.10.2015  год. на одделенскиот час се читаа одредбите од Конвенцијата за правата на детето и се разговараше за детските права.

Во текот на оваа недела првачињата  ја вежбаа свечената изјава.

Во текот на неделата се лепеа маркичките со логото на детската недела.

Во училишниот хол беше поставена ликовна изложба од детски трудови.     ,,Правата на децата” .

Во петок на 7.10.2016 год. се одржа приредба по повод приемот на првачињата во Детската одрганизација ,каде тие го дадоа свеченото ветување и со тоа тие беа примени во детската организација.

prvacinja priem pp

Прием на првачињата во нашето училише – 01.09.2016 год.

4
Сите се возбудени и децата и родителите и наставниците
1
Првата средба со учителката
Некои се срамежливи
Средба со новите другарчиња
Одиме во нашата училница
Веќе ја засакавме нашата учителка!

 

ПРВАЧИЊА, СРЕЌНО!