Државни натпревари

Пофалница на Државен натпревар по физика

Ученикот Јован Јанковски од 9-3 одд. – ментор Јулија Јанкуловска ,  на 19.05.2018  г. учествуваше на Државниот натревар по физика  и освои 55 поени и пофалница  .  На државниот натпревар учествуваа 127 натпреварувачи од целата земја, истиот се одржа во  ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје.

II МЕСТО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

 Ученикот Матеј Трејчевски од 9-1 одд. – ментор Елена Малинова ,на 19.05.2018г. учествуваше на Државен натревар по македонски јазик кој се одржа во Гимназијата ,,Орце Николов,, во Скопје и освои 2 место со 91 бод од вкупно 100 бода . На натпреварот учествуваше и Катерина Илиевска од 8-1 одд. – ментор Јагода Филиповска и освои 59 бода. На државниот натпревар учествуваа над стотина ученици од 9 одд и исто толку од 8одд. од училишта од целата држава. Честитки за Матеј и Катерина и им посакуваме уште многу успеси во иднина!

Прво место на државен натпревар

Училишниот оркестар под раководство на                        наставникот Ванчо Јовчев

Нашиот мандолински оркестар под диригентската палка на наставникот Ванчо Јовчев го освои I-то место со 99 бода на Државниот натпревар за оркестри во I категорија.

Натпреварот се одржа во Валандово на 13.05.2018 год. на истиот земаа учество 17 училишта од целата земја. Нашиот оркестар на натпеварот се претстави со композициите „Полонеза“ од М.К.Огински и „Бетовен“ од Гоце Коларовски.

Многу сме горди што се дел од нашато училиште и им честитаме на победата!

Државно првенство во гимнастика

 

 

На 24.04.2018 год. во Радовиш се одржа Државното првенство во гимнастика за основните училишта. На ова првенство учествуваа 60 – тина учесници од 10 училишта во Република Македонија. Нашето училиште го претставуваа ученичките: Ана Марија Митреска VI одд, Ивана Смилевска VI одд, Адријана Стоилевска IV одд и Јана Димовска IV одд, предводени од наставничката Андријана Трповска.

Ученичката Јана Димовска го освои III- то место во категорија 4-5 одделение во партер и прескок. На нашите гимнастичарки им честитаме на постигнатиот успех и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

Државен натпревар по Информатика

 

Оваа година за прв пат во организација на Здружението на информатичарите на Македонија беше организиран државен натпревар  по Информатика – информатичко размислување за учениците од IV до VIII одделение.  Нашите претставници во категоријата за IV одд. Никола Наумов и  Јане Ѓорѓиевски  VII одд  го освоија третото место. Честитки!

 

ПРВО МЕСТО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР

 

На 23 Март во салонот 1919 се одржа Франкофонска вечер во организација на Здруженито на професори по француски јазик и Националната комисија за Франкофонија од МОН. Во оваа пригода свечено беа доделени наградите од државниот натпревар по француски јазик за осмо одделение.

Нашата ученичка Катерина Илиевска од 8/1 одделение  освои Прво место.

На Кате ѝ честитаме за овој огромен успех и ѝ посакуваме уште многу успеси во животот

Наставник ментор – Анета Митевска

 

Кошарка

 

Денес, 22.03.2018, во спортската сала  „М.А. Ченто“ а во организација на нашето училиште се одржа Државното првенство во кошарка за женски од основните училишта.

Федерацијата на училишен спорт на Македонија  искажа задоволство од успешната  организација на  првенството.

Многу сме горди на нашите  кошаркарки кои го заземаа третото место.

ПЛАСМАН

🥇1 место ОУ ,,Јосип Броз Тито” – Струга
🥈2 место ОУ ,,Ванчо Прке” – Делчево
🥉 3 место ОУ ,,Дане Крапчев” – Скопје

 

I место на државен натпревар

 

 

ЧЕСТИТКИ за мандолинскиот оркестар при ООУ „Дане Крапчев“ – општина Гази Баба – Скопје, за освоеното ПРВО место на РЕГИОНАЛНИТЕ натпревари /Смотри со 100 бодови,….. и на ДРЖАВНИОТ натпревар што се одржа на ден 20.05.2017  во Кавадарци за освоеното ПРВО МЕСТО и 100 бодови. Чест и задоволство е да се работи со вака млади почитувачи и љубители на музичката уметност. БРАВО!

Професор – Ванчо Јовчев