Секции и слободни ученички активности

Средба со писателот Горјан Петревски

На ден 08.11.2017 година нашето училиште  ООУ ,,Дане Крапчев,, беше посетено од македонскиот писател за деца и млади Горјан Петревски .На организираната посетата присуствуваа ученици од библиотекарската секција предводена од наставник-библиотекар Елена Тасевска и ученици од шесто до девето одделение  заедно со наставниците  Јагода Филиповска , Катица Стојчевска и Елена Малинова.

На средбата беше промовирано новото издание на книгата ,,Марта,,  која го носи насловот  ,,Другата Марта,,  Писателот ја објасни идејата за продолжување на оваа книга која воедно е и лектирно издание во наставните содржини за осмо одделение. Учениците имаа можност да  поставуваат  низа  прашања за богатото творештвото на Горјан Петревски.  Писателот подари книги  за училишната библиотека од свое авторство но и книги потпишани од  негови соработници, по иницијатива на учениците посетата се заврши со потпишување на книгите од писателот.

И дел од учениците од петто оделение имаа чест да  остварат средба со писателот и да се запознаат со неговата дејност. На оваа средба  се разговараше за расказите на авторот кои се вметнати во учебникот за пето одделение по што следеше  рецитирање на лични творби од присутните ученици .

Наставник-библиотекар Елена Тасевска

Учество на „Голем одмор“

 

 

На 25.10.2017 учениците од ООУ „Дане Крапчев“ учествуваа во образовната емисија за деца „Голем одмор“. на МТВ1
Учествуваа ученици од I-2 одд., III-2 одд, VIII-1,2,3,4, IX-4. Учениците од I одд.  се претставија со стихотворба; oд III-2 одд.  со кореографија на песна од „Златно славејче“; драматизација, квиз, ликовно катче, песна на англиски јазик од ученичка од III одд., претставување на училишниот спот кој беше награден со I место на меѓународен натпревар.
Одговорен наставник: Лидија Ѓорѓиева

Европскиот ден на јазиците

На  25.09.2017год. во ООУ,, Димитар Миладинов,, се одбележа Европскиот ден на јазиците, во соработка со 7 основни училишта од Скопје меѓу кои активно  беше вклучено  и нашето училиште ,,Дане Крапчев,,. Училиштата подготвија штандови на десетина европски земји, на кои беше презентирана културата, знаменитостите како и традиционалните јадења од тие земји.

На 26 септември 2017, во Рамстор се одржа прослава   во организација на Францускиот Институт од Скопје и Делегацијата на Европската Унија,.
Неколку македонски и европски институции зедоа учество преку штандовска промоција на нивните книжевни фондови.
Исто така, беа организирани забавно-едукативни работилници за најмладите од страна на Францускиот институт во Скопје, Гете-институтот и центарот Данте Алигиери.

Овој настан го посетија и учениците од ООУ ,,Дане Крапчев,, кои зедоа активно учество на овие работилници.

Европскиот ден на јазиците беше одбележан и во нашето училиште каде на 29 септември 2017 година беше организирана приредба во која имаа учество ученици од шесто до девето одделение и кои пред своите соученици и вработените во училиштето настапија со повеќе точки на различни јазици.

Одбележувањето на овој ден е на иницијатива на Европскиот совет и претставува одлична прилика за подигнување на свеста на популацијата за значењето на изучувањето на јазиците и за промоцијата на културното богатство на Европа.

This slideshow requires JavaScript.

Ликовна колонија во с. Кучково

На ден 26.04.2017 ученици од ООУ “Дане Крапчев” беа учесници на традиционалната ликовна колонија во с. Кучково. Колонијата ја организира општина Ѓорче Петров. Оваа година претставник од опшина Гази Баба беше нашето училиште, а не претставуваа учениците Ева Алексоска IX-1 и Павел Наневски VI – 3. Изработените слики од сите учесници беа изложени на Првомајскиот хепенинг што исто така, го организираше општина Ѓорче Петров на платото пред крстот во с. Кучково.

Предметен наставник

по Ликовно образование

Марија Н. Наневска

УЧЕСТВО ВО ТЕЛЕВИЗИСКАТА ЕМИСИЈА  „ГОЛЕМ ОДМОР“

На ден 29.11.2016г. учениците  од нашето училиште „Дане Крапчев“  беа гости – учесници  во образовната програма Голем одмор-МРТ. Учесници беа учениците од предметна настава од VI до IX одделение.

На почетокот беше претставена личната карта на училиштето и проектните активности кои што се реализираат, а потоа учениците се претствија со работата во воннаставните активности и нивни изведби.

Се претставија учениците талентирани за ликовна уметност со своите ликовни творби,  работилница за новогодишни украси  и награди освоени од ликовни конкурси. Исто така  самостојно сликаа на слободна тема во текот на целата емисија.

Еко тимот преку креативните работилници се претстави со изработки – цветни аранжмани кои ги засадија во стари предмети кои ги пренаменија во саксии. Прикажани беа и дел од фустаните  од  модната ревија-рециклирана облека и се водеше разговор со младите креатори за нивните идеи за изработка на моделите и за одржаниот Еко настан-модна ревија Trash fashion .

Младите математичари освен тоа што се вешти во решавањето на задачи успешно се претставија со презентациите за животот и делото на познати математичари.

Литературните творци зборуваа за нивните учества на разни конкурси , а беше претставена наградената творба на одржаната II Книжевна манифестација “Есен во Гази Баба“ по повод Денот на Општината  3 Ноември на тема:„Прличев и Сердарот во мојот есеј“

Преку Квиз- натпревар учениците ги покажаа своите познавања од музичката уметност.

Дел од членовите на мандолинскиот оркестар успешно ја изведе Божиќната песна, а маладиот хармоникаш го свиреше македонското Свадбарско оро.

Во емисијата се претставија и учениците преку ритмички игри и соло пеење на  прекрасната француска песна Ma-philosophie.

Гостувањето во емисијата траеше од 10,30 до 11,30,а дружењето и позитивните емоции продолжија и се пренесоа во училиштето.

This slideshow requires JavaScript.