ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

Воннаставните активности претставуваат интегрално мошне значајно подрачје во севкупната воспитно-образовна дејност на училиштето.

 Училиштен спорт

Во учебната 2015/16 год. планирани училишни спортови кои ги нуди училиштето а се во коорелација со програмата за физичко и здравствено образование се спортските игри: футсал за машки, футсал за девејчиња, кошарка машки, кошарка девојчиња, одбојка девојчиња, ракомет девојчиња, пинг-понг. Одговорни наставници за училишниот спорт се: Зора Јовановска и Јордачно Тодосиев.

 Секции и слободни ученички активности

Преку слободните ученички активности се создава можност за индивидуализација на воспитно- образовниот процес, за задоволување и негување на индивидуалните интереси и способности на учениците. Според карактерот и содржината на работата слободните ученички активности се застапени како:

Слободни активности за проширување и продлабочување на знаењата и способностите на учениците

Преку слободните ученички активности се постигнуваат значајни воспитно-образовни резултати. Задачите на слободните ученички активности се: Да се поттикнува и негува детската љубопитност, сознајните способности и креативноста на учениците Учениците да се воведуваат во задачи кои бараат поголема самостојност во нивното извршување Да се негува доследност и истрајност во извршувањето на ученич-ките обврски Да се создаваат навики кај учениците за правилно и рационално користење на слободното време.

Културно-уметнички активности

Оркестар

Целта на училишниот оркестар е учениците да ги прошират знаењата и способностите од областа на музиката за кои покажуваат посебен интерес, определба и сензибилитет. Учениците да се оспособуваат за соработка и колективен однос во заедничка презентација на инструментални дела во училиштето и надвор од него.

Хор

Во нашето училиште, учениците имаат можност да учествуваат, покрај редовната настава и во други ученички активности. Во училиштето функционира училишен хор под раководство на наставникот по музичко образование Роза Јаневска. Хорот брои околу 30 ученици кои редовно ги посетуваат часовите (бројот на учесници во хорот е менлив поради новите паралелки кои преминуваат во предметна настава). За новите членови кои сакаат да учествуваат во училишниот хор е предвидена аудиција на почетокот на учебната година (септември). Хорот почнува со работа по завршената аудиција за избор на новите членови. Учениците ги посетуваат часовите по хор три пати во работната седмица и секој час е со времетраење од 90 минути. Во текот на учебната година хорот има можност да соработува и со други надворешни соработници, односно гостувања во други училишта, хорски смотри(општински, градски и државни), настап по повод најразлични збиднувања, училишен патронат и сл. Во текот на учебната година на високо ниво е соработката со родителите на учениците кои учествуваат во хорот и на истите им се нуди можност да присуствуваат на проби, натпревари, концерти и сл.

Спортски активности

– Во текот на учебната  година  се одржуваат општинските натпревари во футсал и кошарка (лига машки) и турнирските натпреварувања одбојка, ракомет, футсал и кошарка (женски) пинг-понг и крос натпреварите кои се во организација на ОСУСГБ и општина Гази Баба. Учество на натпреварите земаат ученици и ученички од 7, 8 и 9 одделение. Планот на натпревари е во согласност со планот на Општинскиот сојуз за училишен спорт во Гази Баба (ОСУСГБ).

Ученички натпревари

Ученичките натпревари се облик на активности преку кои еден ученик или група ученици се трудат подобро или побрзо да постигнат добри воспитно-образовни резултати. Натпреварите имаат значајна улога во развојот на личноста на ученикот. Преку нив се поттикнува и развива интересот на учениците кон одредена активност, па на тој начин се воспоставува активен однос кон наставата и вреднувањето на постигнатите резултати.Училиштето кое континуирано вложува во својот развој исоздава позитивна, продуктивна и стимулативна училишна климасоздава и ученици кои ќе го вложат својот максимум за реализацијата на сопствените афинитети и вештини. Правилното канализирање на енергијата која ја носи во себе ученикот и можноста да се надградува според афинитетите е одговорна задача на училиштето, кое го води ученикот кон портите на успехот. Секој ученик се гордее со своите лични постигнувања, како и со постигнувањата кои ги носи во име на училиштето. Клучот на успехот лежи во сите нас кои го поттикнуваме мотивот за самодокажување на учениците и желбата за афирмација во општеството.

а) Училишни натпревари

За учениците од IV – IX одделение ќе се организираат училишни натпревари во следните предмети: македонски јазик, англиски јазик, француски јазик, математика, физика, хемија, географија, биологија, историја, граѓанско образование, информатика, природни науки и техника, природа, општество.

б) Општински, градски или регионални натпревари

Училиштето ќе учествува на сите општински, градски и регионални натпревари кои ќе бидат организирани од страна на установите или институциите кои за тоа имаат одобрение од Министерството за образование и наука.На општинските, градските или регионалните натпревари ќе земат учество учениците кои покажале подобри резултати на училиш-ните натпревари. Во текот на учебната 2015/16 година ќе се одржат општинските натпревари во футсал и кошарка (лига машки) и турнирските натпреварувања одбојка, ракомет, футсал и кошарка (женски) пинг-понг и крос натпреварите кои се во организација на ОСУСГБ и општина Гази Баба. Учество на натпреварите завземаат ученици и ученички од 8 и 9 одделение (осумгодишно и деветгодишно). Планот на натпревари е во согласност со планот на Општинскиот сојуз за училишен спорт во Гази Баба (ОСУСГБ).

в) Државни натпревари

Учеството на учениците на државните натпревари зависи од резултатите постигнати на регионалните натпревари.Со цел да се поттикне интересот на учениците за учество на ученичките натпревари планираме: Осмислена организација и коректна реализација на училишните натпревари. Определување на квалитетни наставници за ментори. Давање на соодветна стручна помош или друга помош. Доследно спроведување на критериумите за наградување на ученик или група ученици. Во организацијата и спроведувањето на натпреварите се вклучуваат сите наставници чии ученици учествуваат на соодветниот натпревар.

Општествено хуманитарна работа

Во рамките на општествено хуманитарна работа на училиштето, тимовите за ,,Детска организација’’ , “Култрно-забавен живот ’’ и “Соработка со родителите’’  во текот на учебната година  реализираат активности со кои се одбележуваат низа настани, базари и празници. Во сите предвидени активности активно учество ќе имаат учениците, наставниците и родителите

Ученички екскурзии

Екскурзија е форма на воспитно-образовна работа со која на организиран начин се прошируваат општите и стручните знаења и ученичките сознанија за одредени подрачја од животот и работата на луѓето., се применуваат вештини и ставови преку непосредно запознавање на појавите, како и односите во природната и општествената средина, културно историските знаменитости, индустриските и земјоделските капацитети во согласност со воспитнообразовната работа на училиштето. Воедно учениците се запознаваат и со традицијата и обичаите во различни делови од Р. Македонија. Во зависност од интересите на учениците и од временските услови можни се и промени во планот за изведување на екскурзиите.

Ученичка училишна заедница

Училишна заедница е формирана со цел да се зајкне соработката помеѓу наставниците и учениците, потикнување на хуманоста и грижата на учениците за опшествената заедница, како и подобрување на работната атмосферата и клима во училиштето.

Детска организација

Со цел  да се посвети внимание на значајните датуми и настани од секојдневниот живот „Детската организација“ изготвува Програма и Акционен план по кој  се реализираат низа активности во кои активно учество ќе земат учениците,наставниците, родителите,Општината и соработници надвор од училиштето.

Организација на Црвениот крст

Во училиштето работат Подмлаткари на Црвениот крст и членувањето во организацијата е доброволно и по избор на учениците.  Оваа организација работи на: Создавање, развивање и негување хигиенски навики кај учениците,подигнување на нивото на здравствената култура,оспособување на подмладокот за укажување прва помош во случај на несреќи,како и водење постојана грижа за здравјето преку здрава исхрана и здрава и чиста средина за живеење. Развивање на чувства за хуманизам, солидарност, сочуство,толеранција и почитување по пат на разновидни игри и работа,а со тоа здобивање на пријатели и развивање на пријателството. Постигнатите знаења и резултати Подмладокот на Црвениот крст  ги спроведува низ познатите традиционални форми за проверка на знаењата и способностите што ги организира Црвениот крст како што се :натпревари, конкурси и други форми на соработка .