Посети

Правилна исхрана – одлична иднина

Продолжуваме со реализација на проектот: ,,Правилна(здрава)исхрана-одлична иднина“  во рамки на МИО по добиениот Гранд од МОН.  Учениците од ООУ,,Дане Крапчев,, и ООУ,,25 Мај,, беа во заедничка посета на ВИТАЛИЈА – Фабрика за производство и преработка на здрава храна. Поминавме еден прекрасен ден во дружење и запознавање со процесот на преработка, производство и пакување на здрави производи од „Виталија“.

Посета на „Зоолошката градина“- Скопје

На 07.06.2018 г. учениците од II одд. заедно со нивните наставници реализираа посета на „Зоолошката градина“- Скопје и на „Природонаучниот музеј Македонија“ – Скопје. Во овој период по предметот природни науки  се изучуваше темата ,,Растенијата и животните околу нас ”. Учениците преку оваа посета имаа можност  да ги прошират своите знаења за  животните  и растенијата и  да уживаат во меѓусебното незаборавно дружење во зоолошката градина.

Денови на електротехника 2018

На седмата по ред манифестација Денови на електротехника 2018 во организација на СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје, тимот од ООУ „Дане Крапчев“ со ментор: Јулија Јанкуловска и ученици: Матеј Трајчевски, Петар Стефановски и Јован Јанковски го освоија четвртото место на градскиот натпревар во кој учествуваа   36 основни училишта со нивните тимови.

Во сколоп на манифестацијата на 22.5.2018 ја посетивме хидроцентралата- музеј Матка.

Патување со воз

На 21.05.2018 г. учениците од III-1, III-3, III-4 одд. заедно со нивните наставници реализираа патување со воз на релација Скопје – Велес – Скопје. Во овој период по предметот општество се изучува темата ,,Сообраќај”. Учениците преку оваа посета на железничката станица и патувањето со воз имаа можност во пракса да ги прошират своите знаења за железничкиот сообраќај, професиите врзани за истиот и да уживаат во незаборавното патување. Голема благодарност до сите вработени од Македонска железница кои ни беа љубезни домаќини во текот на посетата и патувањето.

Посета на општина Гази Баба

Учениците од четврто оделение на 03.04.2018 година беа во посета на Општина Гази Баба.

Целта на посетата беше учениците да се запознаат со функцијата градоначалник и други вработени во општината.

Беа топло пречекани од страна на градоначалникот Борис Георгиевски кој ги  запозна со функцијата градоначалник и со други вработени во општината и нивните работни задачи.

Јавно се заблагодаруваме на поканата,срдечниот прием и пречекот.

Втор меѓународен фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“

Во рамките на Вториот меѓународен фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“ кој се одржа во Скопје во периодот од 15-19 октомври 2017 год. под мотото „Горе да ги издигнеме срцата“, учениците од  шестто до деветто од-деление при ООУ. „Дане Крапчев“, предводени од Роза Јаневска – наставник по Историја, Елена Тасевска – библиотекар и Даниела Ристеска – наставник по Етика во религии,  заедно со ученици и од други основни училишта го посетија овој фестивал на 19 октомври на неговото затворање насловено како „Детска Духовна Академија“.

Според програмата на фестивалот се одржа духовна трибина, поточно разговор со наставникот по етика во религии Драги Анастасовски, со кој разговараа на тема: Што е грев и како да се справиме со него? Учениците беа воведени во разговор со наставникот, дебатираа и одговараа на прашања.

Потоа, го проследија филмот „Манжетни“ и после истиот продолжија со уште една кратка дебата.

На крај, ги проследија настапите на двата хора и беа поздравени од претседателот на фестивалот Проф. Д-р Јован Таковски, директорката на фестивалот Зорица Костовска и од гостите од Република Српска и Романија.

Даниела Ристеска – наставник по Етика во религии

 

Посета на Францускиот Институт во Скопје

На 12.05.2017 година (петок) Учениците од шесто и седмо одделение од ООУ „Дане Крапчев“ и наставничката по француски јазик Анета Митевска ја посетија #медијатека во Францускиот Институт и се запознаа со нејзините ресурси. Тие работеа на вокабулар за дивите и домашни животни и се забавуваа низ педагошки активности и квизови достапни на веб страната на ТВ5 Монд.

Les élèves de l’école “Dame Krapcev”, avec leur professeur de français Aneta Mitevska, ont visité notre #médiathèque et ont fait la découverte de ses ressources.
Ils ont travaillé sur le vocabulaires des animaux sauvages et domestiques et se sont amusés avec les activités pédagogiques disponibles sur TV5MONDE.

Наставник по француски јазик Анета Митевска

This slideshow requires JavaScript.

ПОСЕТА НА ОПШТИНА “ГАЗИ БАБА“

 

This slideshow requires JavaScript.

Учениците од IV одд. по предметот ОПШТЕСТВО ја изучуваат темата „Општина“  По тој повод беше организирана посета на Општината „Гази Баба“.  Општината ја посетија сите ученици од IV одд. со своите наставнички. Во текот на посетата беа примени во кабинетот на Градоначалникот Тони Трајковски. Потоа  во салата за седници на Советот на општината водеа разговор со стручни соработници вработени во општината.

Посета на фабриката за производство на  „Viva “ сокови

На 23.03.2017 год. учениците во трето одделение при О.У. “Дане Крапчев“ од Скопје, беа мали помошници во произведувањето на Вива соковите 🙂 Поминавме супер претпладне, а целата атмосфера ви ја пренесуваме преку неколку фотографии.

This slideshow requires JavaScript.

Новогодишна театарска претстава

 

 

This slideshow requires JavaScript.

V одд. ПОСЕТА НА КИНО – Филм “ Ваијана – Потрага по митскиот остров”

На 19.12.2016 (понделник) учениците од петтто одделение при ООУ “Дане Крапчев” – Скопје , беа  во посета на  киното “ Cineplexx “ , со цел да се запознаат со киното  како дел од медиумската култура и да го доживеат амбиентот во него и да ја воочат разликата во проследување филм во домашни услови и кино сала. Учениците  го проследија авантуристичкиот анимиран филм “ВАИЈАНА – Потрага по митскиот остров”.

 

            

 

СОДРЖИНА: Главниот лик е Моана, ентузијаст за пловење по морето, и единствената ќерка на шефот на голем број  луѓе со способност за одлична навигација. Кога на нејзиното семејство и треба нејзината помош, таа тргнува на епско патување. Моана ги користи најзините навигациски вештини за да отплови на митскиот остров. На авантурата  и се придружува нејзиниот херој, легендарниот полубог Мауи.

Одделенски наставник: Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.

Посета на Собранието на Република Македонија

Секој последен петок во месецот, како и овој на 25 ноември 2016 година, се одржа Отворен ден за посета на зградата на Собранието на Република Македонија. Ова претставуваше можност учениците од V одделение од ООУ “Дане Крапчев” да го разгледаат свечениот дел на зградата на законодавниот дом, како значајно обележје на македонската државност.Сето ова е дел од содржините кои се изучуваат по предметот општество во петто одделение. Целта беше учениците да се запознаат со начините на функционирање на институциите на системот и да стекнат нови сознанија за работата на институциите на системот.

This slideshow requires JavaScript.

Посета на театар

На ден 14.11.2016 год. Учениците од I до  V од нашето училиште беа во посета на Македонската опера и балет и имаа можност да јо проследат Музичко сценската претстава „ Роденденот на принцезата Ева„

This slideshow requires JavaScript.