Соработка со локална средина

Патување со воз

На 21.05.2018 г. учениците од III-1, III-3, III-4 одд. заедно со нивните наставници реализираа патување со воз на релација Скопје – Велес – Скопје. Во овој период по предметот општество се изучува темата ,,Сообраќај”. Учениците преку оваа посета на железничката станица и патувањето со воз имаа можност во пракса да ги прошират своите знаења за железничкиот сообраќај, професиите врзани за истиот и да уживаат во незаборавното патување. Голема благодарност до сите вработени од Македонска железница кои ни беа љубезни домаќини во текот на посетата и патувањето.

НАСТАП НА ПЛОШТАД ВО АВТОКОМАНДА – АПРИЛИЈАДА 2017

Ученици од V и II одделение од нашето училиште , под раководство на нивните наставнички Даниела Торковска и Лидија Ѓоргиева , во петокот на 31.03.2017 учествуваа на Априлијадата која традиционално ја организира општина Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата , која се одржа на плоштадот во Автокоманда , каде учениците од V и II одделение настапија со ритмички точки “Пасо добле” и “Во светот на приказните”. На Априлијада 2017, учество земаа ученици од основните училишта и деца од детските градинки од општина Гази Баба.

Одделенски наставник

Даниела Торковска

ПОСЕТА НА ОПШТИНА “ГАЗИ БАБА“

Учениците од IV одд. по предметот ОПШТЕСТВО ја изучуваат темата „Општина“  По тој повод беше организирана посета на Општината „Гази Баба“.  Општината ја посетија сите ученици од IV одд. со своите наставнички. Во текот на посетата беа примени во кабинетот на Градоначалникот Тони Трајковски. Потоа  во салата за седници на Советот на општината водеа разговор со стручни соработници вработени во општината.

 

СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА СПОРТ И СПОРТСКИ РАЗВОЈ “Hit & Run”

На 14.03.2017 (вторник) во фискултурната сала на ООУ “Дане Крапчев” , Центарот за спорт и спортски развој “Hit & Run” одржа кратка презентација на нивната работа. За учениците   од I – V одделение беа организирани полигони и штафетни игри кои на забавен начин создадоа таква атмосфера што на крајот од активностите децата не беа ни свесни колку корисна и сериозна работа одработиле, исполнети со позитивна енергија, поттикнати од смеата, натпреварувањето и меѓусебното бодрење. Основната задача беше создавање на интерес и љубов кон здравиот живот и спортот уште од најрана возраст. Активностите беа водени од дипломирани професори и тренери на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Даниела Торковска

 

Месец на штедење со НЛБ Банка

По повод Месецот на штедењето,  во нашето училиште а во соработка со НЛБ Банка на 17 Октомври беа организирани работилници со учениците од II-1  одд.(ооделенски наставник Данче Костовска)  и III- 2 одд. ( одделенски наставник Лидија Велковска). На почетокот учениците преку приказната за Штуки и Тиби беа запознаени со користа и потребата од штедење а потоа цртаа на тема „Штедиме со Штуки и Тиби“.

Денес ( 28.10.2016 год.) Беше организирана изложба на цртежите во просториите на НЛБ Банка. Покрај нашето училиште на овој настан учествуваа и уште четириесет други училишта од целата земја и беа изложени преку 1700 цртежи . На сите училишта им беа доделени благодарници за учество на настанот.  Соработката со НЛБ Банка ќе продолжи и истата ќе се продлабочува. Преку фотографиите ви претставуваме дел од трудовите на нашите ученици и моменти од денешната изложба.

This slideshow requires JavaScript.