ИНФОРМАЦИИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Во некои училишта прецизно ги информираат родителите каде бесплатно може да се извадат лекарски потврди за запишување во прво одделение, но во други не

За запишување ученик во прво одделение во основно училиште потребни се фотокопија од Извод од матичната книга на родените за детето, фотокопија од лична карта на родителите, потврда за систематски преглед од стоматолог и потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа. Лекарските потврди збунија дел од родителите кои запишуваат деца во училишта што не прецизирале каде да се извадат. Така, не знаејќи дека може бесплатно да ги добијат, плаќаат за нив.

Потврдите што се вадат кај лекарите во поликлиниките кои се дел од пунктовите за вакцинација, како и во ординациите за детска превентивна стоматологија се бесплатни. Матичните лекари, пак, имаат право да наплатуваат за овие документи.

– Издавањето на сите видови лекарски уверенија што ги издаваат матичните лекари (општ, педијатар, стоматолог) не се на товар на Фондот за здравствено осигурување. Ако се издаде потврда од здравствената установа каде што се вршат систематски прегледи, односно се вакцинираат деца, тогаш потврдата е бесплатна за осигурениците – велат од Фондот.

Во дел од училиштата во информацијата за запишување првачиња е наведено дека лекарското уверение, т.е. потврдата за примени вакцини треба да се земе од советувалиште за вакцини или т.н. вакцинални пунктови, а потврда за систематски преглед на заби од поликлиника, каде што има ординација за детска и превентивна стоматологија. Во некои е наведено и кои установи се најблиску. Меѓутоа, во друг дел, во објавената информација не е прецизирано каде може да се извадат потврдите, па некои родители одат кај матични лекари и плаќаат за услугата.

– Зедов потврди од матичен педијатар и од матичен стоматолог и за нив платив по 150 денари. Дури отпосле дознав дека можело и да не платам – вели Маја Ристевска.

Од Министерството за образование велат дека општините им посочуваат на училиштата каде може да се добијат овие потврди.

Според Законот за основното образование, при запишување на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.

– Во врска со потврдата од стоматолог, во 2012 година Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование и наука препорача при запишувањето во прво одделение родителите, покрај потврдите за систематски преглед, за нивните деца да достават и потврда за систематски преглед од стоматолог одговорен за нивното училиште. Ова е со цел да се пристапи кон спроведување на мерки за остварување на превенцијата на кариесот, со што ќе се овозможи остварување на целите одредени со Националната стратегија за превенција на орални заболувања – објаснуваат од Општина Аеродром.

Овој месец се запишуваат првачиња за учебната 2018/2019 година. Уписот го врши комисија во училиштето.

 

– Во информацијата наведовме дека е потребна потврда од надлежна здравствена установа. За нас не е проблем дали е од матичен лекар или од тимовите во поликлиниките – вели Перо Арсеновски, директор на скопското Основно училиште „Лазо Ангеловски“.

Инаку, запишувањето на првачињата во прво одделение важи за сите деца што до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца што се родени во 2012 година. Детето може да се запише во прво одделение и доколку наполни шест години до 31 јануари наредната 2019 година, но по претходно барање од родителите (старателите) и добиено мислење од стручните служби во училиштето.

Ако родителот сака да го одложи запишувањето во училиште, треба да поднесе барање до училиштето и да добие мислење од педагогот или психологот што работи таму. На барање на родителот, за една година може да го одложи и здравствена установа, ако се утврди дека детето не е подготвено за на училиште, по направено тестирање.

УПИС НА ПРВАЧИЊА

Почитувани родители !!!

Основното училиште ,,Дане Крапчев,, од 02.05.2018 до 31.05.2018 година ќе врши упис на ученици во прво одделение. По тој повод на ден 30.04.2018 година од 8:00 до 16:00 часот ги покануваме сите заинтересирани родители чии што деца ќе бидат првачиња да го посетат нашето училиште се со цел за да се запознаат со училиштето, начинот на работа и организираност, наставниците и стручните соработници.

Во прво одделение ќе можат да се запишат оние деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно родени до 31 декември 2012 година.

По барање од родител и добиено мислење од училишниот педагог или училишниот психолог во прво одделение ќе можат да се запишат и деца родени до 31 јануари 2013 година.

Покана за упис може да добиете од училишниот педагог или психолог во училиштето или да се јавите на тел.бр. 02525-292

За упис во прво одделение за деветгодишно образование потребни се следниве документи :

  1. Извод од матична книга на родени, може да биде постар од 6 месеци ( оргинал на увид и фотокопија);
  2. Лекарска потврда за задолжителните примени вакцини;

Напомена потврдата издадена од детско одделение е бесплатна, а од матичен лекар се наплатува 300 ден

  1. Потврда од стоматолог ( издадена од Поликлиника Ченто а не од приватен стоматолог);
  2. Лична карта од двајцата родители на увид.

Ве известуваме дека во училиштето се организира и дневен престој.

Извештај бр. 2

       Во месец октомври беше одбележан денот на здравата храна.

Нашто училиште беше гостин во  МТВ во емисијата ,,Мал одмор,, каде учество земаа и родители од прво и второ одделение.

Акцијата ,,Јас прочитав –прочитај и ти‘‘ која беше планирана за месец октомври ќе се реализира во првата недела во ноември.

Еколошката акција ,,Ајде Македонојо‘‘ не се реализираше затоа што Владата на РМ ја откажа истата.

 

Координатор:  Елизабета Ордева          

 

Извештај број  1

 Планираните активности за месец септември се реализирани .

За овој месец беше и е реализирано запознавање на родителите со организационата поставеност на училиштето, нивните права и одговорности и правата и одговорностите на учениците . За таа цел се одржаа родителски средби и одржан е состанок на Советот на родители.

На состанокот на Советот на родители родителите дадоа предлог  да се организира хуманитарна акција за донирање на смалени ученички униформи за оние ученици на кои  истите им се потребни . За таа цел беше прочитано соопштение на  одделенскиот  час, а дополнително  учениците и родителите беа информирани со флаер (кој е истакнат на видно место во училиштето). Оваа акција ќе  се реализира во текот на целата учебна година.

Координатор на тимот за соработка на родители :  Елизабета Ордева

 

                                                           Родител – наставник

Во почетокот на месец  декември  во активот на III одделение се одржа час по македонски јазик кој го реализираше родител.  Часот беше планирана активност од програмата на тимот за Соработка со родители а го одржа родителката Маја Кaраџоска – професор по македонски јазик.

Во текот на часот се читаа литературни творби, учениците дискутираа, одговараа на прашања и откриваа  елементи на литературна творба.  Родителката им ја пренесе важноста на читањето на учениците и им ја пренесе пораката

“Дете кое чита ќе порасне во човек кој мисли со својата глава”.

Одделенски наставник: Лидија Велковска

This slideshow requires JavaScript.

Мултиетничка трпеза – активности во соработка со родителите

 

И повторно се покажа дека родителите на нашите ученици се секогаш подготвени за секаков вид на соработка. Во периодот пред новогодишните празници беа организирани  Мултиетнички трпези во сите одделенија од одделенска настава. Во активноста се вклучија голем број родители со тоа што приготвија и презентираа традиционални јадења од различни националности и со тоа им овозможија на нашите ученици да се запознаат со дел од нивната традиција и култура и подобро меѓусебно да се запознаат. Благодарност до сите родители за  поддршката што ни ја дават во сите наши активности !

This slideshow requires JavaScript.

Почитувани родители!

Во текот на оваа седмица, одделенските наставници ќе организираат работилници за новогодишно украсување на училниците. Ве повикуваме активно да се вклучите и воедно да придонесете за пријатниот амбиент во училиштето.

Во периодот од 26.12.-30.12.2016 г. повторно се планираат активности во рамките на Проектот – Меѓуетничка интеграција и тимот за Родителска соработка. Активноста е под наслов  МУЛТИЕТНИЧКА ПРЕДНОВОГОДИШНА ТРПЕЗА . Предновогодишната трпеза ќе ја подготват родителите и наставниците со тоа што ќе приготват традиционални национални  јадења.  Учениците и родителите гости ќе имаат можност да ги вкусат јадењата и да се запознаат со начинот на нивното приготвување.  Поблиски информации за овој настан ќе добиете од одделенските наставници.

Ве повикуваме масовно да се вклучите и да поминете пријатни мигови со Вашите деца и наставниците!

НОВОГОДИШНА РАБОТИЛНИЦА СО РОДИТЕЛИ ВО I -3 одд.

На 09.12.2016 год. со почеток во 17.00 часот во училницата на I-3 одд. беше реализирана новогодишна работилница.

Работилницата беше планирана и организирана од одделенскиот наставник Жаклина Атанасовска, учениците и нивните родители, со цел – изработка на новогодишни украси и украсување на училницата.

На работилницата присуствуваа 11 родители и 10 ученици. Во текот на истата во пријатна атмосфера и ведро расположение, во траење од два часа беа изработени поголем број декоративни украси кои беа поставени во училницата.

На општо задоволство, училницата е прекрасно украсена и учениците ќе имаат можност да престојуваат во прекрасен новогодишен амбиент.

This slideshow requires JavaScript.

Распоред на ѕвонење

%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d1%95%d0%b2%d0%be%d0%bd%d0%b5%d1%9a%d0%b5

Raspored-za-priemen-den-na-nastavnici

 

Дневен ред за првата родителска средба

  1. Запознавање на родителите со наставниот план и програмa за паралелката во учебната 2016/17 година;
  2. Поделба на учебници и потпис од родители;
  3. Избор на родители за претставници во Совет на родители;
  4. Информација на родителите за постоењето на Тимот за следење , анализа и подршка на оценувањето и процедурата за поплаки и жалби по добиена оцена;
  5. Запознавање со училишниот ред и кодексот на однесување на родителите, учениците и наставниците;
  6. Информација за Годишната програма на училиштето за тековната учебна година флаери);
  7. Информација за советување на родителите според „Законот за основно образование“ по член 64;
  8. Известување на родителите за продолжување на собирната акција на стара хартија и пластични шишиња, донирање на цвеќиња и учество во уредување на училиштето-Еко проектот;
  9. Потпишување изјава на родителот за здравствената состојба на ученикот ( I – IX одд. )
  10. Потпишување договор кај одговорен наставник со училишната кујна за Дневен престој;
  11. Потпишување изјава за известување на родителите за додатна и дополнителна настава;
  12. Информирање на родителите за ужинка и потпишување на изјава;
  13. Потпишување изјава за снимање на ученици ( I одд. и сите други што ја немаат);
  14. Информација на родителите за самостојна набавка на ученичките униформи во продавница од ГТЦ;
  15. Договор за обезбедување, осигурување, потребни материјали;