СТРУЧНИ АКТИВИ

Стручен актив на одделенска настава

Координатор: Данче Костовска-Јакимовска

Стручен актив на општествено јазична група  предмети

Координатор:  Елена Малинова

Стручен актив на природно-математичка група предмети

Координатор:     Лиле Сарваноска

 

ИЗВЕШТАЈ БРОЈ 1

На 30.08.2017 година  се одржа средба на членовите од стручниот актив на одделенска настава. На средбата беа присутни  сите наставници од активот и стручните соработници во училиштето. Врз основа на добиените сознанија по посетената обука за “Професионален развој на наставниците“ , како и од анализата на “Прирачниците за професионален развој“, се изготви акционен план за работа на стручниот актив во учебната 2017-2018 годинa.

На средбата беа дадени задолженија за присутните да извршат пополнување на скалата за компетенции и врз основа на добиените резултати да го изготват својот личен план за професионален развој.

На 31.08.2017 година  во присуство на наставниците-членовите од стручниот актив и стручните соработници во училиштето повторно беше одржана средба на стручниот актив на одделенска настава.

Како  што претходно беше побарано од наставниците, сите присутни со себе го понесоа изготвениот личен план за професионален развој. Преку поединечна анализа беше извршено групирање на индивидуалните потреби за стручно усовршување на наставниците и стручните соработници во училиштето.

Врз основа на добиените сознанија за најчестите компетенции за кои има најголем интерес за унапредување, а во консултација со училишниот тим за професионален развој, на средбата одржана на 5.09.2017 год. беше изготвена програмата за работа на стручниот актив во која  беа  распределени сите активности кои ќе се реализираат во текот на учебната година и беше извршено креирање на училишната политика за професионален развој на наставниците и стручните соработници во училиштето

-Планираните активности за месец Септември се реализираа во предвидениот рок.

Координатор: Данче Костовска-Јакимовска

Координатор:  Елена Малинова

Координатор:     Лиле Сарваноска

ИЗВЕШТАЈ БРОЈ 2

Стручниот актив на одделенска настава според изработенaта училишна програма за  професионален развој за учебната 2017/2018 година, за месец октомври  имаше планирано дисеминација на тема,, Реализирање акциони истражувања за подобрување на професионалната практика “  во реализација на педагогот на училиштето Габриела Пљачковска .

Активноста од оправдани причини не беше реализирана во предвидениот рок и беше одложена за месец декември.

За месец ноември  предвидена  е дисеминација на тема “Иновирање, креирање и мотивација на учениците во реализација на наставниците по француски јазик Јасмина Ѓорѓиева и Анета Митевска.

Координатор: Данче Костовска-Јакимовска

Координатор:  Елена Малинова

Координатор:     Лиле Сарваноска